Автор: Валентина Неловска
Post Views: 1 На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија. „ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи...
Стојаноски: Општина Охрид нема разидување со барањата на здружението „Стар Лагадин“
Post Views: 1 Мирослав Котевски , претседателот на Здружението „ Стар Лагадин“ истакна ние се бориме против Општиот акт за село Лагадин кој беше донесен од општината во ноември 2015 година. Тој општ акт ги поништува или ги заменува урбанистичките планови. Многу е смешно еден општ акт кој се применува за села кои немаат никаква инфраструктура да се примени за едно од најатрактивните подрачја на Охридско езеро, истакна Котевски. „ Општиот акт дозволува сите што имаат куќи во Лагадин да имаат можност да изградат хотели. Замислете на што ќе личи тоа. Нити инфраструктура има а...
Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата
Post Views: 4 Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број...
Во пораст авантуристичкиот туризам во охридскиот регион
Post Views: 4 Два повици за помош во различни ситуации, во еден ден, пристигнале до охридските волонтери за спасување на планина. Параглајдерски тандем не можел безбедно да слета заради лошите временски услови, а млад брачен пар од Естонија останале на планината Галичица откако им се расипло теренско возило, информира Антонио Додевски, професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи. Во авантуристичкиот туризам ситуациите излегуваат од контрола и има потреба од специјални тимови, појаснува Додевски. „Како што кажав два...
Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина
Post Views: 5 Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ,...
За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд
Post Views: 4 Јане Петков е кондиционо подготвен утре да постави нов светски Гинисов рекорд во водите на Охридското езеро. Тој ќе плива 3,5 км со врзани раце и нозе во вреќа, иако неговата здравствена состојба е специфична со ниски вредности на хемоглобин во крвта. Со цврста верба во себе, со помош на јогата и техниките на дишење, нумерологијата и покрај непредвидливите струења на ладните води во езерото, Петков верува дека на Охидското езеро ќе постави светски рекорд и ќе го собори рекордот на индиецот Гопал Карди. Во текот на подготовките во Охрид, Петков добил несебична...
Програмата „Креативна Европа“ достапна за сите субјекти од областа на културата
Post Views: 2 Одржана инфо сесија за промовирање на Програмата на ЕУ „ Креативна Европа“. Програмата е достапна за македонскиот културен креативен сектор за организирање на фестивали, активности од културното наследство, архитектурата, дизјанот, визуелните уметности, информира Билјана Прентоска, од Министерството за култура , раководител на канцеларијата за „ Креативна Европа“. Фокусот на проектите ќе биде ставен на подпрограмата култура и медија програми, а Прентоска кажува кој се може да аплицира до оваа програма на ЕУ. „ Квалификувани се сите културни и креативни сектори...
Скопскиот Театар Комедија настапува на Охридско лето со „Мизантроп“ од Молиер
Post Views: 5 На Охридско лето ќе се игра Молиеровиот „Мизантроп“ кој е драматуршка потрага по човекомразецот во пиесата. Театар Комедија од Скопје со вечерашната премиерна изведба ќе го донесе на фестивалската сцена Мизантроп како плод на меѓународна соработка на македонските актери со црногорски тим на театарски уметници, напоменува Сашо Ристовски директор на Театар Комедија. „Драго мие што сме со Мизантроп од Молиер. Се радувам што соработуваме со меѓународен тим на уметници како што се режисерот Ана Вукотиќ, кореографот Сона Вукичевиќ, сценографот Јелена Томашевиќ,...