Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Човекот амфибија со помош на јога руши рекорди

Post Views: 3 Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот. „ Мојот хемоглобин е низок, но...

Продолжи со читање

Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа

Post Views: 4 Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. „Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален...

Продолжи со читање

Во пораст приходите од продадени влезници во Самоилова и Заливот на коските

Post Views: 5 Во касата на НУ Завод и музеј, во мај и јуни годинава, се инкасирале скоро двојно повеќе пари од продажба на влезници во два културно историски објекти, во споредба со истите месеци од минатата година. На Самоиолова тврдина во јуни годинава е остварен приход од продадени влезници во висина од 700.000 денари , а во мај 680.000 денари. За дват а месеци, пак минатата година биле инкасирани по 360.000 денари во јуни , а во мај 375.000 денари, информира Елеонора Новаковска директор на НУ Завод и музеј. Овој приход е резултат на продадени влезници и ваучери од...

Продолжи со читање

Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“

Post Views: 6 Во Белчишта, општина Дебрца отворена е ликовната колонија „Дебрца 2018“. Интернационалната културна манифестација одбележува 34 годишно постоење и е со најдолга традиција во земјава. Тука низ годините твореле врвни уметници од земјава и околните земји. Ликовниот уметник Ѓоко Целески, осовачот на колонијата, ги претстави годинешните учесници, а специјална благодарница му врачи на Јосиф Ефтимоски, претседател на УО и помагател на Колонијата. Поетите, професор д-р Мито Спасевски и Петко Шипинкароски имаа обраќање и читаа песни. На свеченото отварање на Ликовната...

Продолжи со читање

Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар

Post Views: 3 Градоначалникот Јован Стојаноски и Рада Комадина ,главниот соработник на градскиот совет на Мостар, ставија потпис на Договор за пријателство и соработка меѓу двата градови. По долгогодишни заеднички дружења, средби, разговори и соработки меѓу двете држави БиХ и Македонија, и на двата градови, пристапивме кон потпишување на договор за соработка на градови кои имаат статус на заштита под Унеско, рече при тоа Стојаноски. Подвлече дека врските меѓу двете земји, БиХ и Македонија се долги, со традиција, а ќе продолжат и во иднина. „ Отвараме нова ера на заедничка...

Продолжи со читање

Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018

Post Views: 14 Утре официјално стартува летната туристичка сезона 2108 . Со богата програма и гостување на врвни музички имиња и годинава Охрид ќе биде привлечна дестинација за одмор. Забавата почнува во 18 часот кај кружниот тек на пристаниште со концерт на Исмаил Луманоски и Лозано. Продолжува во 19 часот и 30 мин. на пристаниште на сцена на брод со настап на локални диџеи. На антички во 21:30ч. ќе се одржи концертот на Масимо Савиќ. Музичкиот спектакл ќе се следи и преку видео бим на кружниот тек на градскиот плоштад. Потоа забавата продолжува со познати Диџеи како што се...

Продолжи со читање

Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура

Post Views: 4 Неколку локални патни правци во општина Дебрца ќе се реконструираат, а за други ќе се изготви техничка документација. Југозападниот плански регион доби 26 милинои денари пари од националната програма преку Бирото за рамномерен развој за да се инвестира во подобрување на условите за живеење на жителите од 6 општини од регионот меѓу кои е и општина Дебарца. Објавен е тендер за 3 проекти реконструкција на старата училишна зграда во село Волино, за изработка на техничка документација за локални патишта и за поправка на руинираната патна инфраструктура. „Во Општина...

Продолжи со читање

Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа

Post Views: 4 Лесковчани се жалат дека во делови од населбата во овие летни денови се без доволни количини од вода за пиење. Од Проаква признаваат дека има проблем со водоснабдувањето во село Лескоец. Тоа се должи на изградбата на фекалната канализација во должина од 400 метри на улицата 15 -ти Корпус, проект на Локалната  самоуправа, а на истата линија поминува и водоводната мрежа, информира Владимир Алексијески директор на МЈП Проаква. „Заради дотраеност на таа цевка со потресите за време на работата се јавуваат дефекти кои ние секој ден ги санираме. Вршиме обнова на тие...

Продолжи со читање