Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Градските автобуски постојки се без возен ред

Post Views: 203 Автобуските постојки за линиски сообраќај во Охрид се без возен ред. Граѓаните реагираат  дека чекаат долго автобус на линскиот превоз затоа што не се информирани кога и за каде автобусите поаѓаат. До редакцијата на ТВМ се пожали охриѓанец кој минатата недела чекал на постојката кај гимназија градски превоз за населбата Видобишта. Дури  по час и половина дознал дека  нема возен ред и градска сообраќајна  линија во недела. Вели ако имало поставено информација на постојката дека во недела не се вози на градскиот линсики превоз немал да загуби непотребно толку долго...

Продолжи со читање

Надлежните незаинтересирани во Охрид да ја вратат нумизматичката поставка од банката Сосиете женерал

Post Views: 99   Непроценливата колекцијата со монети сеуште ја поседува  Сосиете Женерал Охридска банка наместо градот Охрид. Нумизматичката збирка содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век и беше подарок во 2005 година од некогашна Охридска банка за градот Охрид. Охридскиот археолог Даница Бачева творец на поставката уште пред три години апелираше нумизматичката поставка како движен споменик на културата од банката и да и се отстапи на градот.  Таа го повика градончалникот и наделжните институции да се зложат колецијата да се врати во Охрид.   Веќе 9 години Охридска...

Продолжи со читање

Промовирана едицијата„ Црните страници на Удба“

Post Views: 202 На 13.500 старници е промовирана  едицијата на документи со наслов  „Црните страници на УДБА“.  Едицијата го опфаќа периодот на делување на тајните служби врз поединци па дури и цели семејства кои имале идеи за независна и обединета Македонија во периодот од 1945 до 1990 , па и до 2000 година. Во државниот архив има 15.000 досиеја, а се објавени 202 досиеја. Има и еден дел од лустрираните кои се занимавале со уништување на туѓи животи, посочува директорот на Државниот архив Филип Петровски „Наша иницијатива е еднострана. Она што го објавивме е само почеток и претпоставуваме ...

Продолжи со читање

Охрид за еден месец новогодишно ќе блесне со стари и нови декоративни украси

Post Views: 104 За еден месец се очекува да започне новогодишното украсување на градот. Во тек е  објавата за избор на најповолен понудувач кој треба да направи амбинетална  и свечена пред новогодишна атмосфера. За декорирање на градот од општинскиот буџет се наменети 1.200.000 денари.Годинава се најавува и новина во декорацијата на  градските улици.   „Се надеваме дека и годинава градот Охрид ќе биде добро украсен од фирма која ќе го добие тендерот и ќе го украси централното градско подрачје. Со нашите реквизити ќе биде проширено украсувањето и некои улици и делови од градот  кои...

Продолжи со читање

Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп

Post Views: 119 Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени  од кирии. Издавачите на станови,  деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства  кои  оствариле  приходи треба да пријават  данок аконтативно и со годишни даночни  пријави.  Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука  наменета за сите  субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на...

Продолжи со читање

Мостот на желбите остана без поставените хороскопски знаци

Post Views: 117 Мостот на желбите што води кон Канео повторно е во лоша состојба. Дел од оградата  е разнишана, а дел одсечена од паднато дрво. Дрвените штици исто така попуштиле под налетот на југот, а светилките се или искршени или не светат. Сето тоа ја  загрозува безбедноста на минувачите. Иако подолго време се најавува изградба на нов мост кој полесно ќе го поврзува Канео  со центарот на градот од неговата изградба досега нема  нешто конкретно. Останавме без одговор од локалната самоуправа  до каде е постапката со изгрдбата  на новиот мост.  Од општината од есента 2015  најавуваат...

Продолжи со читање

Изложени oсумдесеттина цртежи од учениците кои ја посетуваат Бреин о Бреин програмата

Post Views: 115 Одржана изложба на учениците кои ја посетуваат Бреи обреин програмата. Малите мозочиња  покажаа дека поседуваат и ги развиваат бројните вештини и  талентот за цртање. Шест деца учествуваа на Арт хепенингот во Скопје и се стекнаа со сертификати.„Направивме избор на најуспешните 6 цртежи и учествуваме во Скопје. Таму стручни лица направија избор на најуспешните и беа изложени во културен центар во Скопје. 6 најуспешни ученици се здобија со сертификат за учеството. Цртежите беа многу искрени и креативни, рај за очи“,  нагласува ментрот Валентина Кузманоска. Покрај тие...

Продолжи со читање

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, инвеститорот АД Илинден сеуште нема одобрение за градба

Post Views: 99 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан каде што треба да се гради Домот нема никакви градежни активности.Изградбата  беше најавувана  дека ќе стартува  во 2016 година  според договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД Илинден кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува...

Продолжи со читање

Охридските овоштари имаат потреба од стручни совети во фитосанитарната заштита на овошките

Post Views: 96 Овоштарите од охридско имаат потреба од стручна едукација во областа на фитосанитарната заштита на растенијата. Тоа ги вклучува и насадите со цреши  и јаболка. Во рамките на Твининг проектот на Европска унија италијански експерти ги пренесоа искуствата. Тие  во соработка со македонските фитосанитарни  инспектори од Факултетот за земјоделство и шумарство и охридското здружение „ Охридска черешна 2015“ организираа трибина за интергирано производство.  „Ние сме збунети од климатските промени. Не секогаш успеваме на време да реагираме со соодветни препарати или примена...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески ги посочи досега сработените проекти за време на неговиот мандат

Post Views: 254 Градоначалникот Никола Бакрачески даде  отчет за досега сработените проекти  во општина Охрид за време на неговиот мандат.  До сега успеавме да инвестираме над 179 милиони  денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и  дополнително  уште  пет кружни  токови.  Изградивме  нови  линии  за атмосферска и  фекална  канализација во должина  од  12 570  метри во  вредност  од над  89 милиони денари,  а поставени  се  водоводни  линии  во  должина  од  8 000  метри  со ...

Продолжи со читање

Од ЈП Колекторски систем задоволни од процентот на наплата

Post Views: 243 Добар е процентот на наплата за услугите од ЈП „Колекторски систем“. Од почетокот на оваа година корисниците кои имаа добиено сметки за потрошена количина вода добиваат сметки и од ЈП „Колекторски систем“. За услугата одведување и пречистување на отпадни води плаќаат редовните корисници на домаќинствата од Охрид и Струга, а додека сопствениците на викенд станови добиваат сметки само ако имаат потрошено вода, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“. Засега сме задоволни со наплатата за услугата за одведување и пречистување на отпадните...

Продолжи со читање

Преработувачите на млеко од oхридскиот регион стравуваат од млечна криза

Post Views: 102 Во охридско и Дебрца драстично е паднат бројот на сточари кои произведуваат млеко како суровина за преработувачката  индустрија. Пред 20 години  млекопреработувачката индустрија Лабрадор имала 90 кооперанти, а во моментов тој број е сведен на 35 производители на млеко, вели Славко Николоски од Лабрадор. „Тоа е една од големите опасности која им прети на млекопрераработувачите како што е Лабрадор. Се помалиот број на кооперанти и лица кои се занимаваат со сточарство на територијата на општините  Охрид и Дебрца. Во изминативе 2 децении бележи пад на лицата кои се занимаваат...

Продолжи со читање