Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На денешната седница охридските советници прашуваа, а градоначалникот одговараше

Post Views: 3 Охридските советници на денешната седница прашуваа, а градоначалникот одговараше. Од говорницата се слушнаа бројни актуелни прашања од сите сфери на општественото живеење на Охрид. Гордана Коњаноска, советничката од редовите на Вмро дпмне постави праашње поврзано со лошата состојба во кој е колекторскиот систем. „ Дали се работи нешто во насока на координација помеѓу локалната и централната власт околу грижата за колекторскиот систем. Какви треба да се нашите очекувања во таа насока“, праша советничката  Коњаноска. За ова најгорливо еколошко прашање за градот...

Продолжи со читање

Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвени во близина на мостот веднаш да ги отстранат

Post Views: 6 Сопствениците на пловните објекти кои ги закотвиле своите чамци во непосредна близина и под мостот на каналот веднаш да ги отстранат, повикуваат од охридската Капетанија. „Пловните објекти кои се под мостот Билјанини извори да бидат дислоцирани бидејќи се врши попречување на пловидбата“, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Устијаноски потсетува на универзалното правило во пловниот сообраќај, бродчињата и чамците да не се паркираат под мост. „Се стеснува пловниот пат посебно под нашиот мост кој некогаш се подига и остануваат...

Продолжи со читање

Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не функционира

Post Views: 5 Од охридската регионална комора реагираат дека не профункционира Законот за спречување на нелојалната конкуренција во регионот. Има занаетчии кои работат на црно, вели Сашо Богоески претседател на Регионалната занаетчиска комора „ Од кој причини не знам. Наша цел не е да бараме нерегистрирани занаетчии, тоа е обврска на пазарната инспекција. Ние одиме по пријава на занаетчиите дека некој друг од сродниот занает врши незаконско работење“, појаснува за состојбите во охридската занаетчиска фела, претседателот на Регионалната занаетчиска комора. Со последните...

Продолжи со читање

На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопаниот асфалт покрај патот

Post Views: 4 Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира. Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен. Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за...

Продолжи со читање

Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло

Post Views: 5 Во водите на Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Месните жители кои биле сведоци на појавата испратија видео и фотографии до редакцијата на ТВМ. Тврдат дека вчера во претпладневните часови во речното корито забележале пена од непознато потекло и не знаат од каде доѓа и кој ја предизвикува. Како што тврдат пената по кратко време се стврднува, подига и лета низ воздухот. Стравуваат дека непозната супстанца може да биде штетна по здравјето на луѓето, но и животната средина. Некои од мештаните ги наводнуваат градините со вода од речното...

Продолжи со читање

Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне

Post Views: 3 На каналот Студенчишта и оваа летна сезона ќе нема одбележени паркинг места каде што ќе се врзуваат пловните објекти. Сопствениците и понатака ќе се снаоѓаат кој како знае и умее за да ги закотват пловилата на безбедно место. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни од Капетанија ни од Локалната самоуправа, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ. Каналот беше заедничко место за приврзување, се правеше со компромис за сместување на пловните објекти, напоменува Устијаноски. При тоа...

Продолжи со читање

Ресорнотo министерство ќе субвенционира изградба и реконструкција на рибници

Post Views: 4 Сопствениците на рибници ќе бидат субвенционирани за производство на риби. Ќе добиваат средства за изградба на нови и реконструкција на постојните риболовни пунктови. За оваа намена се предвидени еден милиони денари. За нивно опремување 1,5 денари и еден милион денари за изградба и реконструкција на мандрите за традиционален лов на Дојранско Езеро. Во охридско има 2 рибници во кои се одгледува риба. Тоа се рибниците во селото Опеница и кај Прентов мост. Корисниците на средства за изградба на нови капацитети може да бидат фирми кои се регистрирани за дејност во...

Продолжи со читање

Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули

Post Views: 2 Се прават завршните технички подготвки за пуштање во употреба на двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Набавено е потребното количество на хлор, а според тоа како течат зафатите се очекува негово официјално отварање за пливачите и рекреативците на 1 јули, информира Гордана Јованоска директорот на ЈП Билјанини извори . „ Направени се сите сервиси на инсталациите за хлорирање и дезинфекција, поправен е и компензациониот базен. Потребно е чистење, а тоа ќе се направи во претпоследните денови за да нема дополнително чистење. Годинава на базенот ќе работат 2-...

Продолжи со читање