Автор: Валентина Неловска
Post Views: 20 Во тек се уписите во детската градинка Јасна Ристеска. Се испраќа старата и се пречекува новата генерација дечиња. Запишани се 862 деца, а интересот за сместување на децата во градинка е постојано во пораст. Има 390 барања за сместување, а на листа на чекање за слободно место се евидентирани 120 дечиња. Тие ќе бидат згрижени во 43 групи во 9 објекти на ЈОУДГ Јасна Ристеска. Децата ќе бидат сместени во 5 објекти и 4 просторни објекти во Пештани, Лескоец, Велгошти и населбата Радојца Новичиќ, информира Ирина Милеска, директор на детската градинка Јасна...
Во охридско нема пријави за угинат добиток
Post Views: 14 ЈП Охридски комуналец е надлежно претпријатие за собирање и отстранување на угинати животински мрши. Пцовисаните домашни животни се одлагаат на специјалната депонија Мауцкер, информира Стевчо Маслов од ЈП Охридски комуналец.„ Согласно програмата за работа на ЈП за јавна хигиена имаме ставка третирање и собирање на угинати животни . Како ЈП имаме обврска да ги собереме угинатите напуштени или домашни животни во посебни садови. Тие се носат на локација на Мауцкер каде што има специјална јама, изградена по стандарди каде што имаме пристап само ние. Тоа е...
Охридскиот пливачки маратон нема да згасне
Post Views: 8 Традицијата нема да згасне, ќе има Охридски пливачки маратон, најави охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Охридскиот маратонот кој има 6 децениска традиција, ќе се одржи на 10 -11 септември. Во одржувањето на оваа спортска манифестација животот го вложиле плејада охридски пливачи и биле надминати многу проблеми. Се најде спас за одржување на маратонот после вчерашниот координативен состанок на општината со пливачките клубови, контактите со Агенцијата за млади и спорт и понудената помош од бизнис заедницата од градот и надвор, рече охридскиот градоначалник...
Градот ќе го спасува пливачкиот маратон
Post Views: 8 Градот прави обиди да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Општината се вклучува да го спаси 60 –тото јубилејно издание на маратонот, откако Пливачката федерација се откажа од организацијата поради блокирана жиро сметка . Оваа вест која вчера ја соопши Претседателот на државата, кој е покровител на манифестацијата, наиде на бурни реакции во охридската и македонската јавност. Во изминативе 12 часа, по откажување на Охридскиот маратонот веднаш се испратени покани до странските пливачки маратонци , а главното прашање за наградниот фонд е сеуште отворено,иако има...
Охриѓани ќе штедат струја според навиките
Post Views: 8 Гответе во помали садови или во садови соодветни на големина на ринглата, користете бојлер само кога ви е потребно, машната за перење да биде полна, и двата апарати користете ги по можност на ефтина струја, во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување и за загревање на просторот во грејната сезона, ова се само дел од владините препораки до граѓаните за штедење струја. Препораки за штедење на електричната енергија има и за фирмите и за институциите.„Заштеда на струја за безбедна зима“ е владиниот план со пакет мерки донесен...
Пчеларите ни ќар ни зијан од медарењето
Post Views: 12 Пчеларството станува се поскапа дејност , а приходите од мед се помали, реагираат охридските пчелари за моменталните состојби во оваа стопанска гранка. Реалната цена на медот со пресметаните трошоци на производот на чинење би требало да достигне од 1000 до 1200 денари , кажува Тони Јосифоски, претседател на Здруженито на охридските пчелари. Додава дека пчеларите прават отстапка, ја земаат во предвид купувната моќ на граѓаните и на пазарот медот го продаваат по 600 денари за килограм. Со тоа се ни ќар ни зијан во работењето.„ Има големи трошоци во...
Kрај на трговските трикови
Post Views: 22 Се унапредува правото на потрошувачите во земјава. Се менуваат и усогласуваат досега нерегулираните законски директиви со оние од Европската унија. Се прецизираат трговски поими кои досега не биле ставени во Законот, информира Маријана Велкова Лончар, претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија.Додава дека потрошувачкото право е мошне динамично и подлежи на измени. Досега за нашите потрошувачи не беа утвредени трговските поими како што се распродажба, акција, промоцијаи сезонски попуст на производи и услуги. Со тоа се оставаше простор за...
Фламенго балетот Луксурија на Охридско лето
Post Views: 9 Фестивалот Охридско лето го одбележа 62-от роденден. Овој датум се слави со голема возбуда и почит кон оперската дива Ана Липша Тофовиќ, иницијаторот на оваа манифестација, но и со голема одговорност, напомена Наташа Поповиќ, директорката на Охридско лето. Фестивалот остануваме и понатака посветени на она што го трасирале генерациите пред нас, она што е највредно и најзначајно, рече Поповиќ.Низ годините тука на фестивалските сцени настапиле најзвучните имиња од светот на музикатат и театарот. Звуците на класичната музика во „Св. Софија“, грандиозните дела на...