Автор: Валентина Неловска
Post Views: 3 Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид. „ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на...
Охридските семејства корисници на минимална помош се на средна возраст со деца
Post Views: 6 Во охридскиот центар за социјални грижи се регистрирани 600 домаќинства корисници на гарантирана минимална помош. Оваа бројка во споредба со истиот период од минатата година кога бројката се движела меѓу 400 и 500 корисници, годинава се зголемила за стотина кои останале без приходи во семејството. Бројката е променлива во зависност од тоа колку семејствата останале без егзистенција од ударот на пандемијата и немаат имот, информира Мира Врангалоска, социјален работник од Центарот за социјални грижи. Повеќето семејства кои се обраќаат за гарантирана минимална...
Наскоро ќе следува реконструкција на дрвените скали на Античкиот театар
Post Views: 5 Во понеделник, на 28 мај, ќе се отвара јавната набавка за материјал за поправка на дрвените скали на Антички театар. Руинираните и оштетени скали ќе бидат санирани по 5 месеци од нивното затварање пред новогодишните празници. Приодот кон театарот не беше дозволен заради небезбедност на посетителите, информира Елеонора Новакоска директор на НУ Завод и Музеј од Охрид. Во тој период, нашата институција, не беше во можност да преземе мерки за санација на скалите. Сега работите се придвижуваат. Постапката за јавна набавка е отпочната и ќе биде отворена на крај од...
Основците ја истрчаа километарската Трка на различностите
Post Views: 4 Над 200 основци од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца ја истрчаа километарската „ Трка на различностите“. На најдобрите спортисти им беа врачени награди. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Марија Шипинкоска од ОУ„ Христо Узунов“, Драгана Усовиќ од истото училиште и Александра Петреска од ОУ„ Браќа Миладиновци“ од Струга. Во машка конкуренција на првите три места се пласираа Филип Ѓоргоски од ОУ „Христо Узуно“в, Атанас Куциноски од „Христо Узунов“ и Климент Филев од „Св Климент Охридски“. Организаторите на “Охрид трчат“ задоволни од пројавениот интерес...
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура
Post Views: 2 Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување. „ Во мојот исказ кажав...
Мечка напаѓа улишта во околината на неколку охридски села
Post Views: 3 Мечка напаѓа улишта со мед во околината на неколку охридски села , јавуваат охридските пчелари. До редакцијата на ТВМ пристигнаа фотографии од уништени пчелни кошници во реонот на селата, Куратица, Опеница, Скребатно, Лакочереј, Расино, Вапила и Сирула. Тони Јосифоски, претседателот на охридското здружение на пчелари, јавува дека се уништени над 60 пчелни семејства и 15 тина пчелари од нивното здруженеи претрпеле огромни штети. Јосифоски апелира инспекторите од надлежното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и во викенд да излегуваат на терен за...
Децата од предшколска група од охридските и струшките градинки имаа спортски натпревар
Post Views: 4 Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни . Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо...
Цвеќе и домати на плажа во Горица
Post Views: 4 Чиста плажа со цветна градина, тикви и домати, а згора на тоа и без отпушоци има и кај нас. На почетокот од плажата Горица 3, на брегот под стрмните карпи, постои вакво пријатно, уредено катче за одмор на езерскиот брег. Плажата исчистена од грмушки и коров, проширена со песок е дел на неколкумина почтитувачи на природата. Ова е пример како некои луѓе се грижат за природата, за разлика од несовесните граѓани кои на паркинг просторот пред плажата не водат сметка каде ги фрлаат отпадоците и сметот. Петар и Бајрам биле дел од иницијаторите пред 10-тина години...