Автор: Валентина Неловска
Post Views: 115 Охриѓани се повеќе учат и ги прифаќаат чаевите како здрава напивка. Се менуваат навиките кога се мислеше дека чај се пие само кога се има некој здравствен проблем, денес се повеќе се пие чај за здрава физичка и метална форма, вели Весна Петровска од Лотос вита чи специјална продавница за чај и здрава храна. Топла здрава напивка ја пијат во сите годишни времиња без разлика на возраста па дури и бебињата, нагласува Петровска.„ Сите категории на возрасти го упоотребуваат како нешто најнормално во исхраната. Забележувам за една гдоина од постоењето на Лотос вита...
За решавање на градските комунални проблеми охриѓани се обраќаат до сервисот за услуги во општината
Post Views: 106 Охриѓани за подобро комунално уреден град се обраќаат и до општинскиот сервис за услуги. Во изминатиов период барале решавање на проблеми од урбанистичката сфера. Од секторот за урбанизам барале издавање на изводи од урбанистички планови, а од комуналниот сектор поставување на улично осветлување и замена на светилки, воспоставување на систенм на куќни броеви. Во обраќањата на граѓаните имало поплаки и до комуналниот инспекторат, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски.„Најмногу барања има за постапување за подигање на градежен шут, пријави за незаконски дејствија...
СДСМ : Состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион мора да се најде на надзорна расправа во Собранието на РМ
Post Views: 119 Сдсм ќе ги искористи сите законски и деловнички права и можности за организирање на надзорната расправа во Собранието за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион, изјави денес на прес конференција пратеникот Томислав Тунтев. Опозицијата нема да ја обесхрабри вчерашното гласање на Вмро Дпмне.„Повеќе од очигледно стана дека ВМРО ДПМНЕ бега од надзорна расправа со цел нивните функционери да не одговараат на поставените прашања. Тие сакаат да избегаат од одговорноста за тоа што поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните...
Охридско-струшката ривиера има потреба од елитни хотели
Post Views: 144 Туристичките работници од Охридско- струшкиот регион сакаат развивање на елитниот туризам. Но, за таа категорија на туристи ривиерата нема соодветна хотелска понуда. Во моментов ривиерата располага со 7300 хотелски легла од 3 , 4 и 5 ѕвезди, а се потребни поголем број на легла во хотели со 5 и 4 ѕвезди. Во таа насока во туристичката стратегија на регионот хотелиерите предлагаат што поскоро да се подигне нивото на сместувачките капацитети на луксузни хотели од 5 и 4 ѕведички.„ Во нашите предлози не бараме масовен туризам тоа не значи 10.000 легла масовен туризам ...
Во охридскиот градски парк исечен кедер
Post Views: 185 Во паркот, во близина на хотел Ривиера утрово беше исечено дрво. Службите на ЈП Комуналец за кастрење и сечење на дрва добиле решение од надлежната општинска комисија да го исчaт дрвото на 19 септември годинава. Комисијата за сечење дрва при локалната самоуправа издала решение за да се исече дрвото заради безбедносни причини. Констатирале дека кедaрот во целост е исушен. Од ЈП Охридски комуналец деновиве до Комисијата за сечење побарале уште една дозвола. Побарале да се исече чинар кој исто така е исушен.Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека ќе ја испочитуваат...
Увоз на работна сила ќе бараат хотелиерите и угостителите од охридско – струшкиот регион
Post Views: 135 На охридско- струшката ривиера во угостителските и хотелските објекти недостасува стручен кадар. Нема квалифицирана работна сила за работа во кујна, менаџери за управување со објектите, кувари и келнери, како и специфичен кадар за работа во СПА центрите. Хотелиерите и организацијата на работодавачи предлагаат увоз на одредени профили за да се задоволат потребите во оваа бизнис сфера. Тие ги бараа причините и решенијата за унапредување на бизнис климата во регионот. Претседтелот на Здружението на хотелиери, Крсте Блажески вели дека работодавачите од оваа сфера...
Општина Охрид распиша тендер за избор на изведувач на реконструкцијата на кеј Македонија
Post Views: 121 Наскоро треба да започне реконструкцијата на езерскиот кеј. Општина Охрид распиша тендер со кој бара изведувач на градежните работи на кејот. Рокот за доставување на понуди е до 12 октомври. Граѓаните го поддржуваат ваквиот зафат но имаат и свои предлози. „На кејот му треба обавезно нов лик, но нема марина, а секоја година има се повеќе пловни објкети ,а нема каде да се остават. Пристаништето е разрушено и срамота е што ништо не е направено“.„Апсолутно му треба реконструкција. И паркот треба да се поправи, доста работи има запоставено. Охрид е туристичко место...
Во Охрид се одбележа Меѓународниот ден на мирот
Post Views: 115 Светот е постојано соочен со закани за загрозување на човековата потреба од светски мир. Постојано доаѓаат вести за воени конфликти и насилство од разни делови на светот, а луѓето имаат потреба од мирен живот и просперитет. Заменикот градоначалник Ангел Јанев на Меѓународниот ден на мирот, пред присутните охриѓани и ученици на градскиот плоштад, се приклучи кон пораката на генералниот секретар на ОН Бан ки Мун и упати порака до сите луѓе кои сакаат да направат нешто позитивно за идните генерации да ја почитуваат најскапоцената придобивка на едно општество, мирот....
СИЕР ќе бара подобрување на работничките права
Post Views: 118 Македонските работници се на долното ниво според најниската плата која ја земаат не само во Европа туку и во регионот. Ова од Охрид го кажа Пецо Ристески, претседателот на синдикатот на индустрија енергетика и рударство на Македонија, на денешниот 16-ти Конгрес. Тој при тоа најави подобрување на работничките права со 4-те резулоции кои ќе испратат до политичарите пред претстојните парламентарни избори. Мора да се договориме за повисока плата, кажа притоа Ристески.„Минималната плата да не е пониска од 200 до 300 евра. Погоре може да разговараме, а очекуваме и...
Последните случувања во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигуруваат домовите од штети
Post Views: 112 Поплавите во Стајковци и земјотресите во Скопје ја променија и свеста кај граѓаните од можните последици на природните катастрофи. Последните случувања од поплавите и земјотресите во скопско ги раздрмаа и охриѓани за да ги осигураат домовите од штети. ДО осигурителните компании имало поголем број на јавувања и заинтересираност на граѓаните за да ги осигураат своите домови. Јавувања и барање на информации за осигрување од поплави и земјотреси имаше и во Сава осигурување , напоменува Ристана Николовска шеф на регионот за Сава осигурување. Таа ги појаснува условите...
Земјоделците да водат повеќе грижа за прихранување на растенијата, предупредуваат агрономите
Post Views: 96 Опаѓањето на воздушните температури кои се најавуваат за претстојниот период не треба да ги загрижува земјоделците, порачуваат агрономите. Температурите кои се најавуваат од 6 до 10 степени минимални утрински не се штетни за растенијата и не предизвикуваат појава на слана. Повеќе треба да ги загрижува дождот кој може да предизвика проблеми при бербата на плодовите кои се во тек, предупредува Мирослав Трајчески, дипломиран инженер агроном од земјоделската аптека Агрос. Посебно тоа се однесува за овоштарите, одгледувачите на јаболко и винова лоза. По дождовите...
Презентиран ДУП во УЗ 8 т.3 за дел од населбата Бејбубар
Post Views: 522 Јавно презентиран Деталниот урбанистички план во урбана заедница 8 точка 3 за населбата Бејбунар. Планот опфаќа 12,6 хектари во кој влегуваат границите на улиците Карпош Војвода, Булевар Туристичка, Асном и Бејбунар. Со изложениот плански концепт ќе се градат и догардуваат индивидуални и колективни згради за домување, трговски и верски објект, информира Викторија Алаческа од АД Зум планер Скопје. „ Новата регулатива ни дозволува да дадеме висини од П+ 7 наша задача е да им ги дадеме тие параметри, но постојните градби мора да ги испитат геомаехничките услови...