Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Стартот на учебната година во охридските училишта без проблеми

Post Views: 4 Новата учебна година  во охридските училишта ќе започне навреме и без проблеми, информираат од Локалната самоуправа. Сите училишта се подготвени со соодветен  наставен кадар да ја почнат наставата за престојната 2012/2013 година. Иако ресорното министерството не ја има исполнето својата законска обврска и доцни со исплатата на наменските пари за непречено одвивање на наставниот процес, од локалната прават  напори учениците да не ги чувствуваат последиците, вели Серфим Наумоски од секторот  за образование.„ Средствата кои ги обезбедува Владата, како и во цела...

Продолжи со читање

Сашо Донев, новиот претседател на ОК Вмро Дпмне најави внатрешна консолидација во партијата

Post Views: 4 Новиот претседател на ОК на Вмро Дпмне, Сашо Донев на прес конференција имаше обраќање во кое ги најави приоритетите на раководството на партијата. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, кажа при тоа Донев. „Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на...

Продолжи со читање

Врвните резултати во пливањето зависат од изградба на затворен базен

Post Views: 4 Со звукот на свирчето, Проф. Соња Думбалова Делова го означува стартот на утринскиот тренинг на децата  во малиот базен. Малите пливачи кои ја посетуваат ПШ „Делфина 2012“  дисциплинирано и вредно ги применуваат техниките кои ги научиле во меѓувреме од нивниот тренер. Децата кои учат пливање со нескриено  задоволство едногласно велат дека го сакаат пливањето и имаат желба да ги научат техниките на сите стилови  во пливањето. Весело кажуваат што научиле во овие 40-тина дена откако се под будното око на тренерот и нејзиниот асистент.  Под водство на тренерот Соња...

Продолжи со читање

Mјузиклот „Декамерон “на Охридско лето

Post Views: 4  52 -то издание на Фестивалот „Охридско лето“  завршницата во драмскиот дел ќе ја има  премиeрно со мјузиклот „Декамерон“. 13 врвни македонски актери од  МНТ и од  Театарот за деца и младинци, глумат, пеат и танцуваат  во премиерниот проект под водство на бугарскиот режисер Боњо Лунгов. Познатиот режисер проговори за состојбите со овој жанр на нашите простори. Традиција за мјузикли нема, парите секогаш не се пречка ама режисерите тешко се одлучуваат да ги постават на репертоар.  Режисерот се осврна на проектот кој го работеше со актерите од двата македонски театри...

Продолжи со читање

Вишненци ја продолжуваат вековната традиција на пренесување на моштите на Св. Спасица Вишенска

Post Views: 10 Во селото Вишни се слави селската слава Спасовден. Вишненци имаат посебен обичај поврзан со празнувањето на Хрисотвото Вознесение. Тие го слават култот на Св. Спасица Вишненска. Веруваат дека нејзините мошти кои се чуваат во селската црква имаат чудотворна моќ. Со векови од селската црква Св Атанасие моштите на светицата се пренесуваат во пештерската каде што таа го поминала својот живот и го сочувала христијанството. Во Вишни, култот кон света Спасица трае шест века, почнува некаде од крајот на 14 и почетокот од 15 век. Легендата зборува дека Спасе и Спаса биле...

Продолжи со читање

Опаѓа интересот на учениците за изучување на фолклорот

Post Views: 4   Фоклорните ансамбли стравуваат дека наскоро фолклор ќе играат само возрасните луѓе, а не младите. Треба да се вклучи црвеното светло за аларм. Од година вo година има драстично опаѓање на интересот кај децата за фолклорoт , вели Димче Трајчески долгогодишен уметнички раководител на ФА „Отекс фолк “ и добар познавач на состојбите со културно уметничките друштва. Заедницата треба да биде загрижена бидејќи се заканува гаснење на фолклорот во Македонија, вели Трајчески. Тој се обидува да го лоцира проблемот на што се должи ваквата незинтересираност кај учениците,...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе се одбележат 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија

Post Views: 4 Охрид ќе биде домаќин на централната свеченост за одбележувањето на јубилејот 1000 години од постоењето на Охридската архиепископија. По тој повод беше објавена програмата со која ќе се чествува овој голем и несекојдневен јубилеј. Горди сме што централната свеченост ќе се одржи во Охрид, но како град имаме обврска милениумското чествување да се одржи достоинствено и во духот на универзалните духовни вредности, изјави по тој повод охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Според научните сознанија на овие простори имало континуиран живот од 7000 години, а тие...

Продолжи со читање

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Post Views: 1 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна...

Продолжи со читање