Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Центарот за безбедност на вода без пристапен мост

Post Views: 5 Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи  в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода. „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од...

Продолжи со читање

Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ за обука во Костал

Post Views: 7 Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во...

Продолжи со читање

Велестово повторно ќе биде центар на поезијата

Post Views: 3 Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат.  Првата вечер од Манифестацијата ќе  биде  посветена на македонскиот поет Раде Силјан. Академскиот сликар Васко Ташкоки ќе изложи 20 уметнички дела во Црквата Успение на Пресвета Богородица и во Домот на културата. Интернационалната вечер, пак  е резервирана за поети од Албанија, БиХ и Бугарија. Во одржувањето на поетската манифестација, во пресрет на јубилејното изадние што ќе биде догодина  се најавуваат и просторни измени за одржувањето на  втората вечер, открива...

Продолжи со читање

Почнаа подготовките за големиот спортски настан „ Охрид трчат“

Post Views: 3 Стартуваше симболичната, рекреативна трка како најава за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што треба да се одржи за помалку од еден месец. Викендов, на спортскиот настан, трчаа новинарите , полициските службeници од СВР Охрид, спортисти. „Охрид трчат“ да го свртиме вниманието на јавноста дека се подготвува спортскиот спектакл за 2018. Се разбира да се види дел од патеката, структурите кои работат на безбедноста да се направи план за се да помине во најдобар можен ред. Ние останатите да го анимираме настанот и да ги повикаме охриѓани да се приклучат. „Охрид...

Продолжи со читање

Жителите на Варош бараат градски превоз

Post Views: 9 Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано  по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со  одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз. Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел  од градот. Од Локалната самоуправа...

Продолжи со читање

ФА „Отекс фолк“ со концерт одбележува 3,5 децении постоење

Post Views: 3 Играорците од 4 генерации и 2 постави музичари кои биле дел од поранешниот КУД Отекс, а денес ФА „ Отекс- фолк“ одбележуваат 35 години од постоењето. По тој повод сегашните и поранешните членови на ансамблот ќе одржат концерт на кој ќе биде прикажано нашето фолклорно богатство, вели Димче Трајчески уметнички раководител на фолклорниот ансамбл Отекс-фолк. „Два и пол месеци напорно се тренираше. Најредовни беа моите поранешни ученици. Јас мора да ги пофалам дека сите 99 посто, посебно девојките, како никогаш да не престанале со кариерата како фолклористи. Толку тоа...

Продолжи со читање

Суперлативот „Најохриѓанец“ за д-р Никола Бошале

Post Views: 4 Промовирана книгата „Најохриѓанец“ од авторот професор д-р Драги Поп Стефанија. Насловот на ова негово дело настанало спонтано, вели Поп Стефанија. Првично започнал да пишува извештај за прием на проф. д-р Никола Бошале во друштвото на писателите бидејќи со над 25 книги тој не е член на ДПМ.  Поп Стефанија појаснува дека од 9 страни извештај напишал 90 страници и дошол до заклучок дека  Бошале сиот свој научно истражувачки опус му го посветил на родниот Охрид. Со 18 книги за Охрид од најразлични области Бошале  потполно го заслужува овој суперлатив, нагласува...

Продолжи со читање

Градските избраници фокусирани само на три точки

Post Views: 4 Советниците  денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули.  Од дваесеттината точки кои ги имаа на денешниот дневен ред тие подетално се осврнаа само на три. Советниците од опозиционата Вмро Дпмне  најмногу беа заинтересирани за Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. Поставуваа прашања кога ќе се тампонираат и доасфалтираат улиците, кога ќе се изградат тротоарите, кога ќе се поставува вертикална и хоризонтална сообраќајна сигназлиација, со чии пари ќе се изгради напукнатиот потпорен ѕид на  црквата Св....

Продолжи со читање