Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

stanovi

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Post Views: 15 Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.  „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во...

Продолжи со читање

cinguloski

Сергеј Цингулоски со истовремени изложби во три градови

Post Views: 28 Утревечер, охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе има три изложби на негови скулптури. Во 21 часот истовремено ќе бидат отворени  три изложби во три различни градови во Македонија. Скулпторот ќе ги презентира  неговите препознатливи дела во Музејот на Робевци Охрид, Кино Карпош во Скопје и Домот на култура во Св. Николе. Изложбите  ќе бидат пропратени и со видео арт  од неговата последна изложба „Јагула“, замисла  на режисерот Венцислав Војдиноски. Цингулоски изложбите ги посветува токму на неговиот прерано починат пријател режисерот Венцислав Војданоски Венци...

Продолжи со читање

revija

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Post Views: 20 Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана...

Продолжи со читање

„Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските основци на фер плеј

Post Views: 14 Охрид беше домаќин на голем спортско рекреативен настан насловен како „Жогарија – Лоптарија“. Спортското одмерување на вештините под ова мото се одржува кај нас за прв пат , а по 13-пат се случува на меѓународен план. Сто и шеесет ученици од осум охридски основни училишта, како и најмалите од детската градинка „Јасна Ристеска“ се натпреваруваа во фудбал, три на три и други спортски вештини во СРЦ „Билјанини извори“. Малите учесници во спортските игри ги поздрави Јован Стојаноски, градоначалникот на Охрид. Во обраќањето Стојаноски укажа на позитивното влијание на...

Продолжи со читање

Sirma Vojvoda

На „Сирма Војвода“ неиздржлив сообраќаен метеж

Post Views: 23 Жителите  од кракот на улицата Сирма Војвода, кој ја поврзува истоимената главна улица со улицата Карпош Војвода, се жалат на неиздржливиот сообраќаен метеж. Издувните гасови, буката, прашината и нечистотијата од тркалта на камионите  им го прават неподнослив секојдневниот живот. Сообраќајната фрекфенција на тесната улица е голема и од лесни возила, но и од тешки товарни возила, раскажува Пеце Петрушевски жител на Сирма Војвода. Коловозот по кој проаѓаат возилата им е буквално под прозорците, објаснува Петрушески.„ Посебно не вознемируваат тешките моторни возила...

Продолжи со читање

pozarna

Во струшко опожарени 10 хектари шума

Post Views: 21  Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под  контрола.  Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули. Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и  вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко  невнимание  при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини ...

Продолжи со читање

fontani

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Post Views: 17 Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.„Секој месец, земаме...

Продолжи со читање

Стабилна и поволна е безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Охрид

Post Views: 19 Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто...

Продолжи со читање