Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во охридската чаршија повеќе шетачи од купувачи

Post Views: 143 Сувенири од керамика, кожа, стакло, плетени и везени работи, накит, слики, се дел од производите кои се нудат во охридската чаршија. Продавачите кажуваат дека најмногу се барани производите кои носат ознака hendmade. Цените  се пристапни и има купувачи, велат едни, а пак за други оваа сезона продажбата оди слабо. Опинчарот Милан Белески, познат занаетчија во охридската чаршија, вели годинава туристите повеќе гледаат отколку што купуваат и сезоната е просечна. „И лани беше вака не беше  нешто подобро.Шетаат луѓе по чаршијата, некој влегуваат, гледаат, нешто што има...

Продолжи со читање

Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за ОУ Живко Чинго

Post Views: 156 Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното  училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото. „ Проектот со кој се намнети  средства за поправка на  надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и  ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема...

Продолжи со читање

Видиковецот во НП Галичица и понатака преплавен со отпадоци

Post Views: 115 Слики од видиковецот во НП Галичица каде што се гледа дека е преплавен со отпадоци пристигнаа во нашата редакција. Посетителите кои сакале да уживаат во овој летниковец се револтирани од  нечистиот парк и рафрланиот смет. Нашите обиди да дознаеме под чија надлежност е видиковецот и кој треба да го чисти останаа без успех. На повиците не одговараа ни директорот на Комуналец ни ракводителот на секторот за одржување  на паркот од Галичица. За оваа тема не е прв пат да сме пишувале. На 2  февруари оваа година видиковецот бил исто така тема во Днвеник и пишувавме за...

Продолжи со читање

За колекторот да се грижи државата се согласија охридските советници

Post Views: 110 Со одлука на Совет се прифати планот за поделбата на МЈП Проква на 3 претпријатија. Водоводно претпријатие  во Охрид и Струга и претпријатие за одржување на колекторскиот систем. Оваа иницијатива  датира од пред една деценија и  сега добива  можност да стане и реалност. Охридските советници едногласни во ставот меѓуопштинското претпријатие Колектор  да стане државно претпријатие.  На наредната седница се очекува да донесат заклучок со кој претставници од општините ќе побараат од Владата да го земе под своја капа управувањето и одржувањето на колекторскиот систем.  МЈП ...

Продолжи со читање

Охридските советници и денес жестоко расправаа по неколку точки на обемниот дневен ред

Post Views: 107 И денес охридските  советници расправаа по обемен Дневен ред сo дури  54 точки. Копјата започнаа да  се кршат околу давање на согласност за формирање на паралелки со помалку ученици во основните и средните училишта, а за градинките за упис на поголем број на деца во групите.  Во дискусиите каде што и овој пат се конаститра дека се намалува бројот на запишани ученици во основните и средните училишта советниците меѓусебно се обвинуваа за причините кои доведуваат до ваквата аларманта состојба од година во година. Рака на срце и од опозицијата и позицијата беше искажана...

Продолжи со читање

Кражбите на дрва во НП Галичица сведени на минимум

Post Views: 117 Од Галичица се задоволни од односот на луѓето кон шумата во националниот парк. На 25 хектари простор на колку што се протега паркот кражбите на дрва се ставени под контрола за разлика од состојбите во другите шуми каде што стопанисуваат други претптиријатија, напоменуваат од НП Галичица. Дивите сечи кај нас се сведени на минимум , кажува ракводителот на секторт за одржување на шумите Номче Новески. „Нема масовни кражби. Кај нас конфигурацијата на теренот и патиштата се такви д анема шанда д апомине камион или возило, а да не се приметени “, подвлекува Новески.99%...

Продолжи со читање

На Мазија локвањот затрупан со ѓубре

Post Views: 119 Нашата негрижа кон езерото  и еколошката средина повторно исплива на видленина. Овој пат станува збор за локвањот. Напорите и надежта дека овој воден цвет ќе се врати на езерскиот браг траеа кратко. Денес на Мазија ги нема очекуваните жолти, миризливи цветови на ревитализираниот локвањ.Во моментов кога е периодот на цветање на лотосот само еден цвет ѕирка меѓу ратситеслнио тотпад и го нема на целата засадена површина со која беше ревиталзиран пред една деценија.  Објективот на камерата  улови едвај неколку цветови кои највуваат дека тука е природното живеалиште на...

Продолжи со читање

Прв расказ од Емилија Карафилоска и прва награда на конкурсот Живко Чинго

Post Views: 287 Прво учество со расказ на конкурс и прва награда за Емилија Карафилоска студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од своите детски години. Досега учествувала на многу конкурси и има освојувано награди и благодарници , но со расказот Тчка на агонија дебитирала за прв пат, а младата писателка кажува за својот мотив да се пријавил на конкурсот Живко Чинго. „Едноставно Живко Чинго е голем раскажувач. Го сакам неговиот уметнички израз и неговите книги. Ме привлече тоа што...

Продолжи со читање

Велгоштани бараат манифестацијата Вечер на Живко Чинго да биде финансирана од државата

Post Views: 109 На плоштадот, во подножјето на манастирот Св. Петка во Велгошти, течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“. На 13 август, на роденденот на Чинго,  традиционало се чествува ликот и делото на големиот македонски писател кој ја прослави Македонија и во светски размери Живко Чинго. Величината на Чинго не е само заради неговото мајсторство и имагинација што ја поседувал во литературата туку и во поврзаноста со неговиот народ, потсетува на неговата голема доблест Ѓоко Чингоски директорот на ОУ кое го носи името на писателот.  „Поврзаноста...

Продолжи со читање

Укинато контролираното движење низ шумите

Post Views: 211   Посетите на НП „Галичица“ се без дозволи.  Укинато контролираното движење на посетителите низ националните паркови кое требаше да важи до 15 август. Преовладало барањето површини на македонските планини да бидат достапни за туристите. Кон оваа владина одлука се приклучи и НП Галичица иако имале став дека посетата на планините со дозвола за престој ќе придоснесе за  поодговорно однесување на посетителите. „Но другите паркови како што се Водно, Јасен и другите побараа укинивање на контролираното движење. Се прекина и има препорака од Владата да се зајакне присуството...

Продолжи со читање

Охрид сеуште нема локација за депонирање мртви животни

Post Views: 117 Пцовисани мрши се фрлаат покрај патот во Чекоштина.  Јамата која некогаш постоеше над селото Орман  за депонурање на пцовисани животни е неколку години затрупана, а од Главниот општински инспекторат незнаат дали градот има легална јама за пцовисани животни.  Жителите од околните села кои ТВМ ги контактираше велат дека мртвите животни ги фрлаат в планина или на Мауцкер. Претставник од месната зедница  од Горно Лакочереј пак во телефонски разговор за  Твм кажа дека до сега на нивна адреса нема ниедна пријава од жителите , па така не се ни обраќале за помош до надлежните...

Продолжи со читање

Продиџи и Ал ди Меола се очекува да привлечат многу гости од Балканот и Европа во Охрид

Post Views: 141 Се е подготвено да финишира фестивалот  Охрид колинг со настапот  на големите светски  музички звезди Ал ди Меола и Продиџи.  Охрид е подготвен да ги дочека  гостите кои ќе допатуваат овој викенд во градот за да ги слушнат изведбите на светски познатите музичари, истакнаа од Локалната самоуправа кои се коорганизатори на фестивалот со Авалон продукција.„Според најавите и очекувањата од Авлон интересот е огромен не само од Македонија туку и од околните Балкански земји,  од други европски држави, од Англија  и Холандија заради директните авионски линии .Тоа е можност...

Продолжи со читање