Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во охридско од град се уништени градинарски и овошни култури

Post Views: 3 Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците. „ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите...

Продолжи со читање

Лептокарија и Неа Пори летна шема на охриѓани

Post Views: 5 Поголем број охриѓани имаат традиција својот годишен одмор да го поминат на некоја странска туристичка дестинација. Најчесто избираат да летуваат на море. Ова лето сепак поголем број од нашите сограѓани ќе останат дома од разни причини. Нашите сограѓани, пак кои сакаат и можат да си дозволат промена ги избираат поблиските и поефтините туристички дестинации во соседните земји, нагласува Елида Битрак од туристичката агенција „Елида Турс“. Едно просечно  4-рo  члено семејство, за апартманско сместување покрај плажа, за 7 дена во Грција со организиран превоз, ќе го чини...

Продолжи со читање

Водичи реагираат нема доволно промотивен материјал

Post Views: 5 Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.  Посочуваат дека  туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите  локалитети не е така.И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.Во нивна близина нема ни информативни табли со...

Продолжи со читање

Мештаните од Долно Коњско заробени во своите домови

Post Views: 5 Жителите на дваесет и пет куќи кои постојано живеат во Долно Коњско се заробени во своите домови, вели Нада Ламбеска, мештанка која овде постојано живее 3 децении.  Патот, кој мештаните го користеле 40 години до пред една година, бил претходно компромисно решение со хотелот на поранешниот комбинат на Свилара. Но, работите во меѓувреме се изменија вели Ламбеска. Свилара доби  сопственик кој забрани движење по некогашниот пат и сега  мака мачиме додека дојдема дома, вели Ламбеска. Патот кој во моментов го користат мештаните од Долно Коњско е тешко пристапен, додека...

Продолжи со читање

Заматената вода во градскиот базен исправна за капење

Post Views: 6 Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за  здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е  нарушен.  Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и  редовно се хлорира. „ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков  е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски....

Продолжи со читање

Затворен базен ќе се гради од идната година

Post Views: 6 Охрид ќе чека подобри времиња  да се изградат затворен и отворен Олимписки базен. Владата се препишмани и од најавените 9 Олимписки базени ќе гради два помали во Охрид и Крушево. Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека во Охрид ќе градат помал затворен базен.  Затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за  рекреација на граѓаните, но и за одржување  меѓународни ватерполо натпревари, вели Директорот на Агенцијата за млади и спорт.  Попоски  информира дека  постапката за градба е почната....

Продолжи со читање

Турските туристи кои доаѓаат на кружната Балканска тура забелележуваат на лошата патна инфраструктура во регионот

Post Views: 2 Туристите од Турција кои доаѓаат во Охрид и патуваат на балканската кружна тура упатуваат забелешки за лошата патна инфраструктура, кажува Сејфедин Куртиш, туроператор БТБ одТурција. Патната инфраструктура е голем недостаток туристите да уживаат подолго во убавината не само во Македонија туку генерално во регионот, вели Куртиш. „ Од Скопје до Охрид доаѓаме за 3 часа.Тоа е голем проблем не може да уживаат во посета и разглед на градовите. Ова важи и за другите држави. Балканската тура повеќе поминува по патиштата. Замислете Охрид-Скопје да е сат и половина, 2 сати...

Продолжи со читање

Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона

Post Views: 3 Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај...

Продолжи со читање