Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 3   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Продолжи со читање

„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца

Post Views: 4 Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира  неповторливата  туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“  се зафати со организација на бројни културни активности за да  ја направи  населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници.  Преку манифестацијата  „На Зајдисонце“  ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува...

Продолжи со читање

Mостот на каналот Билјанини извори не се крева и спушта заради безбедносни причини

Post Views: 2 Во моментов не работи електричната инсталација на дел од мостот на каналот Билјанини извори. Поголемите пловни објекти не можат да влезат и излезат од каналот бидејќи делот кој се спушта и подига на мостот не е во функција, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на РМ за состојбата во која сега е мостот. „ Мостот не е во функција од безбедносни причини со електричната инсталација бидејќи доаѓаше до прокиснување во машинската соба. Таа мора да е адекватно санирана. Немајќи сопственик бараме преодни форми како да ја санираме работата“,...

Продолжи со читање

Полесни труења во опожарениот студенски дом

Post Views: 5 Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути  ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку  случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме...

Продолжи со читање

Архитектите се размрдаа

Post Views: 6 Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои  видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност,  но и на  студентите. Заедно ќе извлечат  заклучоци колку  субјектите  се пронаѓаат  во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од...

Продолжи со читање

Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Post Views: 5 Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар  Попоски  најави  дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за  одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи  повеќе.  Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и...

Продолжи со читање

Регионалнит пат кон Албанија обраснат со треви

Post Views: 4 Високи треви покрај патот и во  средишниот појас ја загрозуваат прегледноста на регионалниот пат кој води кон Албанија. Регионалниот патен правец со ознака   Р 1310 кој води од кључката Св. Еразмо до Св.Наум е запуштен и несреден. Од ЈП„ Македонија пат“ признаваат дека тоа е резултат на  отежнатите финансиски  услови во кои работат.  Ракововодителот  на охридската единица на „Македонија пат“ најавува екипи на терен веќе од среда. Дел од нивните работници ќе бидат ангажирани за подобрување на оптичката видливост на патот. Финаниските проблеми во кои западна ова јавно...

Продолжи со читање

Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти

Post Views: 6 Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти  ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино  ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во  услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски. ...

Продолжи со читање