Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Post Views: 3 Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој...

Продолжи со читање

Охрид за првомајските празници врие од гости

Post Views: 5 Празникот на трудот Први мај во Охрид секој го празнуваше на свој начин. Некои на работните места, а други кои користеа празничен ден го искористија убавото сончево време за прошетки ,семеен ручек, разгледи на градот. Едно од најпознатите излетнички места каде што некогаш се прослевуваше празникот на трудот , Синдикални денес на пладне беше празно. Од година на година изумира традицијата на прославување на Први мај со скара и музика. Нашата камера регистрира ретки посетители. Празни останаа и тезгите со разни производи со загрижени продавачи. „ Вака е прва година...

Продолжи со читање

Бадијала пожарна ако доцни ЕВН

Post Views: 5 Охридската и струшката  противпожарна единица имаат сериозен проблем при воспоставување контакт со дежурните служби на Евн. При  интервенции врз опожарени објекти службите на ЕВН стигнуваат со задоцнување за да ја исклучат струјата за потоа  пожарникарите да го гаснат оганот, вели командирот на противпожарната единица од Струга, Урим Каба. Дежурните служби на ЕВН многу пати не се одзиваат или пак доаѓаат со задоцнување  по нашиот повик, објаснува Каба.„ Ние  имаме водено усмени разговори  со раководителот на подрачната единица во Струга за проблемите кои ние ги...

Продолжи со читање

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 6 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме...

Продолжи со читање

Охридските млади музичари свиреа на градскиот плоштад за малата Мил

Post Views: 5 Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина. „Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески. Двочасовниот...

Продолжи со читање

Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид

Post Views: 7   Охридскиот младински културно образовен центар „Соната“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на танцот. По тој повод на градскиот плоштад во 13:00 часот за прв пат ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу двајца танчери или два тима на танчери кои танцуваат три рунди на музика која однапред не им е позната, а за која веднаш треба да направат кореографија, појаснува Даниел Наумоски инструктор по танц. Учество ќе земат членови на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се потврдиле на бројни меѓународни натпревари, но...

Продолжи со читање

Демне опасност од шумски пожари

Post Views: 3 Високите температури  ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари.  Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели  се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле  3000 флаери наменети за  посетителите на националниот парк, за да ги...

Продолжи со читање

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 4 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Продолжи со читање