Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Најпривлечно за упис гимназиското образование

Post Views: 8 Во трите охридски државни средни училишта заврши првиот уписен рок. Во СОУ „Св Климент Охридски“ и понатака е најпривлечно за упис гимназиското образование каде што е најголем бројот на запишани средношколци.Од планираните 442 ученици во трите насоки, во гимназиското образование се запишале 211 ученици. Потфрлање има во еконоското училиште каде  од 78 слободни места се примени 58 ученици. Во здравствената струка  од 34 се запишале 16 ученици,а  има уште 18 слободни места. Во првиот уписен рок во оваа образовна институција  биле одбиени  66 основци од сите струки кои...

Продолжи со читање

Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром

Post Views: 6 Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет. „ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот...

Продолжи со читање

УЗ Видобишта и Центар ќе се формираат наесен

Post Views: 7 Населбите Центар и Видобишта останаа без статус на урбани заедници. Инцидентот што се случи во Видобишта, пред нешто повеќе од една година, на Собирот на граѓани, при формирањето на урбаната заедница при избор на раководство, го прекина нејзиното формирање. Покрај оваа урбана заедница без  раководство остана и Центар кон која требаше да се приклучи Долна Влашка маала. Од Локалната самоуправа тврдат дека овој недовршен процес во формирањето на урбаните заедници нема негативни последици во нивното функционирање. Комуналните потреби на граѓаните од овие две населби се...

Продолжи со читање

За прв пат утре на релацијата Истанбул Охрид ќе се воспостави чартер линија

Post Views: 6 На охридскиот аеродром утре ќе допатуваат 180 гости од Турција со првиот чартер лет што ќе сообраќа на релација Истанбул-Охрид. Ова е прва чартер линија со која ќе слетуваат и полетуваат туристите од и во Охрид. Со туристичкиот 7 дневен аранжман вклучена е Балканска кружна тура со три ноќевања во Македонија, од кои две се во Охрид. Сопствениците, на најголемиот тур оператор во Турција Татил будур, Џијан Сарај, и локалниот туроператор о дБТБ, Сејфедин Куртиш, и двајцата со потекло од Македонија, се задоволни што по 4 годишно истражување на турискиот пазар ќе...

Продолжи со читање

Водите на охридските капалишта чисти

Post Views: 8 Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 20 степени целзјусови. Се поголем е бројот на капачи кои спасот од високите температури го бараат во езерските води. И годинава капачите  ќе се безбедни и ќе можат спокојно да спортуваат  и да се рекреираат. Во прилог на љубителите на пливањето и водените спортови одат резултатите од  последната анализа направена во  Центарот за јавно здравство. Екипите од Центарот зеле мостри од 30 мерни места, в долж охридското и струшкото крајбрежје, за да го испитаат хемискиот и микробилошкиот квалитет на водата, информира...

Продолжи со читање

Започнува летниот сообраќаен режим

Post Views: 3 Од денес, на повеќе охридски улици започнува примената на летниот сообраќаен режим. На последната седница, посебен режим на еднонасочен сообраќај, советниците донесоа и за неколку улици во населбата Билјанини извори. На 4 -те улици: „Галичица“, „Ванчо Питошески“, „Мирче Ацев“ и  „Карпош Војвода“, еднонасочниот сообраќај ќе се одвива кон и од улицата „Јане Сандански“, која се сече со овие улици, информира Зоран Шикалоски од Фондот за комунален развој. Сообраќајниот тек е испланиран за граѓаните да не вртат големи кругови, а со цел да се спречат сообраќајните незгоди...

Продолжи со читање

Нова техника за театарот и кино салата

Post Views: 4 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа...

Продолжи со читање

владо

Инвалидите без пристап на плажа

Post Views: 6 Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди. „Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле...

Продолжи со читање