Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Контрола на продажбата на месо и јајца

Post Views: 307 Во пресрет на Велигденските празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши засилен надзор на продажните места за месо и јајца, изјави директорот Николче Бабовски. Од досегашните контроли на инспекторите немало отстапување од правилникот за храна, напомена Бабовски.„Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи. На пазарот не можат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира увозот на храна преку мониторинг-програма за секојдневна...

Продолжи со читање

Се чисти и уредува Вевчани

Post Views: 325 Во пресрет на Велигденските и Првомајските празници во општина Вевчани се прават завршните подготовки за дочек на гостите, информира Спасе Кочовски, градоначалникот на Вевчани. Руралната општина е интересна туристичка дестинација преку целата година, посетеноста постојано е во пораст, но оваа година ќе се дочекаат гостите во расположливите сместувачки капацитети. Засега, нема инвестиции во зголемување на бројот на сместувачки легла. Пандемијата и економската криза си го направија своето за вевчанци да бидат претпазливи и да ги одложат инвестициите во туризмот. Во...

Продолжи со читање

Засилени контроли врз безбедноста на храната

Post Views: 553 Агенциите за храна и ветеринарство од Западен Балкан ќе ја засилат соработката во искоренување на заразните болести кај домашните животни. Агенцијата за храна и ветерина на Македонија е домаќин на меѓународен Форум каде што ветеринарните служби од Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ја усогласуваат законската легислатива со земјите од ЕУ. Форумот е под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан”, финансиран од Европската унија. Во работата учествуваа претставници од...

Продолжи со читање

Зимски авантуристички парк во Охрид

Post Views: 443 Снегот на планината Галичица искористен за промоција на зимски авантуристички парк оваа рана пролет. Вљубеници во зимските радости имаа можност да спортуваат и да се забавуваат на планинските падини. Настанот го организира охридскиот, алпинистичкиот клуб Патагонија заедно со волонтерите од Црвен крст и атлетскиот клуб „Охрид трчат“, информира Антонио Додевски, претседател на АК. Појаснува дека станува збор за проект со кој ќе се нуди нова содржина „Мобилен зимски авантуристички парк“. Охридските алпинисти ќе организираат зимски авантури од следната зимска сезона....

Продолжи со читање

Колекторскиот систем функционира

Post Views: 685 Колекторот функционира добро по неговата санација. Не е точно дека има пропуст во работата на колекторскиот систем за посоченото излевање на заматена вода во населбата Воска, на потегот каде што се влева Грашница, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски систем. Тој ги отфрла обвинувањата упатени на нивна адреса како неосновани. Алексијоски ова го поткрепува со направениот вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина од работењето на колекторскиот систем на 13 април.„Во извештајот стои дека при вонредниот надзор...

Продолжи со читање

Интензивна градежна пролет во општина Дебрца

Post Views: 265 Во селата од општина Дебрца следуваат бројни проекти кои ќе им го подобрат животот на дебрчани. Градежните зафати ќе донесат подобар рурален развој за општината. Локалната самоуправа ја заврши тендерската постапка од Годишната програма за асфалтирање на уличките во Белчишта. Интензивни градежни работи следуваат како што се поправка на локалната, оштетена патна инфраструктура, најавува Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца. Оваа инвестиција ќе го подобри транспортот и поврзувањето меѓу жителите од околните села и со Охрид.„Деновиве треба да започне...

Продолжи со читање

Изградба на нов погон за електрични полначи во Охрид

Post Views: 300 Групацијата Костал најави изградба на нов погон за производство на електрични полначи во Охрид. Со новите инвестицски планови на групацијата беше запознает вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. При тоа, Битиќи кажа дека владата дава поддршка на компаниите кои ќе развиваат вредносни ланци во нашата земја. Ова е одговор на глобалната криза, од која се бара излез со партнерско и паметно делување, рече при тоа вицепремиерот.„Ова е прозивод со висока додадена вредност од исклучителна важност за развој на нашата економија. Зборувавме за потпишување на...

Продолжи со читање

Учителите заслужуваат повисок статус во општеството

Post Views: 233 Охридските наставници од основните и средните училишта и воспитувачите од детските градинки стапија во генерален штрајк. Советот на СОНК донесе одлука за барање за зголемување на нивните плати за 18,4 проценти колку што се зголеми минималната плата, изедначување на платата по коефициентите и исплата на колективниот договор до јануари 2024 година според коефициентот во образованието. Катерина Крстеска, претседател на основната организација на СОНК – Охрид, изјави дека во штрајк се сите просвени работници од основните и средните училишта, а во градинките околу...

Продолжи со читање

Жените важна алка во Македонскиот туризам

Post Views: 364 Охриѓанките Данче Наумовска, Даниела Сакова и Виолета Цепенковска учествуваа на првата конференција Хероини во туризмот во Скопје. Во организација на Асоцијацијата „Хероини на туризмот“ беа дел со своите бизниси кои се дел од туристичката понуда во Охрид. Вредните раце на Наумовска создаваат уметнички дела, предмети и накит од бакар, Сакова е туристички водич, а Цепенковска претставник на традиционална, охридска гостинска традиција во угостителскиот објект Форт кафе. Данче Наумовска ги сподели своите впечатоци од конференцијата која има за цел да ги мотивира и поврзува...

Продолжи со читање

Одбележана годишнината од смртта на Методи Патчев

Post Views: 253 Охриѓани му оддадоа почит на охридскиот војвода Методи Патчев. На јубилејот кога се одбележуваат 120 години од херојската смрт на револуционерот беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата во градскиот парк. Методи Патчев, заедно со Христо Узунов и Петар Чаулев, се тројцата најголеми охридски војводи. Историчарот Михаил Патчев, потомок на семејството, потсети на животниот пат и револуционерното дело на Методи Патчев.„Имаме фамилијарно стебло кое се чува од 1780 година. Од тука почнува историјата на хартија. Традицијата датира уште многу поодамна но, тука се...

Продолжи со читање

Охридски археолози пронајдоа стари монети

Post Views: 318 Со археолошките истражувања на плоштадот се откриени остатоци од некoлку градби кои датираат од почетокот на 20 век. Истражувањата се направени во четвртата сондa на длабочина од 40 до 50 цм. Пронајдени се делови од ѕидана чешма и трансформатор, но и фурна кои сеуште ги паметат повозрасните охриѓани. Најдени се и делови од коски од Турски гробишта и неколку парички, информира Мишо Тутуткоски, директор на НУ „Завод и Музеј“, Охрид .„Монетите се од 1913, 1918 и 1925 година. Не зборуваме за антички или средновековни монети. Можеби во подлабоките слоеви има и...

Продолжи со читање

Разговор најбарана услуга во Нега центарот

Post Views: 352 Во охридскиот Нега центар има осум обучени негуватели. Од неодамна, во ОО ЦК работи центарот со сертифицирани негуватели. Цените на пакет услугите се дефинирани на ниво на Републичкиот Црвен крст и според потребите на барателите. Досегашното искуство од Нега центарот покажува дека во Охрид има се повеќе повозрасни граѓани кои живеат сами, а се поголема е побарувачката од негуватели кои помагаат во домашни услови, кажува Сашо Точков, претседател на ОО ЦК.„Услуги што и досега ги нудевме со групата за поддршка на стари лица, а тоа се посети и јавување на граѓани...

Продолжи со читање