Автор: Валентина Неловска
Post Views: 141 Учениците по готварство од охридското средно училиште Ванчо Питошески и аматери готвачи ги одмерија своите вештини воподготвување на спеициалитеите од пилешко месо. Екипите беа составени 5 тима од по тројца ученици и два тима Кокода и Весело петле од аматери. Сите екипи вредно подготвуваа специјалитети од пилешко и с е надеваат да го освојат првото место. Снежана Николова, Митрески Јонче и Петреска Анѓела беа членовите на екипата Кокода. Николова кажа дека готварството не и струка туку хоби и голема љубов. „ Планираме да подготвиме пилешко во бел сос според...
Се одржа промоција на СОСУ„ Св Кирил И Методиј“ преку виртуелни компании
Post Views: 117 СОСУ „Св Кирил и Методиј“ ги промовираше своите можности за привлекување на основци за упис на новата генерација ученици. Славица Костоска, директор на ова средно училиште кажа дека нивните ученици испратиле и промотивен материјал до сите основни училишта во градот, но и во Дебар и Ресен каде што нема медицински и економски училишта, за да ги запознаат учениците со нивните капцитети. „ Можностите на училиштето се големи. Но, за жал како опаѓа наталитетот во земјава и кај нас , а по одливот на младите кои заминуваат надвор, се осиромашуваат школите со можност на...
Во Охрид не постои енигматски клуб, поранешните енигматичари посакуваат негова реафирмација
Post Views: 217 Дипломираниот градежен инжинер Андон Колоски е еден од некогашните најуспешни охридски енигматичари. Колоски точно пред 2 децении на „ТВ Крстозбор“ ја освоил титутлата најдобар македонски енигматичари, а за покажаното знаење освоил и вредна награда автомобил. Колсоки вели тоа беше убава емисија каде што до израз доаѓаа знаењето и концентарцијата на натпреварувачите. Охрид во тоа време беше еден од главните енигматски градови со голем број на врвни енигматичари кои функционирале во клубот Билјана. Колоски потсетува дека во тоа време во Македонија постоеле 16...
Студентите од ФТУ на дело ја покажаа хуманоста и даруваа крв
Post Views: 112 Христијан Димовски студент на втора година на охридскиот Факултет за туризам и угостителство е крводарител. Димовски раскажува дека крводарител станал во средно училиште по неговото полнолетство. Денес, по 16 пат, тој се вклучува во уште една крводарителна акција. Младиот хуман oхриѓанец, кој воедно е и спортист, не го крие задолството и нагласува дека е среќен од чувството дека со неговата крв може да спаси нечиј живот и да помогне. „ Тие се поврзани , спортот и хуманоста, сега се вративме од туризмијада освоивме 3 место во кошарка. Им препорачувам на сите ...
Купувачите реагираат на различниот квалитет на увозни артикли кои се продаваат кај нас и во земјите од ЕУ
Post Views: 140 Купувачите реагираат на квалитетот на одредени увозни артикли брендови кои се продаваат кај нас и во земјите од европската унија. Оние кои пробале некој производ дома и во странство забележуваат дека квалитетот на истиот бренд не е ист, потвдрува претседателаката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велков. Од ОПМ појаснуваат дека засега кај нас нема споредбени лабораториски истражувања на производите, а за овој проблем посебно за прехранбените артикли се дискутирало и на европскиот парламент. Засега кај нас не се истражува дали квалитетот...
Жителите од урбаната заедница Воска 1 се загрозени од глутница кучиња
Post Views: 113 Луѓето кои живеаат во Воска еден, на Булевар Туристичка наспроти бензиската Окта бараат спас од кучињата скитници кои ја загрозуваат нивната безбедност. Главоболка им задаваат веќе подолго време чопор од 10 – тина кучиња скитници кои ги напаѓаат луѓето кои живеат во околните згради на Туристичка. „Едно девојче во последен момент се спаси со затварање на влезната врата од 10- тина кучиња. Човек пред продавницата на тротоарот буквално бил соборен на земја долу, а го спасиле луѓе кои се затекнале во продованицата. Како можело тоа да се заврши е прашање. Во...
Се подобрува квалитетот на гастрономскиот кадар во ФТУ Охрид
Post Views: 143 Се подобруваат знаењето и вештините на гастрономскиот кадар кој произлегува од охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Менаџерите на рестораните може да видат добри гастрономи кои за своите готварски креации добиваат врвни награди на меѓународни натпревари. Во изминатиот перод, угостителите постојано се жалеа на квалитетот на завршениот гастрономски кадар, но од пред две години се направени квалитативни студиски програми и на овој отсек од факултетот. Доказ за тоа се добиените награди од меѓународни натпревари. Признанијата добиени од меѓународни шефови им...
Децата од градинката Росица со приредба и го честитаа празникот 7 мај на охридската полиција
Post Views: 119 Со песна и игра најмали дечиња од мултикултурната градинка Росица на полицајците им го честитаа денот на бебеднсоат и полицијата 7 мај. Децата играа и пееја пригодни песни на македонски, турски и алабански јазик. Трета година по ред во грaдинката Јасна Ристеска се реализира проектот Мојот пријател полицаец, а на гости им доѓаат полициски службеници.„На ваков начин успеавме кај децата да формираме навики за безбедно живеење и чување на сопствениот живот и здравје и со помош на нашите пријатели полицајци кои се присутни во градинката, а децата ги посетуваат нивните...
Во охридската болница за раѓањето на бебињата се грижaт професионални акушерки
Post Views: 111 Акушерството е благородна професија која се грижи за здравјето на мајката и за новородениот живот на бебето. Во охридската болница на одделот за гинекологија има 30 акушерки. Станува збор з а професионален тим кој ја работи со огромна љубов оваа професија, напоменува од името на своите колешки сестра Наташа Лолеска. Пред се работи мајчинскиот инскинкт кај сите нас , а при тоа чувството да се донесе на свет еден мал беспомошен живот е прекрасно, открива Лолеска. „ Работата е сложена. Тука кај нас се доаѓа за убави моменти, за радост. Ние сме професиоанлен тим...
Реализирана показна вежба за полициските службеници од охридската полициска станица
Post Views: 115 „Обука за контрола на возилата во сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре се одржува во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес полициските службеници од охридската полициска станица имаа показна вежба. Целта е да се подигне нивото на професионалноста на полициските службеници во извршување...
Во Охрид се одржа Детски семафор општински натпревар во сообраќај
Post Views: 136 Над 60 ученици од основните охридски државни училишта, а за прв пат и шест ученици од приватнот колеџ Јахија Кемал, на натпреварот Детски семафор ги покажаа своите теоретски знаења од сообраќајот и вештини во возење велосипед. Оваа едукативна акција ја реализира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и има за цел да се влијае врз подигање на културата кај најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварот Детски семафор е поддржан од Локалната самоуправа. „ Локалната самоуправа секоја година обезбедува велосипед за прво наградените и заштитни велеосипедски...
Бројот на заболени од астма расте и во светот и кај нас
Post Views: 187 Астмата е сериозно здравствено заболување кое има тенденција на пораст и кај нас и во светот. Астмата се карактеризиа со стеснување на дишните патишта, а лековите кои се земаат го олеснуваат воспалителниот процес на дишните канали. Д-р Валентина Милошевска, специјалист интернист при ЈЗУ Општа болница – Охрид, од секојдневната пракса од нивниот центар за астма, укажува дека од астма се почесто на удар се жените, а има и повеќе прични за појава на ова заболување.„ Во нашата установа е формиран центар за астма кој постои 10 години. Тука гравитраат заболените...