Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Намалена е побарувачката за продажба на куќи во стариот дел на Охрид

Post Views: 7 Побарувачката за купување куќи во стариот дел на Охрид е намалена. Најактуелни за купување се куќите со поглед на езеро во делот на Света Софија, Канео и Месокастро но најчесто тоа се стари објекти кои имаат потреба од реновирање. Но бирократските процедури за вадење градежни дозволи се многу долги па купопроджбата се одвива многу тешко. Врз продажбата на недвижностите во голем мера покрај долгите бирократски процедури за вадење градежни дозволи за реновирање на куќите влијае и долгата постапка за легализација, вели Александар Трајковски од Агенцијата за...

Продолжи со читање

Елена и Емилија се близначки со голем сликарски потенцијал

Post Views: 8 Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети. „ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија. Близначките Лазароски сликаат од...

Продолжи со читање

Охриѓанките Елена и Емилија се близначки со голем сликарски потенцијал

Post Views: 8 Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети. „ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија. Близначките Лазароски сликаат од...

Продолжи со читање

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 4 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира...

Продолжи со читање

Спасители, лекар и психолог на охридските плажи

Post Views: 3  Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона. Општинскиот Црвен крст има 208 лиценцирани спасители на вода, а наскоро ќе започне и обука на нови 40 -тина спасители, информира нејзиниот претседател Сашо Точков. На плажите ќе бидат ангажирани околу 100-тина од нив кои ќе се грижат капачите да бидат сигурни во езерските води. „За безбедноста на плажите се грижи самиот концесионер кој ќе ја повика службата или пак Капетанијата, односно Министерството за...

Продолжи со читање

Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот Живеј здраво, живеј безбедно

Post Views: 5 Основците од повеќе охридски училишта и од детската градинка Јасна Ристеска се вклучија во проектот кој се одржа под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Учениците преку забава се здобија со знаења како да стекнуваат здрави животни навики. Во организација на општина Охрид на овој начин беше одбележан Светскиот ден на здравјето 7 април. Во проектот активно се вклучија волонтери од ОО ЦК. Тие презентираа како се дава прва помош при повреди. Младите се многу заинтересирани за споделување знаења од оваа област, кажува волонтерот Георги Ставрески. „Преку цела година...

Продолжи со читање

Започна пријавувањето за субвенции за ПВЦ прозори и сончеви колектори

Post Views: 6 Министерството за економија и годинава ќе ги покрива дел од трошоците на граѓаните за поставување на сончеви колектори на покривите  и за замена на старите со нови прозорци. Граѓаните може да поднесуваат барање за надомест на дел од вложените средства.  Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сè до искористување на предвидените средства. За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари . Граѓаните ќе добиваат  50 отсто од...

Продолжи со читање

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 4 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата...

Продолжи со читање