Автор: Валентина Неловска
Post Views: 133 Граѓаните се ослободуваат од непотребниот отпад кој како ќе се снајде. Во контејнерите, покрај нив, покрај патиштата, покрај реките, па дури и во близина на езерскиот брег. Честа е сликата со отпад оставен покрај контејнерите, а покрај различните отпадоци го има и зелениот отпад од делови од растенија и дрвја. Од ЈП Охридски комуналец информират дека засега од тој отпад преработуваат само дел, а за скоро време најавуваат посериозен пристап кон овој вид на подигање на отпадот, информира Трајче Љатков ЈП Охридски комуналец.„Има проект со Југозападен плански регион...
Од Мобилност бараат плажа во Охрид со адаптиран приод за лицата со инвалидитет
Post Views: 148 Од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност бараат пристап до најблиската плажа на охридското крајбрежје. Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност, вели дека неколку години наназад бараат неколку плажи на охридското крајбрежје да се пролагодат за лицата со телесен инвалидитет, како и да се прилагодат туш кабини и тоалети.„Имавме поддршка од Министерството за транспорт и врски дека ќе се остари и реализира тоа што е предвидено во Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица...
Во пресрет на Велигденските празници во Охрид се одржа саем
Post Views: 141 На охридскиот плоштад кај Чинарот денес имаше весела, распеана и раздвижена атмосфера. Охридските занаетчии на штандови ги изложија своите рачни ракотворби, солени и слатки специјалитети и накит. На саемската манифестација со свои рачни изработки се приклучија основците, децата од градинката и од одделот за гастрономија при ФТУ. Саемската манифестација е под покровителство на Локалната самоуправа , а во организација на градски пазар и охридскиот Црвен крст.„ Трета година по ред се организира велигденската саемска манифестација на плоштадот Крушевска Република...
За Велигден охриѓани купуваат jaгнeшко според стандардот
Post Views: 179 Во охридските месарници граѓаните купуваат јагнешко месо во зависност од длабочината на својот џеб. Цената на јагнешкото се движи од 300 до 320 денари, а тежината на јагнињата се од 8 до 12 килограми. Охриѓани потврдуваат дека на трпезата ќе ја задржат традицијата да има јагнешко печено месо. За цената, некои ќе речат дека е „солена“ ама ќе купат колку што можат, а други сметаат дека е на исто ниво како и лани. Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно искуство, нагласува дека имаат доволни количини јагнешко. Граѓаните купуваат јагнешко кој...
Охриѓаните Џамбазови единствените изработувачи на традиционални свеќи во градот
Post Views: 296 Се наближува големиот христијански празник Велигден. Овој празник верниците го слават со вапцувањето на црвено јајце, но и со посета на црквите каде што палат свеќи и се молат за здравје и бериќет на семејството. Во Православието зад светлоста на свеќата се крие длабока симболика. Во Охрид како духовен центар во минатото имало неколку семејства кои изработувале свеќи. Денес, во охридската чаршија помеѓу мноштвото современи дуќани, со децении опстојува и пркоси на новото време малото занаетчиско дуќанче на свеќарите Воислав и Павел Џамбазови, татко и син. ...
РК Охрид утре го чека нов спортски предизвик со екипата Зомимак од Струмица
Post Views: 146 Охридските ракометари, утре имаат нов спортски предизвик. По низата победи во Купот на Македонија и пласманот меѓу 4 најдобри екипи во Македонија. Охриѓани ќе имаат спортски дуел со струмичките ракометари од Зомимак. Тоа е екипа која ова агодина беше претставник во европските купови, истакна Горан Андоновски тренерот на РК Охрид.„ Ние уживаме во овие натпревари и играчите го даваат својот максимум и покрај тоа што во изминативе 7 -8 денови имавме тешки натпревари. Се надеваме дека ќе собереме сила и ќе продолжиме со нова победа иако ќе биде тешко. Струмица во првите ...
Успешно реализирано јавното приватно партнерство за осовременување на уличното осветлување во Охрид
Post Views: 130 Презентирани придобивките кои Охрид ги доби по преземањето на чешката фирма ICS системи да го одржува јавното улично осветлување. Претставници на компанијата и нивни соработници ги искажаа техничките поединости од функционирањето на јавното осветлување со лед светилките и реализацијата на проектот со јавно приватно партнерство помеѓу чешката фирма и општина Охрид. Од 2015 до денес, во првата фаза на реализација на одржување на јавното улично осветлување од страна на чешкиот партнер, целосно се заменети 7627 лед светилки, инсталирани се над 460 автентични фенери...
Промовирана книгата „Регистарот на поп Јован Савев“ од Илинка Јанева
Post Views: 143 „Регистарот на поп Јован Савев“ е новата книга на историчарот Илинка Јанева. Јанева 5 години ги истражувала и обработувала единствените податоци кои поп Јован Савев успеал да ги зачува од заборав и да ги запише во регистарот кој го опфаќа периодот од 19 и 20 век за семејствата во охридското маало Геракомија. Податоците за семејствата во Охрид пред 1914 година биле уништени, изгорени или изнесени од Охрид, па затоа овој регистар е мошне значен. Поп Јован Савев бил свештеник во ова охридско маало, но и во селата Оровник и Подмоље, истакна аворот Јанева. Во регистарот...
Се одгледува и продава сезонско цвеќе во охридскиот расадник
Post Views: 185 Во охридскиот расадник, кој работи во рамките на ЈП Комуналец се одгледуваат лисно и цветно декоративни садници. На површина од 2 хектари под пластеници и под стакло се произведува сезонско цвеќе. За засадување и одржување на хортикултурните површини се грижат околку 25 работници. За хортикултурно уредување на јавните површини во парковите, но и за продажба за приватни дворови и градини се одгледуваат различни видови на сезонско цвеќе, информира Трајче Љатков од ЈП Комуналец. „ Најмногу сме определени за цвеќе од хибридно семе кое се покажа најсоодветно на...
Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.
Post Views: 151 Охрид по седми пат од 17 до 24 април е домаќин на Меѓународна ликовна колонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија. Софка Прчева, Генерален секретар на Мобилност, информира дека на ликовната колонија годинава зеле учество 27 сликари од повеќе Балкански земји. Интересот за учество на колонија е голем и од здруженијата на лицата со телесен инвалидитет, но и од академските сликари, но ние се трудиме постојано да има нови учесници, подвлекува Прчева. „Учествуваат лица со телесен инвалидитет, талентирани за сликање...
Охриѓани излегоа на мирен протестен марш
Post Views: 147 Голем број граѓани протестираа под мотото Нема правда нема мир, носејќи пароли со различни пораки. Некои од граѓаните ги искажаа и своите барања од денешниот протест. Граѓаните бараа оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, повлекување на аболицијата на полиитчарите и да нема избори на 5 јуни. Граѓанската организација Протестирам беше организатор на проетсниот марш. Вероника Стефаноска од името на „Протестирам“ ги упати барањата.„ Целта на денешниот протест е исполнување н а барањата на граѓаните. Дел се претседателот Ѓорѓе Иванов да ја напушти својата...
Парламентарки“ комедија која ќе ја насмее публиката и исмее реалноста
Post Views: 141 9 члена актерска екипа е подготвена пред охриѓани да ја одигра премиерата на претставата Парламентарки. Ова е 5-та премиера на охридскиот театар. Претставата е инспирирана од комедијата „Жени во народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. „Парламентарки“ од една страна го критикува секој политички систем и структурите на власта, а од друга се заминава со човековата глупост во желбата за власт и моќ, напоменува драматургот Сашо Димоски.Потребата да се напише нов текст произлегува од глобалните и локалните политички настани кои станаа дел од нашето...