Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби

Post Views: 6 Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби. Ова го покажало истражувањето спроведено од стручната служба во ОУ„ Св Климент Охридски“ при реализација на проект на тема „ До инклузија со соработка“ со „Сината птица“ , здружение за помош и поддршка на деца и млади со различности. Основните училишта со наставната програма се насочени кон едукативниот процес за сметка на воспитната компонента. Иако школите се трудат да работат со децата на развивање позитивни ставови и менување на стереотипите за овие деца тие се оптоварени со обемни наставни програми...

Продолжи со читање

Старото кино станува руина

Post Views: 7 Некогашната гордост на градот, киното Охридско езеро, полека се претвора во руина. Објектот кој се наоѓа во строгиот центар на градот остава грда слика со својата запуштеност. Непознати лица го искршиле долниот прозор и внатрешноста на објектот ја претвориле во депонија. Од зградата се шири неподнослива реа. Искршените стакла од горните прозори преставуваат сериозна опасност за минувачите да не завршат врз нечија глава под налет на ветар. Граѓаните реагираат дека покрај објектот поминуваат со страв. Минувачите се почесто ја заобиколуваат зградата и преминуваат на ...

Продолжи со читање

Aнемија ги напаѓа децата

Post Views: 7 Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска. „Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...

Продолжи со читање

Плоштадот Чинар ќе се реконструира

Post Views: 6 Плоштадот Чинар ќе се реконструира. Локалната самоуправа распиша конкурс за избор на идејно решение за измена на сегашниот изглед на малиот плоштад. Охриѓани имаат свои видувања за уредување на плоштадот.Случајно избраните граѓани сметаат дека за сегашната фонтана  треба промена. Локалната самоуправа бара нови решенија од архитектите при изработката на идејното архитектонско решение за реконструкција на плоштадот и во опкружувањето околу фонтаната. Има услов таа делумно да се помести за да овозможи пофункционално и порационално решение на просторот околу неа. ...

Продолжи со читање

Месечината во перигеј фотографирана над Охрид

Post Views: 5  Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски  избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј. „Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се...

Продолжи со читање

Охриѓани купуваат безбедна храна

Post Views: 4 Редовните контроли на инспекциските органи на АХВ покажуваат дека досега охриѓани и стружани купувале безбедна храна. Во пресрет на Велигденските празници кога е зголемена побарувачаката на јајца инспекциските служби вршат засилени контроли на овој прехранбен продукт, но и на прехранбените бои за бојадисување на јајца. Досега се уништени две пратки на јајца при увоз од соседна Србија, информира Атанасова. „Се контролира производството, преработувачката, дистрибуцијата и продажбата на јајца. Како небезбедна досега заради несоодветно означување на рокот на употреба...

Продолжи со читање

Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат

Post Views: 17 За три месеци од почетокот на годината до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 29 претставки од граѓани. Во најголем дел од преставките е постапуванo и се решение, напоменува Цветко Ристески овластен потписник во одделението на Државниот пазарен инспекторат. „ Поплаките во поглед на на продадените производи за несодветен квалитет во најголем број во 90 посто се однесуваат на производи од бела техника и телефонски апарати. За волја на вистината има и дел од претсвките кои се неосновани. Граѓаните се пожалиле незнајеќи ги своите права, но ние како служба ќе...

Продолжи со читање

Охридската ТА „Елида Турс“ се стекна со сертификат Коректна Фирма

Post Views: 6 Со сертификат Коректна Фирма се здоби охридската туристичка агенција „Елида Турс“. Како една помала фирма овој сертификат е значајно признание и мотив за нас да продолжиме по патот по кој го трасираме ското 3 децени , вели сопственичката на агенцијата Елида Битрак. „Нашиот тим во секое време се труди со нашите клиенти да има коректен однос. Да има почитување и да се најде можност отценувајќи го карактерот на патникот како да му удоволи на неговото барање. Секогаш се љубезни, коректни, во прв план е клиентот и мислам дека го заслуживме тоа“, вели Битрак. ТА „...

Продолжи со читање