Автор: Валентина Неловска
Post Views: 142 Растителниот и механичкиот отпад фрлен во езерските води на потегот кај Мазија го загрозува опстанокот на жолтиот локвањ. Во минатата година заради неповолни антропогени влијанија дошло до негово исчезнување. Во 2006 година со проект на македонското-лимнолошко друштво беше вратен во неговото некогашно живеалиште, вели д-р Марина Талевска, од Македонското лимнолошко друштво. За таа цел локалитетот кај Мазија се исчисти од сите видови на отпадоци и локвањот беше донесен од Калишта, појаснува Талевска. За да не дојде до негово повторно уништување таа повикува надлежните...
Изградбата на хотелскиот комплекс кај Св. Стефан не придзвика интерес кај граѓаните за дебата
Post Views: 138 Слaб граѓански интерес за јавна дебата за хотелскиот комплес кај Св Стефан. Денес се презентираше извештајот за стратегиска оценка на животната средина за локалната урбанистичка планска документација за овој туристички комплекс кој ќе се гради на 5000 метри квадратни. Емил Стојановски, екперт за стратешка оценка на животната средина кој го изработи документот, истакна дека во дозволените рамки за заштита на воздухот, подземните и површинските води, бучавоста и управуавњето со отпадот, даваат позитивно светло за изградба на хотел на овој локалитет. „ Овој извештај...
Интерес за ловен туризам во струшко има ама нема доволно дивеч
Post Views: 177 Ловното друштво Превезан од Струга под концесија на 10 и 20 години има два ловни терени. Ова ловно друштво постои од 1957 година информира претседателот на ЛД Превезан Климе Бицевски. Едниот терен е планински и се наоѓа во Долна Белици, а другиот е во поле и е во атарот на селото Драслајца. За концесијата на државата и плаќаат 90.000 денари годишно, напоменува Бицевкси Додава дека во друштвото денес има 150 ловџии членови, а пред три децнии нивниот број бил и до 1000 ловци. Членарината е 3500 денари годишно, вели претседателот на Превезан. Ловџиите најчесто...
Охрид се повеќе го напуштаат младите, а нивните родители остануваат сами
Post Views: 131 Охрид се повеќе го напуштаат младите луѓе, а родителите остануваат сами. Меѓу нив има постари лица кои имаат потреба од нечија грижа. Ѓорѓи Трпчески претседател на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, напоменува дека до нивното здружение се обраќаат постари лица кои не се нивни членови, а тие се трудат да им помогнат на разни начини. Излегуваме во пресрет со запишување за снабдување со огревно дрво и прехранбени артикли преку клубот на пензионери, напоменува Трпчески.„Преку месните ограноци на ниво на двете општини наши членови ги посетуваат изнемоштените....
Охридскиот актер и режисер Благој Кичеец денес го слави 90-от роденден
Post Views: 193 Благој Кичеец , поранешен актер и режисер од првиот професионален охридски театар, денес го слави 90-от роденден. Кичеец е еден од повозрасните професионални охридски актери од минатиот век. Роден е во Охрид на 30 март 1926 година, во Месокастро, во занаетчиско касапско семејство. Кичеец раскажува за неговите посети на патувачките театри кои доѓале во Охрид во 30-те години од минатиот век и како се родила неговата љубов кон театарот. „Честопати одев со татко ми на претставите на разни патувачки театри, меѓу кои Бибобо, Петре Прличко тогаш се викаше Перица Николиќ ...
Записниците од охридскиот Општински инспекторат покажуваат поголема дисциплина на граѓаните и фирмите
Post Views: 141 Според извештајот на Општинскиот инспекторат за 2015 година охридските инспектори по туризам имале најмногу работа. Споредбено извештаите од 2015 и 2014 година не покажуваат големи отстапувања од она што го сработиле општинските инспектори од повеќе сектори, информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.„ Генерално цифрите по обем се приближни, но она што радува е дека има поголема дисциплина и кај граѓаните и на фирмите во однос на дејностите со кои тие се занимаваат и што нашите инспекотри го наоѓаат на терен“, подвлекува Џамтоски. Од општинскиот инспекторат уверуваат...
Пуштен во употреба реконструиран локалниот патен правец Вапила – Ливоишта
Post Views: 139 Охридските села Ливоишта и Вапила се поврзаа со реконструиран, асфалтиран пат во должина од 2 километри и проширен 1 метар. Вкупната вредност на реализираниот проект од Локалната самоуправа е во износ од 8 милиони денари. Средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддшка за руралниот развој на РМ , проект изработен од општина Охрид, посочи при свеченото пуштање на патниот правец градоначалникот Никола Бакрачески. „ Свеченото пуштање на проектот е дел од нашиот проект за убавите охридски села какви што се Ливоишта и Вапила. Продолжуваме со програмата...
Почнаа археолошки ископувања на дел од месноста Дебој
Post Views: 254 Во тек се систематски истаржувања на комплекост Горна Порта непосредно во близина на црквите Св. Димитрија и Св. Богородица Перивлепта, информира директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, за започнатиот проект предвиден за 2016 година.„ Тој простор претставува составен дел од комплексот Дебој. Досега во минатите години не е истражуван како останатите простори. На пристапниот пат во непосредна близина на овој локалитет пред 10 т9на години се откри златната маска и остана да се доистражи уште овој дел“, потенцира Паскали Бунташеска.Археолошките истражувања...
Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список Во Охрид 25-мина анкетари ќе проверуваат спорни гласачи од Избирачкиот список
Post Views: 135 Дваесет и пет анкетари во Охрид и Дебрца ќе прават теренска проверка на спорните податоци од Избирачкиот список со овластувања од ДИК. Покрај нив ДИК издала овластување на исто толку набљудувачи од поголемите политички партии, информира Марга Димоска ракаводител на подрачното одделение за започната постапка за спроведување на ажурирање на податоците од избирачкиот список. Имињата на лицата кои ќе се вклуени во анкетирањето се доставени од ДИК, сите прифатија и покажаа подготовеност за работата, напомена Димоска. „ Анкетарите се сите учесници во претходни активности...
Oхридскитe таксисти незаинтерсирани за бесплатните обуки по англиски јазик
Post Views: 146 275 охридски такси возачи поседуваат уверенија и сертификати за вршење на такси превоз. Таксистите полагаат како физички лица и за овие уверениа треба да издвојат 4500 денари, согласно законските измени во превозот во патниот сообраќај во 2015 година. Сертификатот го добиваат по полагање пред општинска комисија која ги проверува нивните општи знаења од историјата и градот, па дури потоа ги добиваат овие општински дозволи, информира Љупчо Танески портпарол на Секторoт за комунални дејнсоти. „ Треба да се разликува уверение и сертификат. По добивање на уверението...
Охрид утрово го зафати силен ветар дуваше со брзина од над 100 км на час
Post Views: 163 Силен ветар го зафати Охрид и охридско утрово. Во делови од градот летаа ќерамиди, рекламни паноа, се искршија и многу гранки, а паднаа и бандери. Атанас Ковачески , портпаролот на ЕВН Македонија информира дека силниот ветар направил одредени проблеми во напојувањето со елктрична енергија во Охрид, околината и Дебрца. Од силината на ветерот биле откорнати неколку бандери и се скинале проводници на електричната енергија. Екипите на ЕВН на терен ги санирале настанатите проблеми, а доколку повторно има потреба ќе се вклучат во отстранување на пријавените проблеми....
Судската администрација во Основниот суд Охрид штрајкува со колегите од земјата
Post Views: 169 Судската администрација од Основниот суд Охрид се приклучи кон штрајот на колегите од земјата. Тие бараат измена на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници за 35 проценти, исплата на ветените 5 проценти за 2015 , враќање на работното време од 7.30 мин до 15.30 мин, информира Борче Мирчески, претседател на Здружението на судска администарција на РМ. „ Од денес судската администарција до петок во сите судови штрајкува. Денес и утре штрајкот ќе биде во судовите , а во петок ќе биде со протест во Скопје,ќе почне пред парламентот,...