Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охриѓани не се откажуваат од традиционалното одбележување на Денот на жената

Post Views: 135 За Денот на жената 8 -ми март охридската чаршија денес беше раздвижена. Традиционално празникот се одбележува со подарување на најразлични подароци. Осмомартовските подароци се купуваа во парфимериите, продавниците за накит, сувенирниците ама  се чини најпосетувани беа цвеќарите и цветниот пазар на плоштадот кај чинарот. „Се купува секакво цвеќе, еднаш во годината е денот на жената и тоа е знак на култура. Се купуваат цвеќина од се по нешто од каранфил до рози“, вели Аднан Али еден од продавачите на цветниот пазар кај чинарот.   Во знак  на внимание и почит кон...

Продолжи со читање

Во Велмеј две недели не се подига комуналниот отпад

Post Views: 133 Во селото Велмеј,  во општина Дебрца, контејнери и канти за отпад се преполни со смет кој не се подига веќе две недели, реагира претседателот на оваа месна заедница Гоце Цветкоски. 170 домаќинства се засегнати со овој комунален проблем, додава тој.  „Комуналното претпријатие од Дебрца не  си ја врши работата, 14 дена не е подигнат сметот во селото  додека во другите села од општината  Дебрца е подигнат. Има поставено контејнери и канти се е затрупано со отпад. Велмеј преку викенд има и преку 200 фамилии па се збира доста отпад“, напоменува Цветкоски.Во селото Велмеј...

Продолжи со читање

Охридските гимназиjaлци трчаа крос за поддршка на светкиот ден на ретки болести

Post Views: 138 Катерина Мирческа, Бисера Николоска и Бојан Стојаноски беа дел од охридските гимназијалци кои денес трчаа крос во рамките на Светскиот ден на ретки болести. Средношколците дадоа свој придонес во кампањата за покренување на јавната свест за постоење во нашето секојдневие лица кои боледуваат од ретки болести. „Прва година сум и присуствував на овој ден да ги поддржам оние кои имаат ретки болести, вели Катерина. Бисера додава дека ги поддржува децата кои имаат ретки боелсти иако приватно не познава такви личности, но би сакала да запознае. Бојан пак, за разлика од Бисера,...

Продолжи со читање

Во Охрид предвреме расцветаa бадемите

Post Views: 133 Високите температури во февруари стануваат проблем за овошните насади кои невообичаенопорано  расцутуваат. Најмногу на удар се бадемите, кајсиите, раните сорти сливи како што се петровката и јапонската слива, напоменува дипломираниот инжинер агроном Мирослав Трајчески. Икао во охридко нема големи плантажи со бадеми туку поединечни дрвја. Но затоа пак  кајсиите гиима во помали плантажни насади. Тие се сега во фаза на принудно мирување и овие температири ги будат овошките, а се на удар од измрзување, вели Трајчески. „Претежно коскените овошја и диви дрјва по ридовите...

Продолжи со читање

Состојбата со штетникот жолтомешка алармантна во охридските шуми

Post Views: 206 Молк од охридските институции дали и колку хектари од околните шуми се зафтени со штетниците жолтомешка и боров четник , тема која пред две недели ја отвори ТВМ. Иако институциите ветија дека со информации ќе излезат за 10 – тина дена по скенирањето на состојбите на терен податоци за состојбата со шумите нема. Државниот шумарски инспектор  за подетални информации не упати  во Македонски шуми и НП Галичица . При тоа не кажа дали им издал службено задолжување да направат увид на терен. Директорот на Македонски шуми не одговараше на повиците на ТВМ, додека пак,...

Продолжи со читање

Дел од патот кон Велестово ќе се проширува и асфалтира

Post Views: 118 Започна втората фаза на грaдежни работи на локалниот патен правец кој води кон Велестово. Со овој зафат планирано е да бидат асфлатирани  3000 метри од патот со што патот ќе биде целосно завршен. За овој локален патен правец се обезбедени околу 15 милиони денари, изјави Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици „Во оваа втора фаза ќе бидат асфалтирани 3000 метри од патот со ширина од  4 метри. Патот ќе се проширува за 40 -50 см по цела должина. Во втората фаза ќе се асфалтираат 12.000 м квадратни од овој патен правец“, вели Танески.Локалната...

Продолжи со читање

Пештанци чекаат да се донесе урбанистички план повеќе од една деценија

Post Views: 246 Новиот Урбанистички план за село Пeштани е во постапка од пред 12 години. Пештанци чекаат да се донесе урбанистичкиот план и стануваат нетрпеливи. Чекаат мештaните, но и инвeститорите кои сакаат да градат, ги пренесува барањата на жителите Ѓоре Танески, претседателот на месната заедница.Планот е во општината. Се чекаат одговори од институциите дали е во заштитениот појас, дали се загрозува езерото според  критериумите на Унеско. Имаме повеќе од 300 градби, селото ќе се шири. Немаме одлив на жители туку прилив и гледаме да одиме напред, луѓето сакаат да градат...

Продолжи со читање

Педалинките не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба

Post Views: 166 Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Лицата кои издаваат педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за безбедноста на лицата кои ги изнајмуваат, вели Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК во чии рамки функционира службата за спасување на вода.  „Укажуваме на оние кои издаваат педалинки да го прават тоа според законските нормативи. Педалинките да не ги издаваат на лица кои се малолетни лица, кои не знаат да пливаат, да воспостават комуникација со изнајмувачите,...

Продолжи со читање

Охридските велосипедисти бараат обележани патеки за возење

Post Views: 178 На кружните текови и на реконструираната улица Питу Гули нема исцртани велосипедски патеки, реагираат охридски велосипедисти.  Тие се чувствуваат небезбедно како ученици во сообраќајот. Од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот напоменуваат дека  имаат проекти за зголемување на  безбедноста на велосипедистите. Општинскиот совет работел самостојно но и со помош на СВР и ЛС за да се подигне степенот за безбедност на учениците во сообраќајот. Работат на едукација на сите возачи, велсипедисти и моторциклисти на потсетување на сообраќајните правила за движење ...

Продолжи со читање

Со „Стари времиња“ започнува репертоарот на охридскиот театар

Post Views: 126 Претставата „ Стари времиња“ утревечер, премиерно  ќе се игра пред охридската публика. Под режисерското водство на Нела Витошевиќ играат актерите  Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и  Ирена Ристиќ. Ветуваат драмско задоволство во траење од 55 минути.  „ Стари времиња беше одиграна минатата година на  фестивалот  Охридско лето. Се одигра и на фестивалот во Струмица. Ова е премиера во нашата  матична куќа. Претставата е наградена со Европска награда за театарски сензибилитет “, кажа директорот на Народниот театар , Горан Стојаноски. Покрај оваа престава од народниот...

Продолжи со читање

Во Стар град ќе се санираат потпорни ѕидови и улички

Post Views: 141 Охридската локална самоуправа  ќе реконструира помали улички и потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. За таа намена од буџетот се издвоени околу 100.000 евра. Распишан е тендер за избор на најповолен изведувач. Со проектот ќе се санираат голем број помали потпорни ѕидови.„ Во рамките на јавните  набавки и градежните зафати ќе се санира потпрониот ѕид кај црквата Панданос кој се одрона минатата година  во Варош, како и   помали и  поголеми ѕидови кај Месокастро , и ѕидините на  најпосетуваната  црква Св . Јован Канео“, вели Танески.  Најповолниот изведувач ќе ...

Продолжи со читање

Вон функција се четири од седумте инфо пунктови во Oхрид

Post Views: 123 Четири инфо-пунктови со екрани на допир поставени за подобро информирање на туристите не се во функција. Два од нив, пред општинската  зграда и на езерскиот кеј,  се расипани , а  еден е намерно исклучен. Не работи  и инфо пунктот на автобуската станица, информира Томе Џамтоски портпаролот  на ЛС.  Појаснува кои се причините за таквата состојба со  скапата и современа техника наменета за  информирање на туристите, а воедно и  апелира граѓаните да се однесуваат посовесно кон инфо пунктовите.„ На два од овие тач скрининг пултови им се оштетени екраните од несовесни...

Продолжи со читање