Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов

Post Views: 7  На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија. Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...

Продолжи со читање

Денот на книгата постхумно посветен на Ташко Георгиески

Post Views: 6  Со изложба на делата на академик Ташко Георгиески во Охрид се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. НУ библиотека „Григор Прличев“ постхумно во чест на Георгиески направи изложба на неговите литературни дела. За да му одадат почит и да се потсетат на делата на познатиот македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист во библиотеката беа присутни голем број почитувачи на неговите книжевни дела.   За неговиот книжевен опус, осврт направи директорката на НУ „Григор Прличев“, Александра Белевска. Авторот Георгиески беше член на МАНУ, на ДПМ, на...

Продолжи со читање

Бранови со висина од 2 метри поплавија летни тераси на кафулињата на првата езерска линија

Post Views: 5 Претпладнево во Охрид под налет на циклонот Хектор која ја зафати југоисточна Европа, летаа кровови, се искршија прозори, паднаа дрвја. Лимен кров падна на улицата Никола Карев во близина на маркетот Тинекс и за среќа нема повредени. Паднати дрвја има во дворот на охридската болница, во населбата Христо Узунов, на патот Пештани – Св. Наум, кај Еврохотел Струга. Брановите кои удираа со висина од 2 метри ги поплавија летните тераси на кафулињата на првата езерска линија. Силниот ветар ги вознемири охриѓани. Противпожарната единица од изутринава до 13 часот...

Продолжи со читање

Aнтички нема да се менува

Post Views: 7  Фестивалските спектакли и понатака ќе се одржуваат на постојниот Античкиот театар и просторот нема да добива нов лик. Иако, од Завод и музеј 5 години по ред чекаат пари од ресорното министерство за експропријација на објектите околу театарот, пари за таа намена нема и годинава. Сопствениците на објектите, каде што се откриени различни археолошки наоди, пак стануваат се понестрпливи, сакаат расчистувањена имотноправните односи. Во мат позиција со институциите се наоѓаат седум сопствениците, меѓу кои од локалитетот Манчевци и куќите околу античкиот театар. Паско...

Продолжи со читање

Куварите од охридското угостителско училиште подготвија традиционални специјалитети

Post Views: 5 Осум млади кувари од трета година при СУД „ Ванчо Питошески“ ги покажаа своите вештини и знаења во подготвување на традиционални специјалитети. Во училишната кујна вредно подготвија по сопствен избор вкусна храна. На тој начин ги потврдија своите вештини и знаења стекнати за време на школувањето. „Сите јадења кои се подготвени овде се наша замисла. Наш избор. Подготвивме велешка пастрмајлија, охридски чомлек,охридски комад, раванија, селско месо, питулици“, вели Кристијан Китанов од Градско. Мирсада Фејзулоска љубовта кон готварството ја стекнала од својот...

Продолжи со читање

Охриѓани имаат можност да научат проверени техники кои водат до подобар живот

Post Views: 5 Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за...

Продолжи со читање

Охрид- интересен шехер

Post Views: 5 Охрид бил убав и богат град како и поголемите градови од Империјата, стои во патеписот на Евлија Челебија од 17 век. Со своето перо Челебија запишал значајни податоци од животот на Охрид и овдешните простори. Забележал дека Охрид имал 12.000 жители и 7000 вооружени војници во 1670 година. Луѓето кои работеле на тврдината биле ослободени од плаќање данок. Ова се некои од податоците за градот од 17 век, запишани од перото на Евлија Челебија, славниот отомански патеписец. Челебија пишувал интересни работи поврзани со градот, жителите, сарајот, џамиите и црквите. Меѓу...

Продолжи со читање

Стерилизација или азил за кучињата скитници

Post Views: 4 Од ЈП Комуналец не се согласуваат со Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ за начинот како да се справи општината од кучињата скитници. Директорот, Сашо Алчев, вели дека повеќе од една година имаат изготвено проект, во кој учествувал ветеринарот д-р Перо Божиновски, за целосно решавање на овој сериозен општествен проблем. Сакаме проблемот да се надмине со изградба на заеднички стационар и центар за азил на животните, во кој ќе учествуваат уште три општини од регионов. Покрај општина Охрид, проектот е во начело прифатен и од општините Струга, Вевчани и...

Продолжи со читање