Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 7 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Продолжи со читање

За Плаошник, Самоилова и Енгелана се чекаат пари

Post Views: 7 Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман. „Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи...

Продолжи со читање

Охридските училишта формирале комисии по препораките на МОН

Post Views: 4 Министерството за образование и наука упати препораки општините и училиштата да го почитуваат правилникот за исхрана на учениците усвоен во 2014 година. Најавија законски измени за да го следат спрoведувањето на Правилникот за исхрана на учениците. ТВМ ги контактираше директорите на неколку охридски училишта во однос на препораките на МОН. Дел од нив изјавија дека веќе формирале комисии со кои ќе се разгледуваат препораките. Најавија колективно видување на состојбите по што ќе следи нивно изјаснување. Некои напоменуваат дека без помош на државата тешко може да се...

Продолжи со читање

Конзерваторите во Македонија се дефицитарен кадар

Post Views: 6 Македонија се соочува со дефицит на конзерватори од повеќе области. Недостасуваат домашни стручни кадри кои ќе работат на заштита на непроценливото културно историско наследство. Во земјава нема конзерватори од сите области почнувајќи од сликари, археолози, архитекти, набројува  д-р Лазар Шуманов стручен конзерватор и претседател на Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС. „Замислете сеуште нашата држава нема систем за едукација за припрема на конзерватори. Јас сум дипломирал на архитектонскиот факултет и сум учел конзервација. Ние како комитет сакаме и...

Продолжи со читање

Мистерија колку пари му носи туризмот на Охрид

Post Views: 5  На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска...

Продолжи со читање

Осмомартовскиот празник е добар предзнак за успешна сезона

Post Views: 8 Туристичките работници со оптимизам најавуваат успешна туристичка сезона. Според стартот на осмомартовската посетеност на Охрид очекуваат во претстојниот период добар старт на сезоната 2018. Туристичкиот водич Љупчо Јузмески очекува голема посетеност на Охрид и за Велигденските празници. „За претстотните празници има најава на гости и сите хотели се над 80 посто резервирани. Потенцијалните инвеститори треба да размислуваат да градат хотели во Охри“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Во Охрид најголем број посетители се гости од соседните земји. Туристички...

Продолжи со читање

Варовиот малтер да се употребува при конзервација на историските објекти

Post Views: 8 Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на...

Продолжи со читање

Охрид привлечна дестинација за Велигден

Post Views: 8 За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...

Продолжи со читање