Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охридските туристички субјекти се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија

Post Views: 4 Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа...

Продолжи со читање

Законот за јавни службеници ги раскара синдикалците во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 4 Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието,...

Продолжи со читање

Охридските сувенири и понатака ќе доаѓаат од Кина

Post Views: 4  Пропадна барањето на СОУ „Ванчо Питошески“ во рамките на нивното училиште да се отвори паралелка за дизајн на керамика. Министерството за образование и наука не даде зелено светло во Охрид да се едуцира ваков профил кој би значел развивање на занатчиството и збогатување на сувенирската понуда во градот. Оваа можност беше големо очекување на директорот на „Ванчо Питошески“, Секула Баткоски дека ќе се збогати понудата на училиштето за едукација на нови стручни профили. Барањето на училиштето доби поддршка и од Регионалната занетчиска комора. Претседателот на...

Продолжи со читање

Министерот Зоран Шапуриќ во работна посета на охридски компании

Post Views: 5 Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, за време на работната посета на Југозпадна Макеоднија посети и неколку охридски компании. На домашните бизнисмени им ги презентира владините мерки за поддршка на производството и нивните развојни планови. Шапуриќ при тоа ги запозна стопанствениците со мерките наменети за изедначување и поттик на досега запоставените домашни компании. Во мерките за олеснување на бизнисот кажа дека не се предвидени и нема да има ослободување од придонеси за...

Продолжи со читање

Реката Сушица поплави триесетина куќи на улицата Железничка

Post Views: 4 Надојдената река Сушица поплави триесетина домови на улица Железничка. Под вода се куќи, дворови, земјоделска обработлива површина и домашни животни. Жителите стравуваат дека со најавите за утрешните врнежи и од топењето на снегот реката ќе носи поголеми количини вода. Се жалат дека и покрај досегашните барања до надлежните институции речното корито не било исчистено во последните 30 години. Жителите од овој дел на градот велат дека домовите им се поплавуваат и заради инфраструктурни пропусти. Кажуваат дека со поплавите почесто се соочуваат по изградбата на...

Продолжи со читање

За прв пат кај нас се презентирани светските стандарди за одржлив туризам

Post Views: 19 Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува...

Продолжи со читање

Бездомните кучиња во стaционарот на Мауцкер ќе останат до август

Post Views: 5 50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша. „Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица,...

Продолжи со читање

Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви

Post Views: 4 8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок. „Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие...

Продолжи со читање