Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Готвачите се „сопнаа“ на анасон

Post Views: 6  Готвачите од угостителското училиште се вратија без медлја, но со многу искуства од меѓународен гастро натпревар. Гоце Савески, ученик по готварство во 3 година, е дел од тимот на млади готвачи од СОУ „Ванчо Питошески“ кои учествуваа на меѓународен гастро натпревар на Брач, Хрватска. Учениците по готварство Гоце, Александра, Момир и Бесард ги покажаа своите вештини во три категории на подготвување на храна. Готвачите имале зададени обврски даподготват топло предјадење од анасон, главно јадење од риба и крем десерт. Савески ги споделува впечатоците и задоволството...

Продолжи со читање

Mладите фудбалски репрезентации на Македонија и Србија го отвораат реновираниот градски стадион

Post Views: 6 Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и...

Продолжи со читање

Во маркетите се продава мед по смешни цени, кажуваат пчеларите

Post Views: 5 На македонскиот пазар нема доволни  количини мед ,а  тоа што се нуди на пазарот е гликоза. Таа не е штетна, но купувачите купуваат скап шеќер без минерали и витамини, предупредуваат пчеларите. Цената на медот на Балканот е по 10 евра за килограм. Кај нас се продава од 400 до 500 денари за килограм и го нема, додека во малопродажба може да се најде за 300 денари за килограм, вели охридскиот пчелар Ицо Китанчев. „Во маркетите има смешни цени и ќе се прашаме дали е тоа вистински мед. Трговците се користат со една финта и го декларираат тоа што го нудат на пазарот...

Продолжи со читање

Одржано годиншното Собрание на здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца

Post Views: 5 Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца одржа годишно собрание. Охридските пензионери го усвоија позитивниот финансиско – материјален извештај за работата на здружението. И покрај блокираната жиро сметка ние сме едно од најдобрите здруженија во земјава, информира Димитар Спасески, претседател на Собранието на здружението на пензионери. Спасески посочи кои се нивните предизвици годинава со кои ќе го подобруваат животот на оваа категорија граѓани. „Проблемот е со изградба на Дом за стари лица. Охрид е единствениот град во Македонија кој нема дом. Проблем има и...

Продолжи со читање

Упевче автор на мозаикот „Сонце“

Post Views: 8 Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и...

Продолжи со читање

Младите не сакаат мотика

Post Views: 7 Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните...

Продолжи со читање

Актерот Жан Луи Трентињан добитник на Златната маска

Post Views: 5  Жан Луи Трентињан, легендарниот француски актер е годинешниот добитник на Златната маска за животно остварување, која се доделува на Францускиот филмски фестивал во Охрид. Трентињан е партнерот на Анук Еме и Брижит Бардо во култните француски филмови „Еден човек и една жена“ и „Господ ја создаде жената“. Неговото име, сега се вбројува покрај Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Патрис Томас и Ив Боасе, меѓу досегашните добитници на Златната маска, која се врачува за животно остварувања на познати француски актери и режисери. „Актерот Жан Луи Трентињан ја прифати поканата за...

Продолжи со читање

ОК Вмро Дпмне обвинува: Градоначалникот Јован Стојаноски вработува партиски кадри

Post Views: 4 Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне. „ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски. Потенцираме дека декларираната заложба за...

Продолжи со читање