Автор: Валентина Неловска
Post Views: 5 Пчеларите се загрижени како пчелните семејства ќе ја презимат оваа зима. Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одразат врз развојот и опстанокот на пчелните семејста оваа пролет, кажува Ице Китанчев долгогодишен охридски пчелар. Китанчев очекува пчеларите да ги почуствуваат оваа пролет последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија ршум во пчеларството и овоштарството. Немаше доволно мед па во зимскиот период влеговме и со слаби пчели и со храна,а за да опстанат пчелите во живот посегнавме по нужно зло со прихрана...
Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар
Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите...
Најмладите ретки посетители во библиотека
Post Views: 5 Родителите многу ретко од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители во националната библиотека, потврдува и директорката на установата, Александра Белевска. На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска. Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до...
Тепачките се поретки во охридските училишта
Post Views: 3 Во охридските училишта опаѓа бројот на евидентирани насилни однесувања. Во образовните институции се поретки се тепачките и расправиите помеѓу учениците. Мирната работна и училишна атмосфера е карактеристична и за ОСУ „Св. Климент Охридски“. Директорот на оваа образовна институција, Наум Рилкоски, вели дека за високиот степен на безбедност свој придонес има соработката со полицијата и ангажманот на агенциите за лично обезбедување, кое го обезбедува општината. Охридските училишта може да се пример како да се спречи и превенира насилството во останатите школи во...
Промовирана химната “Сите сме исти“ за лицата со ретки болести
Post Views: 6 Промовирана химната „ Сите сме исти“ со која се одбележа Денот на ретки болести. Музика и аранжман за оваа песна напишаа охридските музичари Димче Китрозоски и Јовица Карајлиевски на текст од Сашо Митаноски.Музичката нумера ја испејаа неколку млади охридски финалисти од музичкото шоу „Суперталент„. Тие преку песна упатија порака до јавноста за постоењето и потребите на луѓето со ретки болести. Димче Китрозоски кој го направи аранжманот за песната напомена дека проектот започнал пред два месеци. Кажа дека во песната е вложена голема енергија и емоции,а пораката...
Во училиштата недостасуваат педагози и психолози
Post Views: 5 Во општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, во кое учат 450 ученици, нема психолошка служба. Во ова училиште никогаш не бил вработен педагог, а тоа не е решено ни со воведувањето на задолжителните педагошки служби, кои треба да се составени од стручни тимови, во сите основни и средни училишта. Засега улогата на педагог ја извршува професор по психологија, вели директорот на училиштето Секула Баткоски. „Засега е одржан еден совет со родители чии деца имале проблематично однесување или имале слаби оценки по повеќе од три предмети, а закажан е и...
Охрид во овие студени зимски денови нема прифатен центар за бездомници
Post Views: 4 Во Охрид ноќните температури на воздухот се спуштаат под нулата.Од министерството за труд и социјална политика има препорака до сите центри за социјална работа да ги згрижуваат бездомните лица во прифатилишта. Дали во нашиот град постојат услови за згрижување на лица без кров на главата или кои живеат во домови под нормални стандарди за живеење се обративме во охридскиот центар за социјални работи. Директорот на центарот не информираше дека во Охрид имаат евидентирано само едно бездомно лице. Кажаа дека нивниот центар не располага со објект каде што би го...
Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови
Post Views: 3 Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков. „ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го...