Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На охридскиот аеродром се очекува првиот лет со Холандски туристи

Post Views: 182 Во ек е туристичката сезона на охридско- струшкото крајбрежје. Во Охрид летуваат најмногу гости од регионот, како што беа и најавите од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, информира нејзиниот директор Љупчо Јанески. Градот и крајбрежјето се посетени од домашните,но и од Полските гости кои доаѓаат со чартер летови. Од наредната недела, на 19 јули, се очекува на охридскиот аеродром да пристигне и првиот лет со Холандски гости оваа туристичка сезона. „Очекувам како што се најавите доколку остане оваа стапка на заразеност кај нас и одредените мерки кои ги...

Продолжи со читање

Приватните станоиздавачи побараа промена на законoт и можност легално да работат

Post Views: 125  Над 420 приватни станоиздавачи во Охрид  чекаат Тлер да им издаде нови решенија за категоризација на капацитети во колективните станбени згради.  Денес Тлер организираше јавна расправа со засегнатите станоиздавачи за да ги чуе нивните барања со цел решавање на настанатиот проблем. На расправата присуствуваа претставници од министерството за  економија, од Пазарниот инспекторат, Хотам, советници. Во моментов од секторот за туризам и локален економски развој не може да издаваат  нови решенија или да ги продолжуваат на станоиздавачите кои издаваат станови во колективните...

Продолжи со читање

Децата од градинка со пригодна програма го дочекаа Дедо Мраз

Post Views: 141 Дедо Мраз со полна вреќа подароци ги посети дечињата од градинката Јасна Ристеска. Со програмата за одбележување на Новогодишните празници ќе бидат опфатени  сите 830 деца згрижени во градинките. Децата од објектот  Лихнида и централната Јасна Ристеска со песна и игра му приредија весело добредојде на Дедо Мраз.  Утре е планирано Дедо Мраз да ги посети дечињата во објектот Росица, на 25 доаѓа во Развигорче и во Велгошти, а на 28 во Лескоец и Радојца Новичиќ. Централната прослава во организација на Локалната самоуправа  ќе се одржи на 26 декември во сабота,...

Продолжи со читање

Познати охридски музичари ќе учествуваат на хуманитарна Новогодишна забава

Post Views: 136 Oхридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески, The Bacdoor Band со нивните прекрасни изведби ќе овзоможат во празниците кои се наближуваат радоста да се сподели со децата кои не растат во изобилие. Атмосферата ќе ја загреат со изведба на македонски евергрини и познати рефрени, како и светски референи од изведби на Елвис Присли, Френк Синатра, Дин Мартин. Охридските музичари потсетуваат дека преку цела година работат на оставруавње на нивните  цели, но дека декември е месец кога треба да се помисли и на другите луѓе кои имаат...

Продолжи со читање

Од охридскиот Завод за кардиологија пренесуван во живо третман на периферна артериска болест

Post Views: 175 Во охридскито Завод за кардилогија се организираше работилница третман на периферна артериска болест на која оператор беше  доктор Никола Бакрачески.  Станува збор за многу честа  патологија кај пациентите во земјава која по зачестеноста не заостанува зад болестите на крвните садови на срцето, напоменува д-р Бакрачески.  „ Со оваа работилница наша цел беше поголем дел од интервентните катетеризации во РМ лабараториите кои имаат можност да изведуваат ендоваксуларни процедури да се запознаат со сите модели и третмани на лекување на периферна артериска болест да усвојат...

Продолжи со читање

Денес се празнува Бадник, денот кој го најавува Христовото раѓање

Post Views: 291 Православните граѓани денес го слават Бадник. Денот со кој се најавува раѓањето Христово, најсветлиот празник во историјата на празнувањето на христијаните. Црковните храмови од утрово беа исполнети со верници кои дојдоа на утринската богослужба, вели отец Љупчо Бакрачески.    Во тој дух на љубовта, како што Бог нас не возљуби ние се собираме празнувајќи во духот на љубовта, проштевајќи си еден на друг, сакајќи се го очекуваме моментот на Христовото раѓање – кажа отец Бакрачески.Бадник е денот кога христијаните со молитва и посна трпеза се подготвуваат...

Продолжи со читање

Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода

Post Views: 162 Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева  нечиста вода. Ова  се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем. Следствено на оваа појава  се поставува  прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку  надлежни институции. За...

Продолжи со читање

Средношколците од Куратица користат редовен наместо училишен превоз

Post Views: 153 Редовен линиски превоз наместо училишен користат  средношколците од селото Куратица.  Со тоа  на учениците им се ускратува законското право на користење на организиран школски превоз се жалат родителите . Скоро една година  10 – тина ученици кои учат во охридските средни училишта не користат школки туку редовен превоз се жалат родителите. Посебно е тешко во зима затоа што е студено и доцна се стемнува , велат родителите. „ Оваа година тендерот го зел Галеб, а учениците ги вози Бале турс со редовна линија, а не со школски превоз. Ние се жалевме до МЗ, општината ...

Продолжи со читање

Oхриѓани посакуваат од локалната власт подобро место за живеење во Новата 2016

Post Views: 132 Различни барања имаат охриѓани  за подобар урбан живот.  Порачуваат градските избраници да водат повеќе сметка за изградба на   содржини кои ќе им го направат животот полесен. Граѓаните кои случајно ги анкетиравме побараа од градските избраници во општинскиот совет да го направат Охрид подобро место за живеење  во престојната 2016 година. Посакауваат што поскоро да се изгради дом за стари лица, повеќе игралишта и забавни содржини за  децата, изградба на катна гаража подалеку од езерото, изградба на канализација во Лагадин, подобри улици и патишта  и улици со тротоари...

Продолжи со читање

Во Охрид за еден месец регистрирани 100 нови фирми со новиот систем

Post Views: 218  На отворените денови во Централниот регистер  корисниците на нивните услуги најмногу се заинтересирани за прашања поврзани со новиот електронски систем за регистрирање на фирми. Најмногу прашања има за новата форма регистрационен агент адвокат кој се воведува покрај регистрационен агент сметководител, напоменува раководителот на одделението Венко Арнаудов. „Со најновите измени за едношалтерски и трговски друштва  има нова категорија адвокати. Адвокатите ги поднесуваат сега сите видови  на уписи на основање, промена и бришење во електронска форма. За сите уписи што...

Продолжи со читање

Туристичките посети и ноќевања во земајва со тренд на раст во периодот јануари-октомври

Post Views: 145 поред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува  61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503. Што значи дека секој посетител во просек во земјава се задржал 3 дена.  Кај домашните туристи има тренд на намалување  и кај посетите и кај ноќевањата. Но, охрабрува подотокот за зголемен тренд на странските туристи и тоа  за 1,8 посто во посетите и 3,5 посто кај ноќевањата, споредено со минатогодишниот октомври.   За разлика од месец октомври, во периодот јануари-октомври 2015 година, споредено со истиот период...

Продолжи со читање

Во стариот дел на Охрид засветија фенерчињата

Post Views: 238 На охридските улици се враќаат  автентичните фенерчиња за јавно  улично осветлување. Дел од вкупно предвидените 461 фенер  веќе се поставени и светат на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео.  Во рамките на договорот за модернизација на јавното улично осветлување  досега се заменети 260 светилки, информира  Љупчо Танески портпаролот на Одделението за комунални дејности. Тој ја појасни разликата помеѓу  јачината на лед светилката и обичната  светилка.„ Јачината на фенерите е 36 вати од новото лед осветлување кое е еквивалентно на светилките од 150 –...

Продолжи со читање