Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање

Post Views: 4 Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња. Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм...

Продолжи со читање

Семејството Арнаудови доделува приватна стипендија за охридските студенти на медицина

Post Views: 18 Семејството Арнаудови парично ќе ги наградува охридските студенти по медицина кои покажале врвни резултати по предметот анатомија. Охридскиот студент Виктор Трпчески е првиот добитник на оваа приватна стипендија. Идејата на семејството Арнаудови е да ги поддржи охридските студенти по медицина без разлика на кој универзитет студираат. Михајло Арнаудов кажува од каде потекнува идејата за доделување на стипендијата и се навраќа на споменот на неговиот дедо од далечната 1923 година. Раскажува дека неговиот дедо Благој заминал на студии по медицина на престижниот...

Продолжи со читање

Охридскиот новинар Милчо Јованоски ја доби наградата Најдобар новинар за 2017 година

Post Views: 0 Охридскиот новинар Милчо Јованоски е добитник на наградата Најдобар новинар за 2017 година. Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, од Скопје, му го врачи ова признание на 27 декември, на годишната прослава на Европскиот институт во Скопје. За наградата Јованоски вели дека било изненадување кое не го очекувал, а драго му е што тоа е доказ дека сепак, некој го цени новинарскиот труд. Милчо Јованоски зад себе има долг стаж со кој го печел новинарскиот занает. За наградата ќе рече дека се должи на неговиот целокупен новинарски ангажман во изминативе 35...

Продолжи со читање

Мерко:Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион

Post Views: 3 Центарот на југозападен плански регион работи 10 -тина години и со Стратегијата за рамномерен развој до 2019 година се предвидува да се зголемуваат средствата за планските региони, информира Рамиз Мерко претседател на југозападниот плански регион. Годинава, тоа ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник кој е на чело и на овој плански регион. „Законот за рамномерен регионален развој е со европско знаме. Европа е заинтересирана да се унапреди и имплементира Законот. Тоа е 1 процент од бруто домашниот прозивод, некаде од 80 до 100 милиони денари годишно да се...

Продолжи со читање

Во Охрид на пладне се роди машко бебе новиот жител во 2018 година

Post Views: 1 Во  11 часот и 49 минути на одделението на гинекологија на свет дојде првиот жител на Охрид во 2018 година. Мајката Катерина Глигороска роди машко бебе. Бебето е трето дете во семејството Глигороски. За текот на породувањето се погрижи медицинската екипа на чело со д-р Мимоза Влаши. „Првото бебе во 2018 е машко од мајка третородка спонтано породена со телесна тежина од 3520 грама и должина 51 цм. И бебето и мајката се во добра состојба. Има и второ новороденче женско од мајка третородка со царски рез. И двете родилки се во добра состојба“ кажа д-р Влаши. Два...

Продолжи со читање

Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево

Post Views: 6 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите....

Продолжи со читање

Незаборавен дочек на Новата година и на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 2 Охридскиот плоштад беше преполн со гости кои Новата 2018 година ја дочекаа на отворено. Забележливи беа многу весели и распеани лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Охрид беше преполн со туристи кои допатуваа за новогодишниот дочек од околните земји, а најбројни беа гостите од соседна Србија. Градот блескаше во својата магична новогодишна декорација и кај присутните влеваше надеж и оптимизам за подобра и посреќна 2018-та година. Од градскиот плоштад се обрати градоначалникот Јован Стојаноски од каде упати желби за многу здравје, успех и...

Продолжи со читање

Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно

Post Views: 2 Дочекот на најлудата ноќ во Охрид протече мирно. За среќа не се забележани сериозни повреди од сообраќајни несреќи или тепачки. Од хируршкото одделение при Општа болница Охрид информираат дека дежурната медицинска екипа во текот на ноќта имала две интервенции. Тимот на чело со дежурниот лекар интревенирале кај паценти повредени во две одделни тепачки, од кои едната повреда била од нож. Охриѓани и гостите биле умерени во јадење и пиење според информацијата од службата за итна медициска помош. д-р Ана Неделкоска, раководител на Службата за итна медицинска помош,...

Продолжи со читање