Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Изгаснат пожар во борова шума кај Опеница

Post Views: 150 Изгаснат пожар во атарот на селото Опеница кој зафати борова шума на површина од 3 до 4 хектари. Пожарот бил пријавен синоќа во 20 часот од локалното население, а екипите на ЈП Национални шуми самостојно го изгаснале утрово до 9 часот, информира Славчо Голабоски, директор на охридската поддружница. Причина за појава на шумските пожари е човечкиот фактор, напоменува Голабоски. „Голем дел од пожарите се од невнимание и несовесност на граѓаните, од оставени догорци или отпушоци на цигари кои од високите температури предизвикуваат пожари. Има пожари и кои намерно се...

Продолжи со читање

Човечка драма се случуваше во опожарен стан на Туристичка

Post Views: 138 Опожарен стан на четврти спрат на седмокатницата на Булевар Туристичка на влезот од Охрид, на пладне,  предизвика вистинска драма. Пожарот се закануваше да се прошири и на соседните станови, а во вертикала од прбвиот влез од зградта  се ширеше густ чад.  Станарите од 40 станови од зградата видно беа испаничени и уплашени  од експлозија и чад. Слушнале жена со две деца како бараат помош.  На станарите  прв на помош им дошол соседот Мугни Шабани Џими како што вели со своите блиски роднини.  На четврит спрат  каде што избил пожарот забележале мајка и две деца останале...

Продолжи со читање

Вртоглави износи за струја во општина Охрид и јавните претпријатија

Post Views: 300 Енергетската криза тропа на вратата од општина Охрид и јавните претпријатија. Сметките за струја достигнуваат вртоглави износи кои не можат да се подмират од сопствени извори. Во моментов, општината и двете ЈП „Водовод“ и „Билјанини извори“ немаат потпишан договор со добавувач на електрична енергија. Градоначалникот Пецаков очекува помош од државата за да се реши проблемот со кој се соочуваат сите општини во државата.Ние сме на работ на егзистенција како ЈП и сме во дилема, како некогаш да има рестрикции на вода или да нема вода, вработените да не можат да земат...

Продолжи со читање

„Јованка Орлеанка“претстава на театарот од Габрово вечерва на Охридско лето

Post Views: 151 10 члената театарска екипа од професионалниот театар од Габрово гостува  вечерва на Охридско лето и  ќе ја играат преставата  Јованка Орлеанка.  Главната улога ја донесува Гергана Змијчарова, а режијата е доверена на најдобриот млад, бугарски режисер Петринел Гочев. Ова е приказна за два света на една девојка која никого нема да остави рамнодушен. Како театарска екипа ние работиме и живееме заедно, појаснува режисерот Петринел Гочев.      „ Ние во моментов создаваме претстава која е за тука и нема да се случи на друго место. Ќе видите уникатна претстава, а на друго...

Продолжи со читање

Во мрак повеќе охридски градски и приградски улици

Post Views: 154 Уличното осветлување затајува во неклку  градски и пригардски населби.Жители од улиците   Дејан Војвода, Карпош Војвода, Подмоље, Елешец, Долно Лакочереј  и Лагадин се жалат на мрак во нивните населби. Поплаки и барања за  интервенција за поправка на уличното осветлување стигнале и до Секторот за комунален развој и сообраќај. Од  таму уверуваат дека екипи од нивното одделение и од јавното приватно партнерство се веќе на терен и работат на одстранување на проблемите.„ Станува збор за дефекти со напојувањето и со дотур на електрична енергија.Но и за тековни работни...

Продолжи со читање

Расказот „Мојата куќа во Крст џамија“ победник на конкурсот „ Живко Чинго“

Post Views: 157 Годинешната награда Живко Чинго  оди во рацете на авторот за расказот  „Мојата куќа во  Крст џамија“ под шифра Куќа. Вака одлучи стручното жири, во состав од охридските книжевници, Смиле Наумоски, Милчо Јованоски и Тоде Илиески . До членовите на Комсијата за избор на најдобар расказ  пристигнале 73 наслови. Тие имале тешка и одговорна задача од пристигнатите раскази да го изберат најдобриот, па во потесен избор селектирале 5 раскази, информира  книжевникот Смиле Наумоски. Претседателот на комисијата Смилевски појаснува дека расказот „Мојата куќа во  Крст џамија“...

Продолжи со читање

„ Од Кујната на Масин“ изложба на чинии од керамика

Post Views: 174 Сликарот Мирослав Масин  пред љубителите на уметноста се претсавува во нов медиум. Овој пат со изложбата под наслов „ Од Кујната на Масин“  донесува триесетина прекрасни уметнички дела, чинии во керамика. Секој медуим е нов предизвик, а јас сакам да експериментирам и ова навистина ми се допадна, кажува Масин за искуството од најновото творештво. „ Оддамна се спремам да правам керамика, овој пат се споија  коцките.    Бев во Кичево, видов дека е интересно, глината е убава, земја, иако јас не ги вртев чиниите. Но, решив да ги направам, така и на време и точно  пред...

Продолжи со читање

Премиерот Никола Груески во обиколка на Плаошник

Post Views: 195 Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката  на 6-те  објектите   беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на  Плаошник посебно  интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на  Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј ,  Тања Паскали Бунташеска. Таа при тоа кажа дека  се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско.„ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките...

Продолжи со читање

Дуке Бојаџиев со концерт насловен „Сон, верба и љубов“

Post Views: 168 Врвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години  на антички театар Дуке Бојаџиев  ќе настапи со различна екипа составена од  квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости,  Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска  и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина...

Продолжи со читање

Денови на медот за прв пат во Охрид

Post Views: 169 Охриѓани и гостите можат да вкусат и купат квалитетен планински,охридски мед. На пет штанда  пчеларите од околината на Охрид ги изложија  медот  и  производите од мед. Презентацијата на медот предизвика интерес кај посетителите  кои сакаа да вкусат и да купат мед. Организатор на Деновите на медот е Здружението на пчелари од Охрид. Тоа брои околу 40 активни пчелари,  кои се бават со пчеларење, напоменува претседателот на „Задружението на пчелари Охрид“, Тони Јосифоски.  За жал има случаи кога помладите се приклучуваат кон пчеларењето , но брзо се откажуваат додава...

Продолжи со читање

Во Охрид родилките го следат мајчинскиот инстинкт и ги дојат бебињата

Post Views: 174 Мајчиното млеко е едниствената и незаменлива природна  исхрана за новоорднечето во првите 6 месеци од животот. Предуслов за успешно доење е решеноста на мајката да го дои, да е упорна и истрајна, а е важна и поддршката од семејството и околината вели педијаторт д-р Зоре Димитриеска началник од советувалиштето за деца и млади. Родилките во Охрид го следат мајчиниот инстинкт.  „ Кај нас во Охрид и околината нема проблем мајката да не дои. На општо задоволство мајките сакаат да ги дојат новороденчињата. Се информираат за предностите на доењето се трудат да дојат и да...

Продолжи со читање

Граѓаните спас од бучавата бараат и до СВР Охрид

Post Views: 163 Голем број охриѓани  бучавата која ги остава без мир и сон ја приајвувле во полиција. Пријавувале бучав аи од ценатрлното градско подрчаје и од периферните делови , информира портапролто на СВР  Охрид Стефан Димоски.  СВР Охрид спроведувале контроли  и самостојно, но  и при асистенција на контроли со наделжните служби при Локалната самоуправа, укажува Димоски.„ Во изминатиов период имавме 7 акции. Контролите беа самостојни , но и со инспекторските служби на ЛС. При тоа во 3 објекти се коснатирани надминувања на лимитот з агласна мзуика  и аналогно на тоа се поденесени...

Продолжи со читање