Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Отворен нов маркет од брендот Стоп Шоп

Post Views: 3 Брендот Стоп Шоп го прошири ланецот маркети со нов продажен објект. Менаџерите, на барање на граѓаните, ја одбраа населбата Долна Влашка маала, пресекот на улиците Партизанска и Славеј Планина во близина на црквата Св. Никола. Менаџерот Горан Јованоски вели дека маркетот се наоѓа на најдобрата туристичка локација каде што има голем број апартмани и хотели и каде што се чувствувал недостиг од брендиран продажен објект. Најавуваат дека ќе работат со пролонгирано работно време.   „Најавата е да се работи до 1 часот. Тука се наоѓаат пабови кои се дел од ноќниот...

Продолжи со читање

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 3 40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра...

Продолжи со читање

Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“

Post Views: 3 Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации. Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска. „ Парите се...

Продолжи со читање

ОК на Вмро Дпмне упати остри критики на адреса на директорот на ЈП Градски гробишта

Post Views: 2 Остри критики за работењето на Татјана Дамјаноска, директор на ЈП Градски гробишта упати Перчо Божиноски портпарол на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција. Божиноски , во своето обраќање го нападна СДСМ кажувајќи дека нивните кадри како партиски послушници предизвикуваат хаос. На адреса на Дамјаноска се бара одгворнот затоа што побарала ексхумација на гроб од свештено лице и не дозволила закоп додека не се плати гробното место. Обвинуваат дека со тоа го прекршила Законот за гробишта и погребални услуги. „ Директорката на ЈП „Градски гробишта“, Татијана...

Продолжи со читање

Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка

Post Views: 3 Првата новогодишна честитка охриѓани ја испратија од дното на Охридското езеро. Кај заливот на коските, 10 -тина нуркачи, по втор пат, новогодишната порака за 2018 година ја посветија на децата со ретки болести. Нуркачите упатија искрени честитки за нивно добро здравје и надминување на здравствените потешкотии, a општеството  да има повеќе слух за нивнит е потреби.   „ Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне“, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид. Традицијата за...

Продолжи со читање

Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел

Post Views: 5 Отворен нов хотелски објект во Охрид. Хотелот според угоститеските стандарди е од висока категорија со 4 ѕведи. Располага со капацитет од 39 соби. Од нив 31 соба се двокреветни, 2 еднокреветни, 1 фамилијарна и 5 делух, информира Виолета Анѓелеска директор на Кам Вилиџ. „Сакам да напоменам дека објектот е бизнис хотел. Има конференциска сала со 60 места , современо е опремен со видео бимови, модерно лоби, конференциска сала. Може да се употребува за деловни состаноци, семинари и конгреси“, вели Анѓелеска. Трговскиот комплекс каде што се наоѓа хотелот е модерно...

Продолжи со читање

Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година

Post Views: 2 Охрид се подготвува за организиран дочек на Нова Година.Планираните проекти не се можни заради потрошените буџетски средства и завршените постапки за објавување на тендерските постапки, а како резултат на пролонгираните локални избори и незгодниот период од преземањето на локалната самоуправа, вели охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Стојаноски, сепак најавува интересни содржини и дочек на новогодишната ноќ на градскиот плоштад. „ Ѕвезда нема да има огарничени сме со буџетските средства, а од друга страна беше прекраток периодот да се договориме со...

Продолжи со читање

Започна сечењето на исушените палми

Post Views: 3 Од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа да ги одстрануваат исушените палмини дрвца. Засега се исечени десетина стебла на неколку локации. Одстранети се палмите на охридскиот кеј и в долж пешачката патека Студенчишта. За палмите да бидат одстранети се чекаше да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва за да се добие налог за нивно одстранување. По направената проценка од стручните лица треба да се исечат и одкорнат околу 70 -тина стебла од посадените 100-тина палми. Од ЈП Комуналец информираат дека нови садници ќе бидат засадени напролет. Се размислува за...

Продолжи со читање