Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Дефект ги секна славините во Дебрца

Post Views: 9 Без вода за пиење останаа жителите на неколку села од Долна Дебрца.Во попладневните часови дефект на пумпната станица кај Св. Еразмо ги секна славините на чешмите во Подмоље, Оровник, Горенци и на охридскиот Аеродром, информира Ангел Секулоски, портпарол на општина Дебрца.Првичните информации беа дека има поголем дефект на електричната табла кај пумпната станица, но по детално утврдување на стручните служби на ЈП „Комуналец“ детектираа дека станува збор за помал дефект. Исклучена е една од фазите на доводната пумпа која е во надлежност на ЕВН. Нивните...

Продолжи со читање

Паричен надоместок за охридските ученици

Post Views: 8 Финансиска поддршка ќе добиваат охридските ученици и студенти од социјално ранливите семејства и талентираните ученици.Градоначалникот Кирил Пецаков најави нови мерки за кои охридските советници дадоа зелено светло за субвенционирање на образовниот процес на охридските основци, средношколци и студенти.„Новина е што општина Охрид воведува исплата на паричен надоместок од по 3000 денари за првачината во општинските училишта. Се зголемуваат стипендиите на учениците од основните и средните училишта за учебната 2022/23 година од 1500 на 2000 денари“, кажа...

Продолжи со читање

Сертификатни марки за домашни производи

Post Views: 13 Стопанската комора на Maкeдонија ги претстави сертификатните марки „Македонски екстра квалитет“ и „Традиционален македонски квалитет“. Сертификатите се воспоставуваат на барање на македонските компании за производи и услуги. Имаат особено значење за нивната препознатливост и додадена вредност на пазарите,“ истакна Анета Трајковска, потпретседателка на комората.„Сертификатите гарантираат домашно потекло и квалитет , а го поттикнува унапредувањето на домашното производство и на домашната економија. Се создава посебен идентитет за македонските производи и...

Продолжи со читање

Плажи со пристапни рампи за инвалиди

Post Views: 23 Две охридски плажи добија пристапни рампи за лица со инвалидитет. Во АК „Љубаништа“ и Горица 3 се првите плажи каде што лицата со инвалидитет ќе имаат пристапни рампи. Со ова повиците за да им се обезбеди на овие лица пристап до езерските води станува реалност после многу години. Локалната самоуправа дава поддршка на лицата со ретки болести, обезбедува простории и финансиска поддршка на здруженијата на лицата со инвалидитет, со аутизам, а ќе продолжиме и понатака да им обезбедуваме услови за олеснување на животот, истакна градоначалникот Кирил Пецаков. Тој изрази...

Продолжи со читање

Забрана за движење низ шуми

Post Views: 9 Стапи на сила делумна забрана за движење низ шумите и шумското земјиште. Забраната се воведува како превентивна мерка против шумските пожари, информира Славчо Голабоски, директор на Македонски шуми, подружница Охрид.Согласност за забраната даде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање од ЈП „Национални шуми“. Движењето е дозволено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ во периодот од шест до дваесет часот.Ние нема да им забраниме да се движат на луѓето. Тука сме за сите кои имаат потреба за движење...

Продолжи со читање

Асфалт врз шахти на Спас Банџов

Post Views: 11 На улица Спас Банџов со асфалт се покриени повеќе шахти. Улицата доби нов слој асфалт пред неполн месец, а при тоа се асфалтирани и шахтите за одведување на атмосферските води. Станува збор за споредна уличка која ги поврзува улицата Партизанска, кај црквата Св.Никола со кеј Македонија. Жителите реагираат дека при поголеми врнежи од дожд улицата станува непроодна. Дождовната вода нема каде да истекува заради затворените шахти. Тоа предизвикува поплава на улицата и дворовите во пониските делови на семејните куќи, згради и бројните сместувачки апартмани кои ги има...

Продолжи со читање

Бавни проекти за заштита на Охридското езеро

Post Views: 8 Доцнат реализациите на зафатите кои треба да го спречат загадувањето на Охридското езеро по препораките дадени од Унеско. Државата и градот се исправени пред повеќе сериозни проектни предизвици меѓу кои се управувањето со крајбрежениот појас, депонијата Буково и каналот Студенчишта.Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, посочува дел од сработените зафати за заштита на Езерото. Издвојува дел како што се поставување решетки на реките кои се дел од сливното подрачје за да се спречи внес на цврст отпад во езерото, завршување на јавната дебата за Студенчишкото...

Продолжи со читање

Презентирани завршни проекти од ПХВ програмата

Post Views: 10 Млади волонтери ги презентираа успешно завршените проекти од програмата за Промоција на хумани вредности при ОО ЦК. Оваа година заради пандемијата реализираа 4 проекти. Во проектите беа вклучени 22 млади волонтери од оваа програма. Се изгради пристоен дом за трочлено семејство во социјален ризик, а беа спроведени и други активности, информира Теа Петкоска, десиминатор од програмата за ПХВ.Имавме и еколошки проект, сакавме да ја подигнеме ниската еколошка свест кај сограѓаните, понатака имавме и интеркултурен проект со кој преку песна испративме порака за...

Продолжи со читање