Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

АД Галеб бара поништување на одлуката за општински линиски превоз

Post Views: 159 Во Охрид сите општински  линии во моментов се возат без дозволи , а по  6 децении  АД Галеб е претворена во див автобуски превозник, ја обвинува директорот на претпријатието  Димитар Василевски  Локалната самоуправа .  Од претријатието укажуваат на целосен хаос во автобускиот општински линиски превоз во Охрид. Од 24 јуни нити еден превозник во Охрид нема решение за возење на линиски превоз, а во моментов сите општински линиски превозници  возат без дозволи,  потенцира Васислевски. „ Нови дозволи немаме. Јавно кажувам дека Галеб на сите линии на теритроија на општина...

Продолжи со читање

Владата додели по 30.000 денари помош за настраданите од невремето во Тетово

Post Views: 152 Утре и задутре,  ќе бидат прогласени  денови на жалост по синоќешното невреме кое одзеде четири човечки животи, а според првичните проценки во тетовско штета претрпеле и околу 200 објекти. Според, изјавата на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вчерашното невреме е една од најголемите несреќи во градот под Шара во последните 30 години.  Владата на денешната вонредна седница посветена за состојбите во Тетовско донесе одлука државата на настраданите семејства да им исплати еднократна парична помош од по 30.000 денари.  Специјална Комисија ќе ја проценува состојбата...

Продолжи со читање

Хорот Хауард Госпел со роденденски концерт за Охридско лето

Post Views: 163 На антички театар хорот Хауард Госпел вечерва  ќе го одбележи  4 август  роденденот на Охридско лето. На јубилејното 55 издание на Фестивалот за прв пат ќе се изведува ваков вид на музика, напоменува музичкиот селектор Гордана Јосифоска Неделкоска која за вечерашниот избор верува дека ќе биде незаборавен  како и сите досегашни музички гостувања на исполнители на фестивалскиот роденден. „Оваа година на наше огромно задоволство, а со благодарност на Американската амбасада во РМ имаме чест со нас да бидат Хауард Госпел Хорот од САД. Вечерва ќе направат  уникатен уметнички...

Продолжи со читање

Политичарите споделија ставови за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Post Views: 284 На Меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. На една од панел дискусиите, Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отвoрање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ. Потсети на...

Продолжи со читање

На Охрид му е потребен ургентен центар

Post Views: 176 Во Охрид како туристички центар, новото време на живеење ја наметнува потребата од формирање на ургентен центар во Охрид, вели Љубен Арнаудов директор  на Општа болница. Досегашните анализи на охридската болница  покажуваат дека Охрид има потреба од една ваква установа, додава Арнаудов. Екипи со специјалисти за ургентна медицина, при  брзо интервенирање  ќе дијагностицираат и ќе интервенираат кај пациентите. Тие ќе ги упатуваат  пациентите дали им треба понатамошно лекување или ќе бидат пуштени дома, напоменува д-р Арнаудов. Иницијативата за ургентен центар треба...

Продолжи со читање

Лек за бучавата во поригорозни мерки на законодавецот

Post Views: 198 И ова лето продолжува неподносливата  бучава од кафе баровите која, по полноќ до раните утрински часови, остава без сон голем број граѓани. Угостителските објекти во летната сезона со одлука на Совет на општината добија продолжување на работното време и тоа за 2 часа, 4 дена во јули, 5 во август и 2 дена во септември. Додека продолжување на работното време од 1 час имаат во јули 5 дена и во август 3 дена. Но со оглед дека граѓаните се сведоци на бучава до раните утрински часови континуирано преку цела сезона се поставува прашањето колку се почитува работното време...

Продолжи со читање

9 лица завршиле на охридската хирургија по тепачка во кафе бар

Post Views: 193 9 повредени во тепачка само во текот на изминатата ноќ во угостителски објект во Охрид. Синоќа по полноќ на хируршкото одделение, завршиле 9те лица со полесни телесни повреди. По укажаната хируршка  интервенција тие се пуштени дома. Охридските хирурзи деновиве имаат полни раце работа. Покрај интервенциите врз повредени во сообраќајни несреќи,  и други различни несреќни случаи, охридските хирурзи секојдневно  интервенираат врз повредени во тепачки кои во Охрид како туристички центар ги има почесто.„ Последните неколку дена се зголемени случувањата. Има повеќе несакани...

Продолжи со читање

Станоиздавачи од зградите револтирани не се продолжуваат решенијата за издавање на станови

Post Views: 152   Околу 20 – тина станоиздавачи од мал обем кои издаваат соби во колективни станбени згради со Тлер   не може да ги обноват решенијата за категоризација на леглата. Тие се револтирани заради  тоа што среде лето се спречени легално да работат. „ Бараме да се продолжи со издавање на решенија за категоризција. Оние  што им помина рокот од 3 години. Нови не се издадени еден месец. Добивме информација од Тлер дека до Министерството за економија се поднесени на повеќе пати барања за да се добијат. Ги замолуваме  да биде  што побрзо во ек на сезона не може да ги...

Продолжи со читање

Урбанистичките проблеми најмногу им задаваат главоболки на охриѓани

Post Views: 149 Охриѓани како последна шанса за изгубената правда со институциите бараат правна помош од Народниот правобранител. Еден од граѓаните кои денес оставрија средба со  заменик народниот правобранител во Охрид беше и  Новица Митрески. Митрески од заменик на Народниот правобранител на РМ бараше правна помош за изгубен судски спор за сопственост врз нива во елитната населба Лагадин.„ Ми ја одземаа приватници. Нивата постои на дедо ми , а ми ја одземаа. Јавив во инспекција му дадоа забрана, но направи викендичка. Сега ми велат не можиме ништо“,се жали Митрески. Даут Селими,...

Продолжи со читање

Трета среќа за свлечиштето во близина на ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 176 По трет пат ќе се интервенира на појавеното свлечиште на патот меѓу ОУ Св. Климент Охридски и Св Сава. Од Локалната самоуправа тврдат дека во два наврати во месеците март и мај интервенирале, но свлечиштето  го проголтувало  тампонот. Сега најавуваат дека по празникот Илингден  ќе пристапат кон повторна санација, а помош бараат и од Завод и музеј, посочува  Љупчо Танески портпарол Сектор за комунален развој, сообраќај и улици.„Општина Охрид ќе издаде налог по празникот за санација на местото но не под надзор на стурчните служби на Јавните претпријатија,  туку под...

Продолжи со читање

На Охридско лето ќе бидат прикажани три филмови со актерот Емил Рубен

Post Views: 523 Се одбележуваат 6 децении од филмското и театарското  творештво на македонскиот актер Емил Рубен. Во рамките на Охридско лето  едновечерен филмски маратон е посветен на неговото  творештво.    „ Малиот човек“, „ Истрел“  и „ Трето полувреме “ се трите избрани филмски наслови  во кои игра доајенот на македонското филмско и театарско глумиште. Станува збор за прикажување на 3 различни периоди во филмското творештво  на Емил Рубен. За прв пат на филсмското палтно Рубен се појавува на 6 годишна возраст во филмот„Тие двајцата“ во режија на Жорж Скригинг, во кој филмскиот...

Продолжи со читање

Зебрите низ охридските улици се обележуваат среде сезона

Post Views: 157 Охрид туристичката сезона ја започна со избледени пешачки премини, а на повеќе места  хоризонталната сигнализација е дури и невидлива.  Вообичаено, обновувањето на хоризонталната сигнализација се прави пред сезона и се изведува  еднаш во текот на годината, а годинава, бојадисувањето започна во екот на сезоната. Пред 3-4 работни денови започна обновувањето на пешаките премини на улиците Јане Сандански,  Булевар Туристичка и на поголемите улици во централното градско подрачје.  Процесот на бојадисување се одвива претежно во вечерните часови, напоменува Љупчо Танески...

Продолжи со читање