Автор: Валентина Неловска
Post Views: 6 Ефто Стојаноски, познат охридски дресер на кучиња, изработил програма за заштита на луѓето од кучешки напади . Програмата е сработена пред неколку години, а деновиве нападот на кучиња врз луѓето е актуелна тема. За опасностите од напад на кучињата врз луѓе Стојаноски вели дека со години предупредува, а досега надлежните не покажале интерес да го слушнат знаењето на дресерите кои работат со кучиња. За таа цел изготвил многу предлози со кои ќе се заштитат и луѓето и кучињата. Точно напладне, во сабота, во општинската сала, Стојаноски организира јавна расправа....
Новата локална власт не се откажува од изработката на Стратегија за развој на туризмот од Свис Контакт
Post Views: 2 За охридскиот туризам изминува уште една година без Стратегија за развој. Локалната самоуправа нема изготвено развојна програма за туризам и за 2018 година. Новата локална власт не се откажува од започнатиот проект и партнер кој доцни со изготвување на документ за развој на туризмот. Стратегијата за развој на туризмот беше најавена како проект пред 2 години, од октомври 2015 и требаше да се изработи до јануари 2016 по методологија на професори-експерти по туризам на универзитетот во Сент Гален Швајцарија. Целокупниот проект се предвидуваше да заврши за пет...
Наскоро проект наменет за повозрасните охриѓани и стружани
Post Views: 5 Од 23 декември стартува првото стручно предавање за дегенеративните болести наменето за поврзаните охриѓани и стружани. Локалната Агенција за Развој од Струга ќе започна да спроведува нов проект чија целна група се возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга. Проектот е со цел да им помогне на соодветен начин на оваа категорија луѓе. Има се помалку млади , а се повеќе возрасни, Македонија старее и се повеќе луѓе стануваат осамени или изолирани во животот, напоменува Катерина Василеска од Локалната агенција за развој. „Предвидуваме да има...
Жители од УЗ Стар град бараат да се отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија
Post Views: 1 Во дворот на црквата Св Софија се засадени несоодветни три дрва од кои два чинари и една Paulownia, реагират околните жители. За жал, не се извлече поука од минатотo кога заради опасност од трите дрва Paulownia, чии гранки се кршеа и претставуваа опасност за минувачите и жителите од Стар град, а во 2015 година дрвата беа исечени, велат околните жители. Тие апелираат до МПЦ одстранување на високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија и да се пресадат на друго посоодветно место. Во дворот на црквата да се засадат соодветни нискостеблести дрва. „Јас...
Охриѓани даваат поддршка на пациентите со ретки болести
Post Views: 5 Охриѓани се вклучија во хумнитарниот спортски настан „ Охрид игра за Јане“ и за сите деца и пациенти со ретки болести. Спортската сала Билјанини извори пулсираше со живот и несебична поддршка за малиот Јане Велковски и за сите пациенти кои боледуваат од ретки болести за да се набават лековите кој ги нема во Македонија. Малиот Јане Велкоски , кој боледува од спинална мускулна атрофија е пресреќен што е во Охрид и со нетрпение го очекува лекот за да го оствари својот сон. „ Од лани излезе лекот Спинраза и едвај чекам државата да ми го купи лекот да го примам и да...
Охрид се вклучува во нова хуманитарна акција „ Сите играме за Јане“
Post Views: 3 Малиот Јане Велковски од Скопје денес меѓу охриѓани делеше летоци за нашата поддршка лекот Спинраза и останатите лекови да се внесат во регистерот на лекови за ретки болести. Охриѓани ќе се вклучат во спортскиот настан „ Сите играме за Јане“, но, и за сите лица со ретки болести. Утре во СРЦ Билјанини извори во 11часот и 30 минути ќе се игра фудбал и ракомет за поддршка на лицата со ретки болести.
Младите охридски музичари аматери и професионалци се вклучија во Рокмобилизација
Post Views: 2 Охридските музичари се одзваа на хумнитарниот настан за собирање на средства наменти за социјално ранливите семејства. Охридскиот плоштад пулсираше во ритамот на песната на музичарите аматери и професионалци кои несебично се вклучија во хумнатарниот настан насловен како Рокмобилизација. „Да се подигне јавната светс има и хуманитарна цел помош на децата од социјално ранливите семејстав да ј апочуствуваат хармијата на новогодишните празници“, вели Бисера Николоска, лидер на Рокмобилизација. Од клубот на млади при ОО ЦК се пресреќни и презадоволни што нивната идеја...
Градот достоинствено го одбележа патронатот и својот заштитник Св. Климент Охридски
Post Views: 3 Охрид достоинствено го одбележа својот патронат и заштитник Св. Климент Охридски. По тој повод празникот беше одбележан и со свечена академија на која присуствуваа голем број охриѓани и гости. Повеќе од 11 века со својот дух и трајни световни пораки Св .Климент на многу генерации им го осветлил патот и ги водел кон иднината. Во многу вековното битусување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластoви, свој белег оставиле неимари, цареви, освојувачи и владатели и духовни водачи кои со своите дела ја моделирале вечноста на овој град, но Св Климент со својот хуманизам...