Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Плажите кои немаат концесионери ќе ги одржува општина Охрид

Post Views: 164 На охридските плажи кои немаат концесионери на крајбрежјето одржувањето на комуналната чистота го презема општина Охрид. Обврската за нивно чистење е на ЈП Охридски комуналец по отстранување на нелегалните шанкови и угостителски објекти на крајбрежјето. Постетителите ќе доаѓаат на плажите кои нема да бидат оставени без соодветно одржување на хигиена, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина. „За тие плажи ќе се грижи општина Охрид преку ЈП Охридски комуналц. Тие се задолжени за овие места да ги чистат и уредуваат плажите за да се во добра состојба за посетителите...

Продолжи со читање

Локалната сеуште бара соодветни кадри за раководни позиции

Post Views: 149 Само едно лице ги задоволило строгите критериуми на градоначалникот Бакрачески при изборот за раководни  позиции во општината. Кандидатите кои се пријавиле на огласот објавен минатата година, во септември, не ги исполниле во целост очекувањата на Градоначалникот. Бакрачески, тогаш, најави дека преку оглас за пројавување на интерес ќе се ангажираат компетентни и високо мотивирани кандидати на повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Општина Охрид.  При тоа  беше потенцирано дека сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви шанси, а ангажирани ќе бидат само најспособните...

Продолжи со читање

Одредени таксисти повторно ги кршат законските прописи

Post Views: 187 Новата летна сезона ги донесе  старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и  летувалиштата вдолж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат  законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни  непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, а се вози и без такси метар. Револтирана туристка наведува  дека за превоз од Парк до спортскиот...

Продолжи со читање

Охриѓани склучуваат полиси за осигурување само кога мораат

Post Views: 188 Склучување  полиси за задолжителното патничко осигурување и понатaка е на врвот на интерес кај охриѓани. Тоа осигурување мора да се направи при регистрација на возилата, напоменува директорката на Сава Осигруување, Ристана Николовска.Таа укажаува   за движењето на  трендовите во осигурителните  компании. „ Не смееме да го занемариме трендот и на другите видиви осигурување кои се покачени, како што е одговорноста од дејност, кои исто така се задолжителни. Патничкото осигурување во летните месеци заради патувањата на одмор и осигурувањето на пловните објекти кои...

Продолжи со читање

Жителите од 15-ти Корпус се соочуваат со бројни комунални проблеми

Post Views: 224 4000 жители од  урбаната заедница  15 од 15-ти Корпус  во секојдневното живеење се соочуваат со наталожени комунални проблеми. Урбанат заедница се протега на делот од Велгошти кон Лескоец, до стара бензиска и касарната. Во лето прашливи, а во зиам каливи  улички без асфалт, асфалатираните пак со несанирани прекопи, неприклучени канализации, ги набројуваат жителите дел од наталожените  проблеми во населбата. Раскажуваат дека нема детски и спортски игралишта, па децата од  15-ти Корпус  нема каде да играат.  Секретарот на УЗ 15, Гоце Георгиески вели,  жителите од...

Продолжи со читање

Охридските земјоделци преку здружение ги пласираат производите на светските пазари

Post Views: 178 Во регионот во Охрид и Дебрца сеуште нема организирани продажни пунктови за  земјоделските и овоштарските производи. Земјоделците од регионов  во такви околности не седат со скрстени раце. Самостојно презеле иницијатива  и се организирале во здружение за полесно да настапат на странските пазари за да го пласираат  родот од нивните насади.  Годинава се задоволни  од пласманот на црешата, а во иднина планираат  тоа да го применат и на други прозиводи како што се јагодите и охридскиот домат, вели охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски. „ Нас маката не натера прозиводителите...

Продолжи со читање

Со „Неопланта“ стартува драмскиот дел на Охридско лето

Post Views: 146 „Неопланта“ претстава која нема да ја заборавите ветува, драмскиот селектор на „Охридско лето“, Ѓорѓи Јолески.  Станува збор за феноменална актерска екипа, сон на секој режисер  и естетиката на режисерот Андрош Урбан. Од романот  „Неопланта“   Урбан направи култна балканска престава со која освои и бројни награди на овие простори, посочува Јолески.„ Неопланта е најиграната, најсилната и најмоќната претстава која ги крши полтичките критериуми за тоа што значи демократија, народ и политички системи, чувството на еден  народ кој пронаоѓа низ различни системи во различни...

Продолжи со читање

Музички спектакл за паметење „ Кармина Бурана“ го означи 55-то издание на „Охридско лето“

Post Views: 175 Со изведба на кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“ свечено беше отворено 55-то  издание на фестивалот „Охридско лето“. Оперските пејачи од Шпанија, сопранистката Беатрис Дијаз и баритонот Хозе Мануел Дијаз, рускиот контратенор Васил Корошев, како и шпанската актерка Лука Еспиноза  под диригентската палка на Хозеп Висент, со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет  изведоа музички спектакл за  паметење. На сцената на Антички театар со  сценско-визуелни ефекти публиката уживаше...

Продолжи со читање

Охридскиот совет за Безбедност ја донесе годишната програма за работа

Post Views: 158 Најавени проекти и цели со кои ќе се  подига безбедноста и културата на сите учесници во сообраќајот во Охрид,  на првата конститутивна седница на Советот за Безбедност во нов состав. За таа цел ќе соработуваат со  сите институции со СВР Охрид, со ОО Црвен крст, пензионерските здруженија, предшколски установи и општинските образовни инстиуции,  за да се влијае врз безбедноста во сообраќајот, кажа претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски.   „ Основната интенција на општинскиот совет е со сите сили да се вложи во што поголема безбедност на охриѓани,...

Продолжи со читање

Пештанци за да градат го чекаат ДУП-от за нивната населба

Post Views: 168 Скоро три години пештанци  чекаат на донесување на Деталниот урбанистички план за нивната населба. Пештани е урбанизирана населба од 1958 година и засега инфраструктурните и градежните зафати се прават по стариот план, велат жителите. Сметаат дека новиот детален урбанистички план  е од суштинско значење. Со него  ќе им ги олесни моменталните наталожени  урбанистички  проблеми, вели претседателот на месната заедница од Пештани, Драган Тренески. Некои луѓе чекаат на изградба на приватни станбени објекти, за решавање на меѓусебните спорови со цел  да се има појасна...

Продолжи со читање

Градоначалникот ќе испитува како се вработува во охридските ЈП

Post Views: 153 Дејан Блажески, советник од ЛДП укажува на една појава во охридските јавни претпријатија , во која раководителите праќале  вработени на 70 % ,а на нивно место ангажирале подобни работници. „ Знае ли градоначланикот колку работници од охридксите ЈП  раководителите испратиле, условно кажано, неподобни луѓе на 70 посто,  а истовремено ангажираат други луѓе. Кoристејќи ги прaвните лавиринти дека им требаат друг кадар на моменти прават несовесни постапки“, тврди Блажески.Градоначалникот  изненаден од ваквото посочување и допрва ќе испитува што се случува во ЈП односно...

Продолжи со читање

ГРЕКО: Секој допрен глас за корупција обвинителството да го испита

Post Views: 157 Нема земја каде што не постои корупција, затоа што неа ја прават луѓето, па затоа е потребно да се работи таа да се спречи, открие и процесуира, кажа Марин Мрчела  претседател на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска  на дводневната обука за судии и обвинители на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид. На конференцијата   на која акцент се става на корупцијата во јавниот сектор и вмешаноста на политичари, пратеници,  судии, обвинители и други носители...

Продолжи со читање