Автор: Валентина Неловска
Post Views: 202 Граѓаните загрижени од појавата на белата ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација од ентемологот од Природно математичкиот факултет и од Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување...
Во Охрид не е извршена дезинсекција од земја
Post Views: 153 Општина Охрид сеуште не го спровела земјеното прскање против комарци за оваа летна сезона. Доцни исполнувањето на законската обврска на општината која произлегува од Законот за заштита на населението од заразни болести. И додека се чека да се реализира овој зафат во ноќните часови во Охрид има наезда од инсекти во разни делови од градот, а посебно е видливо покрај кејот на езерото. Охриѓани се зачудени од појавата на бели ноќни пепрутки кои во роеви се појавуваат околу осветлувањето на кејот. За оваа појава граѓаните коментираат дека надлежните треба да консултираат...
Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода
Post Views: 144 Кој како од концесионерите на плажите води сметка за почитување на безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница, ги обележале пливалиштата сопловаци и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс, Младост и Извиднички …., Точков ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени...
Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло
Post Views: 163 Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро 7 децении. Во моментов кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу 40 членови, вели претседателот и државен селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат 40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении. „ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам да имаме...
Младите социјал демократи од Македонија добија поддршка од европските колеги
Post Views: 157 Обуки со странски предавачи одржаа младите социјал демократи од Македонија. Целта е подготовка на младите за политичко делување во рамките на младите и партијата, вели претседателот на СДММ , Стефан Богоев. На обуките добиле поддршка од организациите во кои членуваат, а усвоиле и резолуција за поддршка на СДММ И СДСМ. „Покажавме и докажавме дека на светот му е јасно дека во Македонија владее еден авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа и Балканот. На сите им е јасно дека ова не е битка меѓу власта и опозицијата туку е битка...
АД „Галеб“ наскоро ќе вози на уште две меѓународни линии
Post Views: 279 Во текот на летната сезона автотранспортното претпријатие „Галеб“ воведува неколку меѓународни линии покрај стандардните. Патниците од Охрид ќе може да патуваат два пати неделно со автобус до Белград и Нови Сад, кон црногорското приморје од Улцињ па се до Херцег Нови. Исто така Галеб два пати неделно вози патници за Германија, а на таа линија може да се превезуваат патници и до Марибор, Словенија и Салцбург, Австрија. Во прекин е линијата Охрид – Софија заради нерентабилност, но во процедура се добивање на две дозволи за воспоставување на меѓународни линии....
Четири животи згаснаа во директен судар кај Колари
Post Views: 170 Татко и две девојчина, од кои едно бебе, а другото на две години, како и возач на товарно моторно возило ги загубија животите во тешка сообраќајната незгода кај селото Колари. Трагичната несреќа се случила синоќа околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар при директен судар на патничко возило марка Волво и товарно моторно возило Форд. Автомобилот Волво во кое се наоѓале членови на семејство од селото Зајас, се движело од Гостивар кон Кичево, а пикапот марка Форд се движел во спротивна насока. Причините за сударот сеуште се утврдуваат, информира Стефан...
Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот
Post Views: 159 Една од најважните алатки за изградба на институциите и граѓанското општество се медиумите. Регинот на Западен Балкан се соочува со проблеми со слободат ан амедиумите и нивниот квалитет. Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот. Регионот има проблем со слободата на медиумите. Без поинакви медиуми тешко дека ќе се достигне минимумот за изградба на јаки и одговорни институции, подвелекува Соња Лихт претседателката на Белградскиот фонд за политички развој. Таа е учесник на семинарот за регионалните академии за демократија од Западен...
„Откровение Захариево“ е првото авторско дело на Златко Попоски
Post Views: 172 Промовирана книгата „Откровение Захариево“ од Златко Попоски. Авторот Попоски ги доближува до читателите поучните начела од најголемите светски религии, христијанската, еврејската и муслиманската. Во неа се поместени цитати и мудри беседи од светите книги Библијата, Куранот и Талмудот. Попоски започнал да го создава ова дело пред 2 децении, но како што вели, требало да помине време за да созреат услови за објавување на книгата. Религијата била присутна во неговото семејство со векови и по таткова и по мајчина страна. Попоски раскажува дека го посетил Ерусалим...
„Бело лето“ убаво замислена манифестација во која треба да се вложува
Post Views: 160 Стартот на летната сезона 2015 официјално ќе се означува утревечер. Во манифестацијата Бело лето 2015 се вклучуваат кластерот за туризам и охридски занаетчии, сето пропратено со музика. Во туристичката презентација на градот и околината покрај занаетчиите активно се вклучуваат и други даватели на услуги. Кластерот за туризам ЕДЕН на туристите во рамки на Бело лето ќе нуди дел од своите туристички содржини кои се сепоинтересни за странските туристи. Меѓу нив се планинарење и возење на велосипеди на Галичица, јавање на магариња, кајак, учество во подготовка на традиционални...
Станува алармантно семејното насилство во Охрид
Post Views: 132 Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус на семејтсвото. „Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или...
Се бара начин да не згасне дејноста кајчар
Post Views: 188 Законската недореченост која се заканува да ја збрише дејноста кајчар ќе се најде пред пратенците. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претставници од охридските кајчари на нивно барање. На средбата присуствувале и претставици од Државниот пазарен иснпекторат и секторот за ТЛЕР. Се бара начин да не згасне дејноста кајчар, препознатливиот охридски бренд, напоменуваат од Локалната самоуправа. Во текот на денешниот ден е доставено барање до министерството за економија за измени и надополнување на законот за туристичка дејност за да се реши во...