Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

На Туристичка се садат јавори и јасени, а врби наместо исушените палми

Post Views: 4 На Булевар Туристичка, на потегот од улицата Стив Наумов до сообраќајната клучка денес беа засадени првите стебла јавор. Набавени се 160 стебла од видовите јасен и јавор. Со тоа ЈП Охридски комуналец започнува да го обновува  дрворедот кој настрада пролетва кога беа исечени голем број на дрва при реконструкцијата на тротоарите на булеварот. „Денес се засадуваат од десната страна со јавор беа засадени 40 стебла. На истата страна на треба уште 20 стебла да се засадат . 60 стебла од другата страна од видот на јасен“, информира Трајан Љаткоски рак на паркови и...

Продолжи со читање

Децата од охридската градинка Развигорче учеа за здрава храна и ре-креирање

Post Views: 4 Во детската градинка Развигорче се одржа хуманитарна акција од компанијата Битолска млекара. Соработката меѓу оваа компанија и охридските градинки трае неколку години на различни теми, информира директорката на градинката Мери Рилкова. Годинава темата е нова и е ре-креирање, додва таа. Ние го употребуваме овој термин како рециклирање кој е вклучен во нашата програма за рано учење и развој, напоменува Рилкова за денешната активност. „ Децата покрај тоа што се запознаваат со храната на Бимилк , со нивните производи.Особено со млекото и млечните производи, кои се...

Продолжи со читање

Со историски час одбележани 74 години од одржувањето на Второто засадение на АВНОЈ. Историчарот Проф Наце Иваноски говореше за значењето на АВНОЈ во создавањето на првата слободна македонска држава.

Post Views: 2 Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на второто заседение на Авној на 29 и 30 ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески претседател на општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца и му даде збор на проф. Наце Иваноски. И0сторичарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици....

Продолжи со читање

Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида

Post Views: 2 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството  за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на...

Продолжи со читање

Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери

Post Views: 3 Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска. Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови...

Продолжи со читање

Министерството за култура ќе ангажира експерти во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија

Post Views: 2 Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа...

Продолжи со читање

Сидриштата за кајчината да се обележуваат со бови, а не со пластика, иницијатива на УЗ „Стар град“

Post Views: 1 Крајбрежниот појас на Охридското езеро се нагрдува со пластичните шишиња и канти со кои се обележуваат патеките при пуштање на кајчината во езерските води. Со предлог иницијативата на УЗ Стар град се бара еколошки пристап на сопствениците и промена на досегашните навики , посочува Горан Патчев претседател на оваа УЗ. „Ние имаме иницијатива да се изработат типски бови со број на регистрација на кајчината. Затоа што во летниот период кога има туристи тие шишиња за пуштање изгледаат како ѓубре во езерото. Туристите не знаат дека тука се припуштаат кајчина“,...

Продолжи со читање

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил

Post Views: 1 Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник. „Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се...

Продолжи со читање