Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Жителите од Стар град бараат поставување држачи на стрмните улички

Post Views: 2 Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето. „ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги  посочува потребите на жителите   Патчев. Претседателот на УЗ...

Продолжи со читање

Во охридско-струшкиот регион се регистрирани околу 16 илјади луѓе со дијабетес

Post Views: 2 Во охридскиот центар за дијабетес се регистрирани 7000 дијабетичари, а во Струга и Вевчани 9000 дијабетичари. Од регистираните дијабетичари во Охрид 1900 се на инсулин, а останатите се на таблетарна терапија, вели Димче Панџакоски претседател на охридското Здружение на дијабетичари. Панџакоски информира дека голема е бројката на граѓани кои и не знаат дека имаат дијабетес или не се регистрирани бидејќи се водат во евиденција на матичните лекари. Од ден на ден расте нивниот број. На еден починат од компликации од дијабетес се регистрираат 2 нови случаи на...

Продолжи со читање

Се повеќе охридски ресторани ги следат трендовите во светската угоститeлска понуда

Post Views: 4 Охридските ресторани бележат напредок во угостителската понуда. Од ден на ден се менуваат застарените мениа и се повеќе ресторани во Охрид и Струга креираат успешна приказна преку стратегија и начин на презентација во сите сектори, вели професор Ангела Василеска од ФТУ. „Мило ми е што се освестуваат. Туристите бараат доживување. Поминаа времињата на само плажа, се бараат екслузивни места со коктели што ќе им останат во сеќавање за цел живот. Го имаме убавиот Охрид , културно историските споменици и погледот од милион долари, но дојде момент и на доживувања“,...

Продолжи со читање

На ФТУ започнаа обуки по готварство

Post Views: 2 На ФТУ стартуваше циклусот курсеви за готвачи, пекари, бармени и баристи за невработени лица од охридско преспанскиот регион. Интерес пројавиле околу 30-тина кандидати од регионов и Албанија кои ќе се доедуцираат за да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Но има и такви кои биле на работа во странство, но се вратиле во државава. Циклусот обуки се состои од 3 курсеви по готварство во трење од 18 дена, бармени и баристи по 14 дена и по пекарство. Интересот беше голем и за обуки за келнери , но заради недосток од финансиски средства тие ќе бидат дополнително...

Продолжи со читање

Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори

Post Views: 4 Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои ќе добијат субвенциија за пвц прозори. Меѓу 1100 баратели од цела Македонија има само триесетина охриѓани. Ресорното министерство ќе исплати субвенции во висина од речиси 500.000 евра на граѓаните што вградиле нови алуминиумски и ПВЦ прозорци во нивните домови. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Министерството со воведување на овој проект ги поттикнува граѓаните да инвестираат во енергетската ефикасност на нивните објекти....

Продолжи со читање

ТА „Тика“ планира изградба на училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“

Post Views: 17 Со донација од турската агенција „Тика“ во Охрид се планира изградба на нова училишна зграда. Новата школа би се градела на местото на старата зграда на ОУ Братство Единство на улицата „7-ми Ноември “ која е изградена пред 7 децении и е едно од најстарите турски училишта во Р.Македонија. Иницијативата за изградбата на нова школа и контактите со ТА „Тика“ се на охриѓаните Ајнур и Хулија Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти. Еден од иницијаторите за изградба на нова школа е Емир Муфти , претседател на Совет на родители ОУ „Братство Единство“. Тој кажува декаидејата и...

Продолжи со читање

Дениците продолжуваат со акцијата за поубав и почист Охрид со засадување бели рози

Post Views: 1 Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. Паркот наспроти хотел Гарден денеска беше разубавен со 50 нови садници на бели рози. Со оваа активност, која што трае веќе 5 години, Дениците не само што го облагородуваат и разубавуваат паркот низ кој секојдневно минуваат голем број граѓани и туристи туку даваат и еколошки придонес за почиста животна средина. Белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и многу корисни бидејќи ги апсорбираат тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на...

Продолжи со читање

По краткиот застој продолжуваат градежни зафати врз Али Пашината џамија

Post Views: 2 Повторно се активираат градежни работи на Али пашината џамија. По одреден застој деновиве поставени се скелиња на кои ќе се работи. ТВМ Телевизија упати прашање до НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид во кое се бара одговор на што се донесуваат градежните активности во моментов. Од таму допрва ќе се произнесат по нашето барање. Во меѓувреме дел од охриѓани со свои ставови и размислувања околу проектот со кој се планира изградба на минарето високо 32 метри во охридската чаршија. Сметаат дека  ќе се променат визурите на градот  и надлежните треба да...

Продолжи со читање