Автор: Валентина Неловска
Post Views: 1 Се почесто на охридските улици пешаците среќаваат нечисти јавни површини со кучешки измет. Виновни за оваа појава се сопствениците кои ги шетаат милениците, но не се грижат при тоа да го соберат изметот што нивните миленици ќе го направат. Мал е број на одговорните граѓани кои користат ракавици за одложување на изметот на милениците кои ќе го направат на јавна површина. Граѓанските активисти за заштита на животните апелираат сопствениците да се однесуваат одговорно во вакви ситуации и да се грижат јавните површини да бидат чисти, но да бидат и грижливи кон...
Никогаш не е доцна да се реставрираат старите чаршии во Охрид и Струга
Post Views: 2 Никогаш не е доцна да се возобнови амбиенталниот изглед на некогашните чаршии во Охрид и Струга, категоричен е проф д-р Павле Митрески. Можно е д а се возобнови десната страна од улицата Гоце Делчев во Охрид на потегот меѓу двата чинари и на истоимената улица во Струга пред куќата на Браќата Миладиновци. Подвлекува дека може да се најдат фотографии, документи, податоци , а при тоа посочува дека во неговата докторска дисертација , пред 4,5 децении на тема развојот на занаетчиството во Охрид и Струга предлагал начини како да се зачува изгледот на чаршиите со...
Дебарскo Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија
Post Views: 1 Во јавноста негодување предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000денари. По оваа одлука охриѓани се прашуваат дали примерот со Повардарската ќе го следат и други епархии односно ваква слична давачка ќе следува и во охридските цркви.Од Дебарско Кичевската епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија. Од...
Спомен куќата на Григор Прличев под клуч
Post Views: 7 Две години под клуч е спомен куќата на Григор Прличев. Музејот на македонскиот и охридскиот преродбеник Григор Прличев во Охрид беше отворен за посетителите до септември 2015 година. На нашето прашање упатено до НУ „Завод и Музе“ј зошто спомен домот е затворен за јавност појаснуваат дека објектот не бил рентабилен. Посочуваат дека по констатацијата дека објектот не е посетен и не е рентабилен дошла одлуката да биде затворен. За да работи музејот биле ангажирани лица со договор на дело за кои биле исплаќани пари од сметката за самофинансирачки активности на НУ...
Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето
Post Views: 8 Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари, според податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Од објавената сума од 32.316 денари за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денари. За храна во август се одвојувале 13.422 денари. На комуналните трошоци се издвојувале 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари. Месечно граѓаните трошеле 2.340 денари за превоз и за облека и обувки 2.129 денари. За посета на културни...
Органската храна супер оружје против вирусите и настинките
Post Views: 3 Пред нас е зимата кога студот и загадениот воздух го напаѓаат нашиот имунитет. Се полнат болниците и лекарските ординации. Во голема мерка нашето здравје зависи од храната која ја внесуваме. Нашиот одбранбен механизам и справувањето со настинките, вирусите и падот на имунитетот имаат гоелма поврзансот со квалитетот на она што го јадеме и колку е храната богата со витамини и минерали. Евидентно е следењето на разни трендови во исхраната при што граѓаните посебно се интересираат за органските производи кои се здрави и богати со витамини. ТВМ ги анкетираше граѓаните...
Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид
Post Views: 1 Јован Стојаноски е новиот градоначалник, вака одлучија охриѓани на вчерашните локални избори. Синоќа од градскиот плоштад каде што се славеше победата Стојаноски се обрати до охриѓани од каде им упати благодарност за дадената доверба. Среќени сме по убедливата победа. СДСМ, заслужено на овие избори излезе со содржајна програма и ги освои гласовите на граѓаните за да има промени во државата, рече при тоа Стојаноски. „ Се надевам ќе ја оправдаме довербата на граѓаните. Оваа убедлива победа не значи ништо освен голема обврска за сите нас кои бевме вклучени во...
Над 54 проценти охриѓани избраа градоначалник од СДСМ и коалицијата
Post Views: 4 Според ДИК за Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, гласале 18.262 или 54.07 % охриѓани. За кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски својот глас го дале 13.560 или 40.15 % од гласачите. 679 гласа освоил независниот кандидат Стевчо Стевовски или за него гласале 2,1 % од гласачите Во Советот кој брои 23 советници, според неофицијални извори од ДИК, СДСМ има 11 советнички места со освоени 15.198 глсаови, а Вмро Дпмне 10 советници од 12.871 гласови. Независниот кандидат за советничка листа, Нефи Усеини со „...