Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Потребна санација на Музејот на вода кај Градиште

Post Views: 180 Музејот на вода кај Градиште се наоѓа во многу лоша состојба. Финансиски средства за поправка на музејот на вода се побарани од ресорното министерство уште минатата година, а се одобрени годинава во висина од 500.000 денари. Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања на музејот, а покрупните градежни активности ќе следуваат по туристичката сезона, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј. „Таму санацијата ќе подразбира многу различни зафати, да се зајакне статиката на мостот, приодната платформа до Музејот на вода, има унишетни делови од инвентарот,...

Продолжи со читање

Зголемен е бројот на социјални случаи во Охрид

Post Views: 169 Пандемијата го влоши економскиот статус на многу охридски семејства. Многумина останаа без работа и беа принудени да побараат социјална помош од државата. Ковид пандемијата ги принуди 441 домаќинство да бара гарантирана минимална помош од центарот за социјална работа. До пандемијата во охридскиот центар за социјална работа биле евидентирани 364 домаќинства кои користеле ваква помош, а денес таа бројка е скоро повеќе од удвоена и изнесува 805, информира Ајтен Мусли, директорка на Центарот за социјална работа. Мусли при тоа ги кажува причините за оваа зголемување на...

Продолжи со читање

Вода се излева на просторт околу Билјанини извори

Post Views: 155 На просторот околу Билјнини извори повеќе од три месеци се излева вода. Вир од вода се излева и дел од просторот станува  калив, а водата се излева покрај патот кон каналот. На прв поглед посетителите помислуваат дека станува збор за  некоја пукната водоводна цевка за која никој не се погрижил да ја поправи. Но, од  Локалната самоуправа уверуваат дека не станува збор за никаков дефект туку за природна појава.„Деновиве точно е има излевање на вода. Таа е изворска  вода  и тој простор има поголема или помали ракави подземни извори кои не се зафатени со каптажата која...

Продолжи со читање

Населбата Даљан ќе добие урбани содржини

Post Views: 135 Населбата Даљан градена некаде во 70 години од минатиот век, на северозападното крајбрежје од Охридското езеро,  има потреба од повеќе урбани содржини. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека калсичен плоштад  не е планиран да се гради , но најавува зафати за урбано средување на населбата.  „Мини плошатд не е предвиден. Но, е предвидено комбинирано спортско игралиште за баскет со детски реквизити, да се уреди и осветли , фонатна и дел за рекерација  за  мешатните кои живеат тука. Класичен плоштад не е планиран. Но не значи дека во иднина ако стручниет службиод...

Продолжи со читање

Специјално амбулантно возило донација за охридскиот од холандскиот ЦК

Post Views: 159 „ Донираното специјално возило е за медицинска намена  за тимовите на црвен крст за прва помош и за спасување на вод аи спаување на планина д аимаат сигурност при интервенцијата. Со ова возило ќе бидат транспортирани лица кои имаат проблеми до соодветни институции каде што треба да се транспортираат. Возилото е во одлична кондиција и граѓаните ќе добијат сигурност и туристите да се чувствуаат безбедно овде“, рече Точков.Карла Лортје од ЦК Зеволде, Холандија во 2013 година при посетата на охридскиот  црвен крст дознала дека организацијата има потреба од специјалното...

Продолжи со читање

Охридскиот совет не ја поништи постапката заЈПП за јавното осветување

Post Views: 223 Охридските советници  имаа бурна дискусија за јавното осветлување во Охрид. Одлучуваа за поништување на одлуката за јавно приватно партнерсвто  за јавно освтелување за која беше избрана чешка компанија ИЦС.  Градоначалникот пред советниците ги изнесе аргументите со кои побара од советниците да ја поништат претходната одлука доенсена пред само еден месец. „Нашата тенденција и цел е зошто бараме поништување на постапката е со евентуална повторена постапка  добиеме поголем процент на финансиски средства кој најповолниот понудувач би ни ги оставил од вкупната сума на комуналната...

Продолжи со читање

НУ Завод и музеј годинава нема да реализира големи проекти

Post Views: 229 НУ Завод и музеј на зашитата на недвижното културно наследство во 2018 година ќе работи со намален буџет за разлика од минатата година. Од ресорното министерство за реализација на проекти за оваа година доби над 2.665.000 денари. Тие пари се наменети за конзерваторско реставраторски зафати врз фрескоживописи, за изработка на проекти за конзервација на фрескоживописи, но и за конзервација и адаптација на 10тина проекти, информира Елеонора Новаковска. „ Заради специфичната ситуација во која се најде Заводот прилично е намален буџетот за проекти од областа на заштитата....

Продолжи со читање

Лагадинци не сакаат медитеранска плажа

Post Views: 157 Лагадинци против медитеранска плажа. До Локалната самоуправа, Владата и  Министерството за транспорт и врски доставија петиција во која велат НЕ за овој  проект, информира Илина Арсова жител на Лагадин. Повеќе од стотина жители од оваа елитна туристичка населба ставија потпис на петицијата  со која се противат на како што велат мегаломаснкиот проект со палми. Наведуваат дека со таквиот проект  продоложува започната девастација на крајбрежјето. Со тоа ќе се направи непоправлива катастрофа за идните генерации, вели и Наум Димиторовски жител на Лагадин. Владата можеби...

Продолжи со читање

Тече оглас за физибилити студија за изградба на малото пристаниште

Post Views: 176 Локалната самоуправа  распиша оглас за изработка на физибилити  студија за малото пристаниште. Според одлука на Советот, Локалната  самоуправа на руинираното пристаниште  ќе гради угостителски објект. Претходно за градење на овој простор интерес   пројавиле две сериозни компании, информираа од општината. Во февруари годинава, на оваа постапка и претходеше избор на идејно решение за изгледот на пристанишетето. „ Тоа ќе биде современо идејно решение. Ние во изминативе години неколку  пати го прикажувавме во јавност им се допадна на граѓаните и заинтересираните кои сакаат...

Продолжи со читање

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето кај ОУ Св.Климент Охридски

Post Views: 179 Попуштил поставениот тампон на свлечиштето во близина на ОУ Св Климент Охридски. Љупчо Танески, раководител на  одделението за комунален развој, сообраќај и улици, тврди дека екипи на ЈП Нискоградба реагирале по прилогот на ТВМ и УЗ Стар град за појавеното свлечиште во близина на основното училиште. Но, по две недели вградениот тампон повторно почнал да се лизга и се појавил истиот  проблем, вели Танески. Кажува дека минатата недела екипи на ЈП Нискоградба повторно излегле на терен и направиле увид. „ Беше  заклучено дека повторно треба да се тампонира и набие местото...

Продолжи со читање

Бронзен медал и пофалница за охридските олимпијки по математика во Минск

Post Views: 169 Успешно претставување на охридските математичарки на женската олимпијада во Минск.  Теодора Бујароска се врати со бронзен медал, а Сања Симоновиќ  со пофалница.  Двете беа дел од четиричлената македонска  репрезентација на овој меѓународен математички натпревар. На Бујароска и Симоновиќ  ова не им е прв пат да ги бранат националните бои при одмерување на знаењата во математиката.  Тие се задоволни  од  успехот постигнат во Минск во мошне силна конкуренција. Задоволството е уште поголемо  затоа што  успехот се должи само на нивната самостојна работа и посветеност кон...

Продолжи со читање

Полските туристи се враќаат во Охрид

Post Views: 219 Полските туристи се враќаат во Охрид. За прв пат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 авиони на полската авиокомпанија ЛОТ слетаа на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид од Катовице и Варшава. Во текот на летната сезона на охридскиот аеродром се очекуваат по два лета неделно од Полска, кои повторно ќе го поврзуваат Охрид со овие два полски градови по воздушна линија, но туристи се очекуваат и со автобуски превоз. Јаким Маленко од ТА ВИС ПОЈ очекува успешна летна сезона од соработката со партнерот, туроператорot Регобис. „Према статистиката која се работи во моментов...

Продолжи со читање