Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Post Views: 4 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече...

Продолжи со читање

Над 650 милиони денари изнесува општинскиот буџет за следната година

Post Views: 4 Во висина од над 652 милиони денари се усвои буџетот на општина Охрид за 2022 година. Градските советници го донесоа буџетот со 15 гласа за и 6 воздржани. За советниците од позицијата ова е буџет кој нема да креира загуби, додека опозицијата смета дека има помалку средства за капитални трошоци.  Помалку пари ќе има за изградба и асфалтирање на улици, изградба на системи за атмосферска и фекална канализација, помалку средства за студенски стипендии, за јавната чистота и реконструкција на паркови и зеленило, напоменуваат од опозцијата. Ние не поднесовме амандмани и...

Продолжи со читање

Тилевски: Со сериозна стратегија за развој на туризмот во Охрид

Post Views: 3 Во Програмата за туристичкиот развој на Охрид на Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне и Коалицијата, ги претстави проектите за привлекување на што поголем број туристи. Тилевски најави продолжување на промоцијата на Охрид на светските медиуми за перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. „Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални...

Продолжи со читање

Манчев: Денес за нивото на езерото молчат сите

Post Views: 4 СДСМ демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина, рече на денешната прес конференција Димитар Манчев кандидат за советник од Вмро Дпмне. Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики, истaкна Манчев. „ На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско...

Продолжи со читање

Матичните лекари во земјава се соочуваат со низа проблеми

Post Views: 3 Матичните лекари во земјава се соочуваат со бројни реални проблеми во последните 10тина години. Покрај ниската заработувачка тие имаат и други административни пречки во работењето. Матичните лекари како и останатите луѓе се соочуваат со здравствени проблеми или повреди кога мора да користат боледување, напоменува д-р Љупчо Костески, специјалист нефролог и претседател на Здружението на приватни лекари од Охрид. Минатата година успеавме да издејствуваме право на 6 месечно боледување од макималното дозволеното 21 ден, напоменува Костески, но додава дека тоа не...

Продолжи со читање

Пецаков упати обвинувања до политичките противници од СДСМ за Студенчишко блато и функционирањето на месните заедници

Post Views: 1 Како СДСМ Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари и дали тоа ќе се прави со експропријација на земја од сопствениците, праша на денешната прес конференција Кирил Пецаков носителот на советничката листа на Вмро Дпмне и коалицијата За подобра Македонија. По која цена планираат во СДСМ да ја платат земјата која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците, праша Пецаков.„ ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски...

Продолжи со читање

Тилевски: Реконструкција на двата плоштади

Post Views: 3 Митко Тилевски кандитот за градоначалник од Вмро Дпмне  и Коалицијата најави реконструкција на двата градски плоштади. Вмро Дпмне не застанува, како што не застана и претходните години, рече на прес конференцијата Тилевски. „ Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани“, најави Тилевски. Од градскиот плоштад беа презентирани двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе се реализира во перидот 2017-2021. „ Градскиот плоштад...

Продолжи со читање

Најтрофејниот градски клуб, АК Охрид одбележа 4 децении постоење

Post Views: 6 Одбележан јубилејот 4 децении постоење на АК Охрид. Пецо Неданов, претседател на УО на клубот со гордост го посочува фактот што плеада охридски атлетичари со постигнати врвни резулатати го сместија Охрид во врвот на македонската атлетика. Атлетскиот клуб помина низ многу премрежја во текот на сите овие години, но кралицата на спортовите ни дала упорност и истрајност да постигнуваме резултати достојни за почит, напомена Неданов за работата на клубот. „ Во многу тешки услови работевме, со блокирана жиро сметка и тешко опстојувавме. Имаше помош од општината за...

Продолжи со читање