Автор: Валентина Неловска
Post Views: 334 НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе реализира 21 од поднесените 28 проекти на конкурсот на Министерството за култура. Задоволни се од одобрените средства во висина од 1,5 милиони денари добиени од финансискиот колач за проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година. Меѓу бројните проекти го издвојуваат оној за заштита на стари и ретки книги кои се дел од библиотечниот фонд, а на располагање имаат 300.000 денари. За збогатување на книжниот фонд за одделението за возрасни добиваат 200,000, а за одделението за деца 150.000 денари,...
Енергетската криза удира врз услужните дејности
Post Views: 251Економската и енергетската криза се одразуваат на услужните дејности. Во трговската дејност, од година в година, се потешко е да се опстане заради зголемување на трошоците за живот. Се повеќе се губи културата на шопинг со замавот на интернет продажбата , вели Маја Бакалова претседател на здружението на трговскиот и чаршискиот еснаф. Ситуацијата е тешка, но се бориме и пливаме за опстанок, додава Бакалова.„Секоја зима има отвори затвори по дуќаните. Во февруари има смена на дуќаните , некој од трговците се префрла од ваму – таму.Во принцип со текстилот...
Изложба на портрети Беше еднаш Холивуд
Post Views: 314 Изложени портрети под наслов „Беше еднаш Холивуд“ од Ѓоко Симјаноски. Изложбата е тема на културниот настан „Охридски приказни“. Симјаноски ја посвети изложбата на филмската уметност со избор на портрети од најпознатите актери кои го одбележаа минатиот век. Со портретите изработени во техниката графика со молив, авторот приреди своевиден времеплов низ добрите, стари филмски времиња, кога кино салите беа полни со љубители на филмската уметност. Навидум Холивуд и Охрид немаат некоја поврзаност, но сепак постојат длабоко, врежани сеќавања кај повозрасните охриѓани за...
Дуалното образование спас за сите
Post Views: 284 Се повеќе се нагласува потребата од меѓусебната соработка на стручните школи и компаните кои ќе ги ангажираат младите кадри да се вработуваат во домашното стопанство. За таа цел се одржа работилница во рамките на кампањата „Учи паметно работи стручно“. Средбата е реализирана од општина Охрид и Министерството за образование и наука во соработка со општинските стручни училишта, компаниите, бизнис секторот. Градоначалникот Кирил Пецаков го посочи успешниот пример од дуално образование во ЕМУЦ Св Наум Охридски и компанијата ОДВ. Потенцира дека од година во година расте...
Охрид ќе донира парична помош
Post Views: 250 Охриѓани сочувствуваат со несреќата на народите од Турција и Сирија кои ги погоди катастрофалниот земјотрес. Советниците од градскиот совет со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите жители од овие две земји. Едногласно беше усвоена одлуката за доделување парична помош на настраданите.„Издвоивме средства од ставката на општина Охрид во висина од 300.000 денари за Република Турција и исто толку и за Република Сирија. Вкупно 600.000 денари од донација од општина Охрид“, посочи Сашо Донев, претседател на Советот на град Охрид.Сашо Донев,претседателот...
Охриѓани верни на делото на Прличев
Post Views: 285 Охрид го чествува делотo на Григор Приличев. По повод 130 годишнината од неговото упокојување беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата и се одржа панихида на неговиот гроб во близина на црквата Света Богородица – Перивлепта. Во чест на големиот охридски поет и преродбеник беа доделени наградите од конкурсот за основците од училиштето што го носи неговото име и традиционалните Прличеви беседи во родната куќа на поетот. Наградите од конкурсот ги добија ученичките Фросина Апостолоска од одделенска настава и Елена Филчоска од предметна настава. Наградите им ги врачи...
Монографија 70 години библиотека Григор Прличев
Post Views: 287 Промовирана монографијата „ 70 години библиотека Григор Прличев“ од Милчо Јованоски. Во пресрет на Прличевите беседи , одбележувањето на 130 години од смртта на поетот и преродбеник Прличев и 7о години постоење на НУ Библитеката се промовира делото кое изобилува со податоци и сеќавања за градската библиотека, како што ја нарекуваат охриѓани. Книгата е своевиден времеплов на настани во библиотеката кои се продолжение на делото на Маринела Јовановиќ со кое е опфатен перидот од 1952 до 1998 година. Во,најновата монографија се сместени датуми и луѓе кои треба да бидат...
Изградбата на базенот се пролонгира повторно
Post Views: 418 Повторно се продолжува рокот за завршување на изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид. Последно, во август минатат година, од Агенцијата за млади и спорт, која е инвеститор на изградбата, беше најавено дека објектот ќе биде завршен до април 2023та. Сега изградбата повторно се пролонгира за 4 месеци, информира Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.„Изградбата ќе заврши до ноември месец оваа година. Крајниот рок беше 31 мај -1 јуни, но се пролонгира. Имавме наши технички проблеми со надзорот, а од нивна страна главниот изведувач беше...
Бавно се доаѓа до лекови за ретките болести
Post Views: 565 Почна националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Петта година по ред здружението „Ретко е да си редок“ работи на подигање на јавната свест за пациентите со ретки болести и нивните потреби. Во кампањата се вклучени преку 60 специјалисти лекари кои досега имаат обработено 139 ретки дијагнози, напоменува Гордана Лолеска претседател на здружението.„Прифаќањето на овие деца и луѓе е наша должност за да им помогнеме. Заболените со ретки болести имаат две надежи. Првата е медицината да напредува во пронаоѓање на лекови за да се ублажат симптомите на болеста,...
Oхридски земјоделец избира органски семиња
Post Views: 494 Сезер Акин е поборник за одгледување на зеленчук од автохтони семиња, а не само за производство на здрава храна. Во неговата градина веќе е засеан расад со раноградинарски зеленчуци. Подготвени се и садови со автохтони семиња од пиперки, домати, црни патлиџани, краставици кои ги чува за следната година бидејќи не сака да засадува хибридни семиња. Акин нагласува дека неговата љубов кон органскиот зеленчук сака да ја пренесе на охриѓани и љубителите на градинарството. Тешко оди, но јас сум храбар, вели Акин кој е дел од организацијата Слоу фуд Македонија. Сакам нешто...
Продолжува скринингот за откривање на рак на грло на матка
Post Views: 239 Во дејноста здравствена заштита на жената во гинеколшката дејност во охридскиот регион најчести се воспалителни процеси на репродуктивните органи ,а потоа следат проблемите поврзани со бременоста и породувањето, а на трето место се малигните неоплазми. Во првата и последната група има намалување на стапката на заболувања во перидот од 2019 – 2021 , вели д-р Даниела Чингоска, од охридскиот Центар за јавно здравје, а се должи на работата на матичните лекари и на програмата за рано откривање на карциномот на грлото на матката.„Преваленцата се должи на тоа...
СДСМ реагира на поскапувањата на цените на ЈП
Post Views: 280 Очигледно ДПМНЕ ја превзеде локалната власт само за да обезбеди лични комодитети и уживања на своите послушници. Од сите ветени проекти, ДПМНЕ еве веќе нешто повеќе од една година ги исполнува доследно проектите за зголемување на цените на Јавните претпријатија во градов, на прес конференција кажа Јован Крлев, портпаролот на ОО СДСМ.„Зошто се зголемени цените за скоро 100% во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ? Последното поскапување на цените во ова јавно претпријатиее срам и врв на неодговорноста на менаџерскиот тим и безчувствителноста во поглед на задоволување...