Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Заштитена од пропаѓање музејска збирка птици

Post Views: 9 Реставрирана и преуредена оштетена диорама со препарирани езерски птици. Барските птици се дел од природонаучната збирка во струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“. Станува збор за превезан, познат вид барска птица од Охридското езеро. Васко Јолески, самостоен препаратор на животни од музејот споделува како се одвивала постапката за заштита на птиците кои се наоѓаат во изложбената витрина.„ Се отвори диорамата и се спречи пропаѓањето на експонатите. Целосно се реоформи и се направи нова. Во внатрешнит дел имаше мов, ставен од порано, несоодветен за тој...

Продолжи со читање

Социјалдемократите повикуваат не за новите административни вработувања

Post Views: 11 ОО СДСМ е против новите вработувања во општинската администрација. Локалната власт бара од советниците согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година во услови на глобална економска и енергетска криза на утрешната 24 та седница на Советот на општина Охрид, истакна портпаролот Јован Крлев. ВМРО ДПМНЕ побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања.„Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ на овој начин покажува тотална...

Продолжи со читање

Усвоена листа со рангирани проекти

Post Views: 11 Советот на Југозападниот плански регион ја прифати Годишната приоритетна листа со проектни идеи. Тие се предложени и рангирани од претставници од општините, бизнис секторот, образовни и научни установи, јавни претпријатија кои учествуваа на циклус одржани форуми, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Форумот прифатил и рангирал 15 проектни предлози во интерес на граѓаните. За првите три проекти ќе се обезбедуваат средства од Бирото за регионален рамномерен развој во висина од 58 милиони денари, напоменува...

Продолжи со читање

Охридски пица мајстор на светско првенство

Post Views: 22 Пица мајсторот Деанчо Трајанов Чеде забрзано се подготвува за учество на светското првенство во Италија за подготовка на пица. Охридскиот пица мајстор ќе учествува во правање пици на натпревар по втор пат. Оваа година, своето мајсторство ќе го презентира во три категории. Во првата категорија, подготовка на пица класика, ќе се претстави со Македонски производи. Пицата ќе биде целосно подготвена од македонските артикли, вели Чеде, и ги набројува продуктите којшто ќе ги користи како тетовско брашно, овчо сирење, ајвар, пршки, рукола, домати. Сепак, неговиот сон за...

Продолжи со читање

Доволно средства за проекти од културата

Post Views: 8 НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе реализира 21 од поднесените 28 проекти на конкурсот на Министерството за култура. Задоволни се од одобрените средства во висина од 1,5 милиони денари добиени од финансискиот колач за проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година. Меѓу бројните проекти го издвојуваат оној за заштита на стари и ретки книги кои се дел од библиотечниот фонд, а на располагање имаат 300.000 денари. За збогатување на книжниот фонд за одделението за возрасни добиваат 200,000, а за одделението за деца 150.000...

Продолжи со читање

Енергетската криза удира врз услужните дејности

Post Views: 11Економската и енергетската криза се одразуваат на услужните дејности. Во трговската дејност, од година в година, се потешко е да се опстане заради зголемување на трошоците за живот. Се повеќе се губи културата на шопинг со замавот на интернет продажбата , вели Маја Бакалова претседател на здружението на трговскиот и чаршискиот еснаф. Ситуацијата е тешка, но се бориме и пливаме за опстанок, додава Бакалова.„Секоја зима има отвори затвори по дуќаните. Во февруари има смена на дуќаните , некој од трговците се префрла од ваму – таму.Во принцип со...

Продолжи со читање

Изложба на портрети Беше еднаш Холивуд

Post Views: 7 Изложени портрети под наслов „Беше еднаш Холивуд“ од Ѓоко Симјаноски. Изложбата е тема на културниот настан „Охридски приказни“. Симјаноски ја посвети изложбата на филмската уметност со избор на портрети од најпознатите актери кои го одбележаа минатиот век. Со портретите изработени во техниката графика со молив, авторот приреди своевиден времеплов низ добрите, стари филмски времиња, кога кино салите беа полни со љубители на филмската уметност. Навидум Холивуд и Охрид немаат некоја поврзаност, но сепак постојат длабоко, врежани сеќавања кај повозрасните охриѓани за...

Продолжи со читање

Дуалното образование спас за сите

Post Views: 7 Се повеќе се нагласува потребата од меѓусебната соработка на стручните школи и компаните кои ќе ги ангажираат младите кадри да се вработуваат во домашното стопанство. За таа цел се одржа работилница во рамките на кампањата „Учи паметно работи стручно“. Средбата е реализирана од општина Охрид и Министерството за образование и наука во соработка со општинските стручни училишта, компаниите, бизнис секторот. Градоначалникот Кирил Пецаков го посочи успешниот пример од дуално образование во ЕМУЦ Св Наум Охридски и компанијата ОДВ. Потенцира дека од година во година расте...

Продолжи со читање