Автор: Валентина Неловска
Post Views: 183 Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија. Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии. Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба. „ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не...
Аларамантен пораст на заболени охриѓани од тиреотоксикоза
Post Views: 234 Драстично пораст на бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи. ...
Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид
Post Views: 228 Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина. Не само што не се знае точниот број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани. Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење се издава според пропишан режим ако станува збор за објект ...
Охридските советници по втор пат ќе носат одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН
Post Views: 159 Пред охридските советници по втор пат ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија. На ова ОУ, повторно му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец. Основното училиште подолго време се соочува со блокирана жиро сметка, заради судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште,...
Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца
Post Views: 170 Патронажните сестри посетиле 120 лица во руралните средини во Охрид и Дебрца. Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје за сите“, кампања на ресорното министерство. „ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и ја прават посетата, посочува д-р Димитова....
Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште
Post Views: 157 Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа соработка се задоволни и словенечките и охридските ученици. „Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша. „Искуствата ...
Се зголемува синдикалната кошничка за месец мај за 180 денари
Post Views: 160 Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година. Според Сојузот на Синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари, вели Стевчо Маслов, секретар на регионалната канцеларија на Сојузот на Синдикати на Македонија од Охрид. „Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати...
Почнаа ораторските средби за охридските основци
Post Views: 174 Симона Кркачоска, шесто одделенка од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер. „ Очекувам да се изразувам слободно и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува Симона за своите очекувања од овој натпревар.Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен за децата да се дружат, но...
Пајаковата мрежа од кабли на охридските улици ќе биде расчистена, најавуваат надлежните компании
Post Views: 224 На улицата Петар Чаулев денес се менуваше оштетена бандера на Телеком. На столбот има мрежа од кабли од телефонски жици, но и на кабловските оператори. Од Телком се надеваат дека денешниот зафат е последниот од бројните оштетувања настанати од снежното невреме. Граѓаните кои имаат сознанија за други оштетувања на бандери, а за кои Телеком засега нема сознанија е отворен за соработка со граѓаните. Дефектите може да се пријавуваат на безплатниот број 0 800 12345. Раководителот на регионалниот центар на Телеком, Никола Дуданов ги појаснува нивните ингеренции во делот...
Нема застој при имунизацијата во охридскиот вакцинален пункт
Post Views: 173 Во охридскиот вакцинален пункт тече без застој имунизацијата на граѓаните. Досега се вакцинирани преку 32.000 граѓани од регионот. Пријавените граѓани се имунизирале со различни вакцини како Синофарм, Синовак, Астра Зенека и Фајзер во зависност од испорачаните вакцини. Граѓаните кои се пријавиле на постоечкиот сајт не чекаат долго за закажување на термин за вакцина. Горан Балев, директорот на охрдската Општа болница, информира дека на закажаните термини луѓето не чекаат долго. Во моментов, граѓаните се имунизираат со вакцината на Синофарм. Досега не се забележани...
Морничава и опасна станува зградата Св. Сава
Post Views: 185 Објектот на поранешното училиште Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат пократкиот приод до школото Св Климент, а и за минувачите кој поминуваат покрај овој објект. „ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок пат. ТВМ го контактираше...
Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира
Post Views: 251 Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” ќе инвестира во подновување на установата. Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска Наумоска информира дека во 2015 ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар. Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување агрегат за струја и подновување на болничката перална. „ Оваа година приоритетот ставивме на немедицинската...