Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Свлечиште се појави во непосредна близина на ОУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 231   Во близина на ОУ „ Св. Климент Охридски“ се појави свлечиште. Отвор со дијаметар од околу  половина метар и исто толкава длабочина зјае веќе три недели.  Дупката е  опасна за минувачите, а посебно за учениците. Од Комуналнот фонд велат дека  нивни екипи направиле увид на терен и најавуваат санација на проблемот од идната недела.„ Се констатира дека проблемот во најможно брзо време мора  да се реши. Свлечиштето или отворот да се санира во најкус можен рок. Се донесе заклучок да се пристапи за решавање на проблемот веднаш по подобрување на временските услови. По завршување...

Продолжи со читање

За само една недела од март грипот „легнал“ 311 охриѓани

Post Views: 155   За само една недела од грип заболеле 311 охриѓани. Амбулантите на  матичните лекари, но и на инфективното одделение се полни со пациенти заболени од грип.  Епидемиологот д-р Јованка Стурллакова  Коровешоска од Центарот за јавно здрвје Охрид, информира дека засега се изолирани вирусни инфлуенци од типот А и Б.  87 проценти од заболените се инфицирани со вирус тип Б , а останатите 13 посто од тип А, укажува д-р Коровешоска. Статистиката покажува дека во првите два месеци од годинава споредени со 2014   има поголем број заболени од грип, но за среќа нема  фатални случаи....

Продолжи со читање

Започна првата фаза на уредување на Лајонс паркот во Охрид

Post Views: 184   Означен стартот за уредување на Лајонс паркот Охрид. Започна првата фаза за подготовка на хортикултурно уредување на дел од  потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача. Изградбата на паркот е заложба на сите 4 Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид. Маријан Талев, гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, напомена дека како дистрикт 132 ќе ја поддржат оваа акција која е за граѓаните на Охрид. „Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид, млади,...

Продолжи со читање

Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар

Post Views: 149 Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар  за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ  и  на Владата,  за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен...

Продолжи со читање

Тим ученици од ОУ „Григор Прличев“ освоија врвна иновативна награда на ниво на државата

Post Views: 175 Десетмина ученици од ОУ „Григор Прличев“ добија врвна иновативна награда на ниво на државата. Тим составен од вредни и паметни ученици од 6-то до 9-то одделение од ОУ Григор Прличев се прво рангирани на проектот „Значење на користење на алтернативни извори на енергија за зачувување на здравата животна средина“. Учениците Леонид Тодороски, Митко Савев, Софија Милеска, Климент Симоноски, Дарјан Славкоски, Леонид Курто, Ивана Јанкулоска, Марија Јакимоска, Димитар Ѓуроски и Сара Неделкоска го сочинуваат амбициозниот тим кој освои врвна иновативна награда. Тие со помош...

Продолжи со читање

Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми

Post Views: 208 Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус. Во овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови  мора да изберат  претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните  заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното...

Продолжи со читање

Охридското езеро интересно за наутичарите

Post Views: 204 Охридското езеро е во врвот на дестинациите за развој на наутичкиот туризам.  Нашата акавторија е огромна кога станува збор за езерата , вели капетаноит  Горан Устијаноски  кој ги претстави сите предности на нашето езеро на Саемот за наутика во Белград. Потенцијалите се огромни кога станува збор за пловењето, едрењето и едриличарските спортови, напоменува Устијаноски. Додав дека езерото со своите карактеристики предизвикало голем интерес кај наутичарите во Белград.„ Апсолутно ако  гледате и направите споредба со другите езера во светот Охридското езеро со сигурност...

Продолжи со читање

Ренџерите од Галичица прават проценка на оштетените стебла

Post Views: 171   Ренџерските служби во НП „Галичица“  започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер  Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат  штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите...

Продолжи со читање

Oхридските малолетници заинтересирани за полагање возачки испит Б категорија

Post Views: 162 Охридските малолетници заинтересирани да полагаат возачки испит Б категорија. Оваа можност може да ја користат од јули 2013 година кога  стапи во сила Правилникот за полагање на возачки испит за малолетни лица со наполнети16 години. Од авто школата „ Старс Инжинеринг“ кажуваат дека средношколците од Охрид ја користат оваа можност.„Конкретно во Охрид  има заинтересирани, но не масовно. Во другите градови немам информација. Дел од децатат кои се заинтерсирани не исполнуваат услови. Имавме кандидати кои ги исполнуваат условите, но поради многу причини не полагаат. Некои...

Продолжи со читање

Скопјанец ја купи атрактивната локација под Плаошник

Post Views: 163 Скопјанец ја купи  атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција. Локацијата од 202 м квадратни продаена е  по цена од 51 илјада денари за метар квадратен,односно 167.000  евра за целата парцела. Од овие пари околу  130.000 евра се за локалната самоуправа ,а  останатите за Министерството за транспорт и врски.   Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“. Според...

Продолжи со читање

Во болничката лабораторија нема реагенс за тумoр маркери за простата

Post Views: 270 Во охридската болничка лаборатотија е зголемена побарувачката за тумор маркери за испитување на простата. Некои пациенти чекаат термин за испитување на тумор маркерите  според  планот за работа на лабораторијата, вели д-р Елена Шикаловска, раководител на специјалистичката болничка лаборатотија. „ Во моментов  е потрошен тој реагенс бидејќи имаше интензивно трошење. Во тек на оваа  недела ќе добиеме нов реагенс и продолжуваме со работа. На  пациентите им е  закажан термин да се јават или  да им се  јавиме ние. Досега  не сме имале недоразбирање или конфликти со пациентите...

Продолжи со читање

„Охридска вечер“ нов начин на туристичка промоција на градот

Post Views: 167 Наместо закуп на штандови на туристички саеми локалната самоуправа  во иднина ќе организира Охридски вечери. Ова е новата стратегија со која Охрид ќе се промовира, а која од Белград на одржаниот саем за туризам ја најави охридскиот градоначалник Никола  Бакрачески.  Самостоен закуп на брендиран штанд на саемска манифестација финансиски чини многу пари. Организирањето на Охридска вечер  со директни промоции за таргет групи покажале дека од финансиски аспект се подостапни, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Тлер.„ Во овој момент сметаме дека е попрактична и подобра за...

Продолжи со читање