Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Во градот и неколку села откриени диви приклучоци на водоводната мрежа

Post Views: 2 Во Охрид и руралните средини има диви приклучоци на градската водоводна мрежа. Ова го потврдуваат од МЈП Проаква бидејќи нивните служби на терен откриват вакви нелегални појави и злоупотреби на системот за водоснабдување, информира Сашо Сотироски технички раковоител во јавното претрпијатие за стопанисување со вода. „Во последниот период имаше откриени случаи во Горно Лакочереј, Лескоец и низ градот. Правната служба презема мерки за санкции на потрошувачите“, вели Сотироски. Од Проква напоменуваат дека има забрана потрошувачите на вода, посебно од руралните...

Продолжи со читање

Главниот влез на училишната зграда на ОУ Братство Единство е сериозно оштетен

Post Views: 3 На први септември учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “ ќе влезат од задниот влез на школото. Советот на родители и управата на школото на овој потег се решиле заради безбедност на учениците. Одлучиле да се затвори главниот влез во централната училишна зграда заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Оштетувањата се од серијата земјотреси кој го зафатија Охрид во јуни и јули, а посериозни оштетувања претрпеа главниот влез и фискултурната сала. Санација и поправки на...

Продолжи со читање

Во охридско преполовен родот на грозјето и јаболката

Post Views: 0 Преполовена годинешната реколта на грозјето во охридско од пролетните мразеви. Лозарите ќе претрпат големи загуби од годинешната берба на грозјето. Големи штети има врз локалните сорти грозје како што е вранецот, а како поотпорна на мразот се покажала сортата хамбург, информира агрономот Мирослав Трајчески. „Ситуацијата не е сјајна родот е намален во зависност од регионот некаде од 50 до 60 посто. Погоден е регионот каде што гравитираат селата Косел, Лакочереј, Вапила. Штети има и во Требеништа и Мешеишта иако за нијанса помали, но и таму има големи штети и родот...

Продолжи со читање

Просечната нето плата во јуни изнесувала 22. 808 денари ен

Post Views: 2 22. 808 денари изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во месец јуни оваа година. Индексот на просечната месечна исплатена, нето-плата по вработен во земјава покажува зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8. 20 проценти има зголемување на просечните месечни исплати на нето-платите на вработените во секторите уметност, забава и рекреација. За 9.8 проценти пораснале платите во стручните,...

Продолжи со читање

Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион

Post Views: 1 Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. „Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги...

Продолжи со читање

Германецот Aлександар Студзински и италијнката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон

Post Views: 2 Aлександар Студзински од Германија во машка и Барбара Позобон од Италија во женска конкуренција се победници на 31виот Охридски пливачки маратон. Победата на двјцата пливачи беше мошне неизвесна и тесна, ги делеа секунди од останатите тројца маратонци. Девојките од Италија рамо до рамо се бореа со натпреварувачите во машка конкуренција и секунди одлучуваа дали годинава победник на маратонот ќе биде пливач или пливачка. Победникот Студзински до целта пристигна за 5 часа 15 мин 14 сек и 36 стот, а само 37 секунди по него доплива Барбара Позобон со време од 5 часа 15...

Продолжи со читање

Точно на пладне стартуваше Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 3 Од Свети Наум, точно напладне, на маратонската патека Климе Савин беше означен почетокот на 31виот Охридски пливачки маратон. Организаторите велат дека стартот бил навреме и поминал во најдобар ред. Оваа година 22 -ца пливачи од Македонија и светот ја пливаат 30 километарската патека за стигнат на целта кај градскиот плоштад. Во машка конкуренција има 15 пливачи меѓу кои се тројцата македонски маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив, на пливачката патека за првото место во машка конкуренција ќе се борат и...

Продолжи со читање

Обид да се вратат во живот занаетите кои се во изумирање

Post Views: 4 Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и  опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает  жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да  опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека...

Продолжи со читање