Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Од денес започнаа уписите во средните училишта

Post Views: 178 Започнаа уписите во средните училишта во земјава кои ќе траат во следните три дена. Во јавните средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта во земјава. Од вкупниот број на слободни места во прва година средно образование, 19.602 места се во стручното образование во 604 паралелки, 9.261 место се во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 места во 35 паралелки се наменети за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.Годинава на средношколците им се нуди...

Продолжи со читање

Општина Вевчани ја завршува изградбата на фекалната канализација во населбата

Post Views: 190 Изградбата на фекална канализација во општина Вевчани се привршува кон крај. Изградени се 9 канализациони краци или околу 99 проценти од домаќинствата и објектите се приклучени на фекалната линија. Остануваат многу кратки краци кои ќе може да ги заврши јавното претпријатие Вевчани, информира Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани за овој крупен инфраструктурен зафат. „Со канализационите линии во должина од околу 1 км и 200 метри Вевчани ја заокружува целосно канализационата мрежа. Изградивме и нова пречистителна станица и овие денови се очекува да се пушти...

Продолжи со читање

Охридските пациенти три месеци немаат реагенси за проверка на тироксин

Post Views: 192   Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во  лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го  зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.„ За конкретната...

Продолжи со читање

Да се вратат на трпезите квалитетните охридски сортни вина

Post Views: 196 Две сорти охридско вино ќе бидат презентирани на „Неделата на вино“ во Неготино за празникот Св.Трифун. Будимир Соколовиќ, стопанственик од Охрид, ќе изложи на дегустација црвено вино мерлот и бело шардоне од неговиот вински подрум.  Охридското поднебје во минатото изобилувало со високо квалитетни сортни вино и лозови насади кои сега се запуштени и заборавени, вели Соколовиќ. Додава негова желба е да се вратат на трпезите квалитетните вина од охридското виногорје, додава Соколовиќ. „ Моја визија е да има поголем број на насади со автохтона сорта на грозје како што...

Продолжи со читање

За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании

Post Views: 191 Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното  пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат  од Локалната самоуправа. Од таму  не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој  простор за да се  спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение...

Продолжи со читање

Охридскиот градоначалник ги посети и семејствата кои настрадаа во неодамнешните поплави

Post Views: 167 Градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници  посетија неколку поплавени објекти на улиците „ Стив Наумов“ , „ Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „ Сатеска“ во населбата Далјан.  Засега до ЛС нема пријави на граѓани кои бараат помош од сместување, рече Бакрачески.„ Сега засега нема побарано од поплавените но ако побараат ќе излеземе во пресрет и ќе најдеме сместување и за нив. После направените записници на штетите ќе донесеме одлука според која ќе бидат оштетни и поплавените од изминатите денови во Охрид“, кажа Бакрачески. Градоначалникот најавува дека ...

Продолжи со читање

Пожар го остави без дом Диме Мaрмачоски од Охрид

Post Views: 175   Пожарот на улица Винковачка бр.75  го остави Диме Мaрмачоски без кров над главата. Пламените јазици на пожарот  кој избил во дневната соба на едноспратната куќа му ја пеплоса целата покуќнина. Тој во куќата живеел со болен син, кој во моментов се наоѓа на лекување во болничка институција, а живее од  семејната пензија на почината сопруга. Причина за пожарот е експлозија од телевизорот. До несреќата која во саботата го снајде Мaрмачоски дошло додека отишол да купи цигари во маалската продавница.„ Отварање на влезната врата, влегов во кујната и ме удри пламен. Не знаев...

Продолжи со читање

Објавено цеде со аудиозапис од животот на македонскиот поет Григор Прличев

Post Views: 221 Издадено цеде со аудиозапис  од животот на поетот и преродбеникот  Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската  библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од  животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од  охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран. „ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио форма...

Продолжи со читање

Штрајкот во образованието прекинат

Post Views: 159 Сонк го прекина шатрајкот во образованието.  Претставници на Сонк и Мон седнаа на маса и постигнаа договор.  Во начело се одложени  казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, ќе се продолжат преговорите за висината на платите, има најави од септември да се поедностави  Е-дневник, а поголеми плати за вработените во градинките ќе има врз основа на колективниот договор. Од Сонк се задоволни од договореното. Но, со  ставот на Сонк  не се согласуваат членовите на регионалниот синдикален одбор  од струшко-дебарскиот...

Продолжи со читање

Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос

Post Views: 156 Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид  долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен.  Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата  Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира  дека утрово веднаш ...

Продолжи со читање

Професорите од охридската гимназија нема да протестираат не добија поддршка од Сонк

Post Views: 148 Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со  Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.„ Не дадоа подршка тоа  според мене е жално. Сметавме  дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата...

Продолжи со читање

Услови за алтернативен туризам имаме недостасуваат лични инвестиции

Post Views: 159 Позитивни примери на алтернативен туризам во нашиот регион има во неколку рурални средини како што се Елшани, Куратица, Дебрца и Вевчани, вели Лазар Неданоски, раководител на проектот кон алатернативниот туризма, од Македонската развојна фондација.  Искуствата покажуваат дека услови и интерес за повисок степен на развој на алтернативниот туризам има ама луѓето се неодлучни да инвестираат. Луѓето често се во дилема при изборот на  формата на алтернативниот туризма која ќе ја продаваат на пазарот, посочува Неданоски. Во тие одлуки многу е битна посветеноста, љубезноста...

Продолжи со читање