Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа

Post Views: 2 Водоснабдувањето во градот, туристичките и приградските населби приклучени на градскиот водовод оваа сезона течеше без проблеми, напоменуваат од МЈП Проаква. Освен два поголеми дефекти кои се случиле пред хотел Метропол и новата автобуска станица на цевки од фи 300 мм, поголеми дефекти не биле случени. Од 15 јуни до денес бројот на дефектите на водоводната мрежа е намален во споредба со истиот период лани, кажува техничкиот раководител Сашо Спироски. Во екот на годинешнава туристичка сезона службите интервенирале на 70 дефекти. Минатата година во истиот период...

Продолжи со читање

Охридскиот завод и музеј ги прави завршните подготовки за учество на „Форум на словенските култури“ во Блед

Post Views: 3 Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески. „Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко...

Продолжи со читање

Затворањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна

Post Views: 3 Затварањето на Охридско лето со театарската претстава  „Ничија  земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран  како најавтентичен  за да се одигра завршната претстава на Охридско лето.  Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов.  Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската...

Продолжи со читање

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.

Post Views: 3 Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади. „Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се...

Продолжи со читање

Градежните фирми и фабриките за текстил во Охрид ги почитуваат препораките за работа

Post Views: 2 Фирмите чии работници се изложени на високите темперaтури ги почитуваат препораките за работа во жолта и портокалова фаза. Досега Инспекторите за труд во Охрид издале само едно решение за забрана на градежна фирма, а изрекле 12 укажувања со правен указ. Во Струга пак, има 11 решенија за забрана. Поголемиот дел од градежните фирми и текстилните фабрики каде што нема добра климатизација се придржуваат кон препораките нивните работници да не работат од 11 до 17 часот.Фирмите прават попладневни смени за работа, велат од Инспекторатот за труд и досега на адреса на...

Продолжи со читање

Вонредни контроли на угостителските објекти во Охрид и Струга

Post Views: 2 Нема клуч на врата за ниту еден угостителски објект во Охрид и Струга, покажале вонредните контроли направени од инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тимот на ветеринари и инспектори за храна во контролираните објекти пронашле прекршувања од типот на неажурирани записници според ХАСАП системот, нечитливи декларации на производите, неуреден санитарен преглед на вработените или фрижидери со неисправни термостати. Со вонредни испекциски контроли во туристичките места инспекторите ги контролирале хотелите, детските одморалишта, сендвичарите,...

Продолжи со читање

„Во рогот на волот“ под шифрата Чадор е добитник на наградниот конкурс „Живко Чинго“.

Post Views: 2 Насловот „Во рогот на волот“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Комисијата за доделување на општинската награда Живко Чинго, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Алексоска и поетот Славе Ѓорго Димоски едногласно ја донесле одлуката најдобар расказ да му припадне на „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“. „Овој расказ се издвојува со извонредна наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и...

Продолжи со читање

Голем интересот на граѓаните за превентивните прегледи

Post Views: 4 Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението за мозочни удари во соработка со Црвен крст Охрид организираа првентиван акција за мерење на шеќер во крвта , притисок и ЕКГ. Зоре Димоска претседател на здружението на лица со дијабет Тип 1 посочува дека акцијата е планирана во нивниот годишна прогарма за работа и има цел едукација на населенито за заболувањето како што е шеќерната болест. „Ситуацијата е алармантна во светот не само кај нас. До 2025 година се смета дека секој втор би бил дијабетичар. Се прави превентива , а оваа акција е во таа насока да се сврти...

Продолжи со читање