Автор: Валентина Неловска
Post Views: 2 На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со...
На празникот Илинден Фестивалот Охридско лето донесува двојна програма
Post Views: 3 Концерти на два сопрани и пијано се на вечерашниот репертоар на Фестивалот Охридско лето. Во 20.30 во Света Софија настапуваат познатите сопранистки, сестрите-близначки Билјана Стафансон и Љилјана Јовановиќ, во придружба на врвната македонска пијанистка Марија Вршкова. Концертот ќе го одржат во рамките на Шведската вечер на фестивалот.Близначките Стафансон и Јовановиќ се колоратурни сопрани кои публиката ги памети како „чудо од деца“ од времето кога на 9-годишна возраст на телевизија го исполниле дуетот од Моцартовата „Волшебна флејта“. Двете честопати настапуваат...
Охридските пожарникари со полни раце работа
Post Views: 2 Во месец јули охридските пожарникари имале полни раце работа што од огнени стихии што од земјотресите. 62 интервенции го одбележале месец јули од кој 38 пожари и 24 технички интервенции. Најмногу гасење пожари имало на отворен простор дури 31 интервенција, 4 пожари на објкети и и 3 на моторни возила, информира заменик командирот Горан Маркоски. „ За одбележување е тоа што сме реагирале и на соседни територии.Преку Дирекцијата за заштита и спасување при Владата на РМ е побарана помош да интервенираме во Струга во 2 наврати, во Ресен, Дебрца се гасени 8...
Строго забрането палење скара и стрништа во НП Галичица
Post Views: 1 Вонредни мерки за престој во шума во националниот парк Галичица. Забрана за палење на оган за скара и стрништа во НП Галичица стои во одлуката за ограничено движење во националните паркови. Не е дозволено кампирање и подолго задржување во шумата. Владата оваа одлука ја донесе како превентива за заштита на шумите во НП од летните пожари. Ограничувањето за престој во паркот Галичица не важи за вработените во НП , ЈП Македонски шуми и туристичките водичи. „ И покрај Коритски рид, Корита, Јадера места уредени и каде што е дозволено палење на оган сега тоа не важи....
„Страст за носталгија “ изложба на охридскиот сликар Сашо Блажес.
Post Views: 3 Охридскиот сликар Сашо Блажес за прв пат ги претстави своите ликовни дела во својот роден град. На самостојната изложба прикажа дваесеттина дела масло на платно. Портретите се работени во последните три години на тема „Страст за носталгија“. Покрај автопoртретот и портретите на негови блиски луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори. „Портрети на личности од моето опкружување, на личности од нашето минато и затоа е насловот Страст за носталгијата која не карактеризира на овие поранешни Ју простори преку...
Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески
Post Views: 1 Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет. „ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има...
На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош
Post Views: 3 Честа е појавата на охридските улици возачите на моторни возила да ги игнорираат вклучените ротациони светла и сирени на возилата за брза помош. Лекарите од итната медицинска помош посочуваат дека се соочуваат со непријатни попречувања во ургентната задача која имаат и покрај уредно вклучената сигнализација. „ Најчесто се работи за лица кои истовремено управуваат моторни возила и зборуваат на мобилен телефон. Апелираме секогаш да се даде првенство на возилата на прва помош кога има вклучена ротација или сирена. Утре може да се случи да се работи и за нас и не е...
Мала заинтересираност за субвенциониран студенски оброк
Post Views: 2 Студентите покажале мала заинтересираност за мерката субвенциониран студентски оброк од предвидениот број на Министерството за образование и наука. Досега се пријавиле околу 12.800 студенти. Според проценките на ресорното министерство право на оваа финансиска поддршка им следува на околу 40.000 студенти.За оваа финансиска поддршка на студентскиот стандард министерството обезбедило 15 милиони евра. Месечно студентите ќе добиваат околу 2.400 денари. До истекот на рокот за пријавување останува една недела. Од ресорното министерство информираат како тече...