Skip to main content

Автор: Валентина Неловска

Сајбер насилниците ги демнат децата на интернет и социјалните мрежи

Post Views: 185 Користењето на фејсбук и социјалните мрежи ги става во опасност децата од сексуални злоупотреби. Од првата детска амбасада Меѓаши нагласуваат дека децата ги демнат  опасности од сајбер насилниците и порачуваат на добра информираност и на родителите и на децата за правилно користење на интернетот. Јана Зенгоска од Меѓаши посочува дека кампањите кои се водат за правилно користење на компјутерската технологија даваат резултати , но потребна е постојана едукација.  „Можеби се должи на сензибизлирање но сеуште родителите и децата сметата дека тоа не може да им се случи...

Продолжи со читање

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 142 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...

Продолжи со читање

Започнатата доградба на општинската зграда ќе се довршува

Post Views: 155 Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда.  Ова го  најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови  со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата  беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување.  „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании...

Продолжи со читање

На градскиот плоштад поставена Бадникова пештера

Post Views: 255 Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од  2,5 метри широчина и  3 метри  височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце.На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична...

Продолжи со читање

Бадникова поворка низ охридските улици

Post Views: 191 Три и пол годишната  Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост  низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова. „Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот...

Продолжи со читање

Се повеќе занаетчии се регистрираат во охридската комора

Post Views: 210 Паркетари, водоинсталатери, тв механичари, изработувачи на сувенири и домашни ракотворби се дел од 34 -те ново регистрирани занаетчиски дејности во Регионалната комора во изминатата година.  Ова е рекорден број споредено со  изминатите 6-7 години, вели претседателот  на  Регинаолната комора Сашо Богоески. За зголемување на бројот на ново пријавени занаетчии  претседателот наведува бројните бенефиции кои занаетчите ги имаат почнувајќи од износите за сметководствени услуги или плаќање на ѓубре. Покрај  ова Богоески ги додава и неколку клучни проекти, како што е на UNDP ...

Продолжи со читање

Снегот и мразот го оставија сметот пред повеќето охридски домови

Post Views: 157 Сметот од пред охридските домови остана пред дворовите, обесен на оградите или во неподигнатите контејнери. Скоро една недела службите на Комуналец не го подигаа отпадот. Граѓаните се во недоумица дали воопшто да го вадат пред домовите во термините кога вообичаено сеп одигнува или не. Од Комуналец за состоојбата велат дека биле  принудени да го одложат подигањето на отапдот заради тоа што дале приоритет на  расчистување на снегот и мразот.   Од јавното претпријатие информират дека од денес  ќе се обидат да воспостават вообичаен ред.   Комуналниот отпад ќе почнат да...

Продолжи со читање

„Чорбарите“ по 11 години дружба станаа „ чорбаџии“

Post Views: 161 Осуммина пензионери, поранешни колеги од Застава, низ смеа за себе велат од чорбари станавме чорбаџии. Тихомир Арсовски, Зимониќ Љупчо, Китрозоски Славе, Христоски Бранко, Тодороски Стојан, Митроски Радован, Велоски Злате и Иван Белазелков, 11 години, секој понеделник, се состануваат на утринска чорба во ресторанот Европа. Поранешните колеги на тој начин се дружат и го продолжуваат пријателството. Оние кои не познаваат ни честитаат,  но немаат сила да не копираат, раскажува низ смеа Бранко Христоски еден од членовите.„Ние мислиме дека тоа копирање би било корисно за...

Продолжи со читање

Охрид блокиран со првиот снег

Post Views: 154 Блокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се...

Продолжи со читање

Наскоро ќе се знае кој ќе постави лизгалиште на охридскиот плоштад

Post Views: 157 За помалку од една седмица ќе се знае кој ќе стопанисува со лизгалиште на плоштадот. Локалната самоуправа годинава објави оглас за издавање на 300 м2 јавна површина,  на која треба да се постави лизгалиштето.  Лани проектот лизгалиште во јавноста  подигна многу прашина. Овој пат, Советникот од опозицијата Дејан Блажески на новата процедура и објавениот тендер гледа со одобрување.„ Интересен момент е тоа што се промена од лани дo годинава, за годинава, да има вака процедура  пологична  за мене, во формите на правилата и прописите, за разлика од лани кога постојано жонглиравме...

Продолжи со читање

Во Охрид се намалува злоупотребата на пиротехнички средства

Post Views: 163 Повреди на очи, откинување на дел од прсти,  сериозни повреди на рацете, но и други делови од телото  најчесто се добиваат  од употреба на пиротехнички средства.  За да се спречат вакви слични повреди, од СВР Охрид од отсекот за превенција,  спроведуваат и оваа година трибини низ училиштата. Целта е да се подигне јавната свест за злоупотребата на пиротехничките средства за време на Новогодишните и Божиќните празници, напоменува Живорад Савиќ од отсекот за превенција. Савиќ напоменува дека се предупредуваат децата да не се користат во затворен простор како што се влезовите...

Продолжи со читање

Националната опера и балет со изведбата на најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски ќе го отвори годинешниот фестивал Охридско лето

Post Views: 206 Годинешното 61 издание на Фестивалот Охридско лето ќе биде свечено отворено со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски. Изведбата на Националната опера и балет ќе ги содржи балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавиц“, извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Во овој грандиозен проект ќе настапат 90 македонски уметници од Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во текот на 40 дена фестивалска програма ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, истакна Наташа Поповиќ...

Продолжи со читање